Зелениот е за акни мислам, ако за од истата линија прашуваш. Јас од таа линија имам користено серум и гел пилинг за лице, за тоникот немам искуство. Јас на лето ги користев затоа што тогаш имам помрсна кожа и супер ми беа.
Многу убав, лесен и одговара за секаков тип кожа. Можеби ако имаш баш сува кожа нема да ти е доволно хидратантен.
Првиот производ со хијалурон што го купив, презадоволна сум. За разлика од кремот од истата линија, кој не ми се погоди, хидраторов ми беше одличен за под крем. На влажна кожа се нанесува, и обавезно крем одозгора.
Јас го имам тој со 5 вида хиалуронска киселина кој нели треба да е уште похидратантен и искрено ми е жал за парите што ги дадов на него. Го користев на влажна кожа, па заклучував со крем значи ништо погрешно не правев и не осетив поголема хидратација. Плус @Biodevojka ми потврди дека составот е многу лош. Многу малку ми е потрошен и не планирам да му се враќам. Не брзај, иако е толку исфорсиран за тие пари може да си купиш подобар.
Сакав да се "оттарасам" некакп од мрсното лице и зедов young derm пена за мрсно лице и лосион за мрзно лице што згрепив, производите се супер но јас го пресушив лицето, требаше лосионот да го земам за нормална кожа.
Дали е добар тоников за лице? Се мислам да го земам, имам мрсна кожа ама гледам дека има алкохол во составот па затоа незнам
Супер е , можеш да го пробаш. Без алкохол е на Др.Конопка , со лаванда за мрсна кожа, и тој ми се допаѓаше
Бидејќи предмалку читав кај @Biodevojka за тоници на нејзиниот блог и дека е подобро тоникот да биде без алкохол и сега ме замисли ова малку
Тоа е нејзин став, ти како сакаш. Немам ништо против,само споделив искуство за тоникот. Второ шише трошам веќе и сум задоволна,во него има ниацинамид. Еве и таа го одобрува http://biodevojka.blogspot.com/2021/02/natura-siberica.html?m=1
Јас користам на Балеа и мене ми е погоден, ама не на секој му е добар на кожа тоник од Балеа. Овие на сликата се најпрепорачувани на форумов, особено првиот, зависно за каков тип кожа. Сликава е од Белина, ама во дм првиов го имаш, не сум сигурна дали имаат производи на Конопка.
Дали ви се јавува црвенило после нанесување на зелениот тоник од Сиберика? Се намачкав и лицето ми беше како од сонце изгорено.