Јас користам Дермогал и презадоволна сум! Го користам најчесто после вадење шминка и се мијам и со влажни и со сапун, со шо ти не и кога ќе се поминам до Дермогал на памукчето црнила. Го препорачувам на сите, а и не е скап околу 70 денари е во аптека.
Јас го користам Clear face на Rosal и е дефинитивно најдобриот лосион кој што сум го пробала.Кога имав најмногу проблеми со акните,тогаш брзо ми го исчисти лицето,не содржи алкохол што е супер и е навистина ефективен.Не е ни скап,околу 200 ден.Проблемот е во тоа што го нема секаде,јас на пр. го купувам во рамстор.Во еден период пред некои си 5 години имав голем проблем поради шишките ми се исфрла челото премногу,значи цело чело ми беше акна до акна.Грозно.Тогаш решението беше да ги тргнам шишките и го користев Green Line лосионот за нечиста кожа.И лицето целосно ми се исчисти,дури денес немам ни флеки и дупки во лицето ама кога го купив пред некој месец само ми ја вложи состојбата,поради алкохолот ми се мрсеше кожата уште толку и од тогаш-никогаш повеќе нема да го купам
Сега го купив лосионот на Јанг Дерм и кремата за после лосионот. Малите мозочиња се тргнаа а овие големи спламнаа. Ми се допаќа сега за сега за понатаму ќе видиме.
Мене ми е чисто лицето и мислам дека немам потреба да користам некој лосион. Но кога сум пред добивање менструација ми излегува некое мозолче,ама не она црвено како акна.Ама сепак ми излегува,на челото и тоа. Е сега сакам да прашам дали така кога сум пред добивање,да почам да користам Хлоракол или некој друг лосион?
Не,не мора да користиш лосион само пред менструација,ако го кори9стиш користи го постојано,но затоа можеш да користиш рол-он за мозолчиња.Има во ДМ,Космо,а и по Авон и Орифлејм.Јас го имам тој од Балеа,од ДМ и е доста ефективен,а и пакувањето трае,јас мојот го користам скоро секој ден,а го имам веќе 4 месеци.Или пак купи си крема или гел и нив користи ги ама најубаво е со рол-он.
Го истрошив Јанг дермот и сега купив Хлорамфеникол, убаво ми мириса, а за дејство ќе видиме за неколку дена ќе пишам пак како сум задоволна. Од аптека го зедов за околу 100 и нешто денари.
Го препорачувам на сите Green Line лосионот ми го исчисти лицето сосем сега користам една друг италјански ама од овој не сум задоволна баш
Многу сум задоволна од лосионов, само пофалби имам, ми ги исуши големите мозолки и скоро исчезнаа, лицево ми е каде каде почисто од ко почнав да го користам. Конечно најдов нешто што ми одговара.
Најзадоволна бев од лосионот на Леа. Во периодот кога го користев цело лице ми беше нафрлано со ситни мозолчиња, буквално цело. Многу брзо ми се повлекоа ама па од друга страна цело лице ми се лупеше. Е не може две добра. Дермогал не е лош, не забележувам некои подобрувања од него, но барем знам дека после миење сум го исчистила со уште нешто. Хлорамфеникол за моето лице е ужасен. Последниов пат кога почнав да го користам забележав дека уште толку ми се нафрла, мозолчињата беа поткожни, болни. Сега не користам никаков лосион, морам некое време да го одморам, но се мислам после тоа што да земам. Без лосион не се може, особено кога кожата е склона кон акни.
^ Марамке, оди до Yves Rocher во Сити Мол, и најди си го тоникот кој ќе ти одговара. Не се скапи, околу 230 денари беше тој за ревитализација на кожата, а е су-пер
Дермогал е најдобар-сега тој го користам и навистина ги снемува црнките од него (јас пошто имав кај носот) го користам пред нанесување на крема на лицето наутро и навечер дека сум печена за на третман сум
Јас го потрошив Дермогалот и сеа си земав Хлоракол.До сега е добар,ги смирува бубуличките,ама за понатака ќе видиме.
Јас се мислам дали да земам Хлоракол или Хлорамфеникол. Што е разликата ме интересира и кој е појак? Да не ми се направат лупешки, па да пекам после. Хлораколот го имам користено, ми прија, ама нема нешто ептен добри ефекти - барем мојот случај беше таков. Некако повеќе сум за тој вториот, ама ми фуфка.
Општи прашања Незнаев каде да го сместам прашањево, но да прашам, купив од Грција еден лосион за лице Далацин Ц, но незнам дали се користи исто како и вие нашиве хлоракол, дермогал... бидејќи шишенцето е многу малечко а и декларација само грчка има ?
Општи прашања гелче е така? јас го користам и секој ден и посакувам се нај нај на дерматологот мој што ми го кажа лекот. многу помага, прво ми рече да го ставам на цело лице околу две недели па потоа само на зафатените места, и за два три дена ми ги снемува бубуличките. треба пак да го нарачам ама сега немам од кај
Општи прашања Не не , и јас го имам гелот ( многу е добар ) но ова е лосиончето, едно многу малечко шише.Ке се обидам деновиве да преведам нешто од декларацијава. Ако не, ке го користам како и останатите што сум ги користела.Само ме чуди што сите лосиони се како вода, а овој е како млеко, бел и кремаст за жал во Македонија ги нема, јас ги набавувам од Грција
Општи прашања Го имав лосионот многу одамна, зашто се погоди баш тогаш од гелот да нема залихи. Врска немаат едно со друго, гелот е милион пати поефикасен (барем мене ми беше). Лосионот го фрлив по 2-3 пати употреба. Инаку јас на идентичен начин ги употребував и двата, мала количина на исчистено лице и два пати дневно.
Сакам да прашам нешто, значи вака имам 14 години и лицето ми е проблематично, па така почнав да го користам лосионот и гелот Леа, и едно кремче од Докторс и незнам дали прво треба да се нанесе лосионот или пак гелот.Благодарам.
Овој лосион на Росал уште ли е добар како порано? Јас многу многу одамна го имам користено, тогаш ми се покажа петка заедно со кремчето, но откако им ја сменија амбалажата како и составот да е променет, па така кремот не ми заврши речиси ич работа, а лосионот не го ни купив поради страв да не фрлам пари на празно.