Препорачајте ми некој лосион за црнкиве, користев Дермогал, немаше некои резултати, ама сега откога ми се потроши уште толку ми се појавија, некој ефикасен како да ги исчистам?
За црнките не ти треба лосион, ами добар пилинг за длабински да ти ја прочисти кожата. Ако не ти се даваат многу пари, пробај го оној на Докторс. Многу е ефтин, со мирис на праска чинам беше - не се сеќавам добро, одамна го користев. Ако не ти се допаѓа тој, имаш најразлични - Clean&Clear, Нивеа, солиден избор има од каталозите на Авон и Орифлејм или пак Неутрогена.
Јас како лосион за лице го користам на Lea и добар е можам да кажам дека ми делува а кога ќе ми снема ја користам маската на докторс како гел е и дефинитивно има резултати
А може некој да ми одговори како се користи гелот за лице, дали треба да се измие лицето со гел или пак после лосионот, гелот да се нанесе на лице и да не се мие? Ви благодарам однапред.
Разликата е произведувачот, генеричко име вклучувајќи го и составот на самите лосиони, се исти. Препорачувам Хлорамфеникол, како по докажан, овој вториов е копија на Хлорамфеникол, кој не велам дека не е ефикасен како него, но ете Хлорамфеникол пак ќе кажам, поиспробан и подокажан.
Јас би ти го препорачала Хлоракол, мене многу ми помогна, а Хлорамфеникол земав еднаш и ништо не ми помогна. И пак се вратив на Хлоракол.
Неодамна си купив лосион на Doctor's. Имав прилично поделено мислење во однос на квалитетот на нивните производи, затоа што кремите не ми одговараа во никој случај, а ете сапуните ми беа прекрасни и имав убави резултати додека ги користев. Го купив од маркет, ми падна во очи поради цената - цели 70 денари за 250 ml, па си реков да го земам и да му дадам шанса. Изгледа ова ќе да е некоја нова колекција т.н. Plantago или ? Лосионот, т.е. тоникот се наоѓа најдесно на сликата. Наменет е за секаков тип на кожа, со што дефинитивно се согласувам - го тестиравме и на сува кожа, па одлично се покажа. Дава добра хидратација и по миењето со сапун поминувам со тоников и лицето го чувствувам толку меко, што немам потреба да мачкам креми кои не ми помагаат при хидратацијата, ами само ми ја мрсат Т-зоната. Мириса нежно, убаво вади шминка и што е најважно - кожата не пројави никаква негативна реакција од него. Јас дефинитивно го препорачувам, а исто така во план сум мрсното Бекутан млеко да го заменам со тоа на Doctor's, ама отом потом.
^ Не е ова типичен лосион за лице, ами гелче за миење е. Јас веќе второ шишенце трошам и идеално ми е како за освежување на лицето и како замена за сапун навечер. Наутро мијам лице со сапун Дав, а навечер со гелчево. Мириса нежно, такво е и на лицето, ама не би го препорачала баш за сува кожа. Мојата е комбинирана накај мрсна, па ја чувствувам доста затегната по миењето и ставам крема. Нека сподели мислење некоја која има сува кожа, а го користела тоников - баш ме интересира како е задоволна од него. Јас сум презадоволна и ќе го порачувам додека го пуштаат низ каталозите.
Си направив еден домашен, преубав и едноставен лосион, што го изедначува тенот на лицето, и го препорачувам на сите. Варите чај од магоднос, јас не ставав одреден број китки, сами ќе си одлучите, потоа го оставате да се олади и нанесувате насабајле и навечер. АМА, не го користете повеќе од 5-6 дена, односно правете си нов лосион, не чини многу да стои.
Јас користам хлоракол...Немам акни ниту некои проблеми со кожата и ми е супер пошто длабински чисти...Имам комбинирана кожа а ми се чини дека за сува кожа не чини пошто сепак колку толку го суши лицето...
Користев Хлоракол долги години континуирано, но бидејќи немам некое проблематично лице, го ставав само на местата каде што ќе забележев по некоја акна (особено пред циклус ). Во последно време забележав дека почна премногу да ми ја суши кожата. На местата каде што имав поминато со него, утредента ми се познаваа суви делови. Решив да го сменам со некој помалку агресивен, а кој сепак ќе си ја врши работата кога ќе се појави неочекуван „гостин“ на лицево па го земав Дермогал. Веќе 2 месеци го користам и ептен, ама ептен сум задоволна. Преубав ми е, совршено ми одговара, не ми ја суши кожата и најбитно - делува врз акните и црнките. Сега си го ставам на цело лице, само навечер бидејќи немам потреба по два пати на ден да го користам, и одличен е. Далеку поблаг од Хлораколот, а еднакво делотворен и плус, со преубав мирис (за разлика од Хлоракол кој корне на алкохол ). Го препорачувам на сите со комб. и масна кожа кои немаат некои посериозни проблеми со лицето, во смисла акни и иритации :up:
Јас го користам гелов од Авон, и имам сува кожа и исто сум презадоволна. Мене ми е веќе 3 шише. Го ставам 1 дневно, најчесто насабајле кога се спремам за на факултет и го оставам да отстои некои 2-3 минути на лице пред да го измијам. Го измивам со сунѓерче за лице и дава прекрасен ефект. Го омекнува лицето, а кога ќе се измие со сунѓерчето се отстрануваат и тие мртви клетки на местата каде што се лупи кожата. Одлично доаѓа на лицето пред да ставам пудра и шминка. Исто го користам и при една маска (ако не се лажам Mishela од тебе ја прочитав ). Го ставам гелов на лице и одозгора ставам шеќер и го тријам лицето. Беше пишано со сапун, но мене сите сапуни ми го прават уште посуво лицето, а со гелот дава екстра ефект. (или јас како што си викам: ефект на бебешко газе ). Инаку јас го препорачувам тоникот на Sattwa со колаген на Алкалоид. Убаво го чисти и омекнува лицето, а и нема некој мирис. Мене ми е откритие на годината тоникот.
Едно чудо од доктор Шелер ми е незаменливо, како млеко за чистење на лицето од шминка. Огранско е, пренежно е, одлично отсранува шминка и нечистотии. Претпоставувам дека се вклопува во темава, еве сликичка од него и чини околу 500 денари. Има и гел за миење лице од истата линија. И како тоник за лице, користам на Лавера моментално, исто органска козметика. Наменет е за чувствителна кожа и го чувствувам препородено лицето кога ќе нанесам. Нанесувам навечер одокако ќе измијам лице и неколку минутки пред да ставам крема за лице, само нежно поминувам со памукче и веднаш ми се освежува лицето. Има пријатен свеж мирис. Чини околу 800 денари.
И јас како Мишела имам мрсничко лице т.е Т-зона. Тоников,лосионов,гелов што и да е е предобар значи. Евтин а одличен,морам и јас да го испофалам. Да ми се дотроши ќе си порачам пак.