Девојки, мене ми треба лосион или тоник - како и да е, но да нема алкохол во составот зашто иако имам мрсна кожа таквите лосиони ми се многу агресивни и ми прават проблеми со лупење и суви области. Би сакала да си купам некој нежен, првенствено за освежување и доотстранување на нечистотиите од лицето. Немам некои којзнае какви проблеми со акни, периодично се нафрлам доста, периодично имам прилично чисто лице, па предложете нешто. Ми се потроши овој од Doctor's кој патем ми беше прекрасен, ама не можам да го најдам никаде и сакам да сменам малку. П.С. Јас се мислев дали да земам Neutrogena или Nivea - слични беа со цените, но немам користено нивни лосиони и не би било лошо да пишете три-четири збора ако ги имате користено.
Јас го користев на нивеа еве овој Спојлер ама ич не ми се погоди, кога ќе поминеш со памукчето тоа си останува бело воопшто ништо не чисти, не го ни дотрошив. Инаку за неагресивен мене ми беше океј оној на Балеа Спојлер исто и Дермогалот.
Сестра ми го користи овој пишува дека е за сува кожа . Јас имам мрсна кожа ама баш вчера го пробав и супер ми се виде. Од истава линија имаат и за мрсна кожа , се мислам да си го земам , 150 ден мислам е .
Јас имам на Неутрогена, Визибли Клир што е за црнки демек, овој Не го користам интензивно, секојдневно, има алкохол, јак е, ама и мн добро чисти. За тоа што ти треба... нема да ти се погоди така да, не знам за др на Неутрогена, ама овој немој не би го препорачала за редовна употреба
^ Триста и некој денар е. Инаку фала ти многу Кравче, јас баш на овој лосион мислев ама штом е таква ситуацијата го тргнувам од список.
Мишела, јас сум презадоволна и од Cliven Нема алкохол во составот, а мирисот му е многу пријатен. Содржи екстракти од липа и алое вера.
И јас го користам овој. Не можев да се одлучам помеѓу овој и тој од Гарниер од роза, па овој го зедов само поради мирисот . Пренежен е, не го суши лицето а ги остранува остатоците од шминката. Следно ќе си го земам и млекото за лице од истава линија
после многу сменети тоници кој ми го пресушуваа лицето(имам комбинирана кожа) ,конечно од овој сум задоволна, не содржи алкохол,не го суши и убаво го чисти лицето
Си купив тоник од Јанг Дерм за нормална до комбинирана кожа. Има и лосион за мрсна кожа. Мене ми е ок тоников. Ми ја вади нечистотијата од лицето и кожата ја чувствувам затегната. Кратко време го користам, па не можам да кажам дали има изразено добри или лоши ефекти.
Која цена е Cliven лосонот? Гледам две феминки го пофалиле дека не содржи алкохол што е добро за мене бидејќи имам сува кожа. И дали го има во поснабдените маркети?
Јас имам мрсна Т-зона и многу се нервирам кога ќе ми светне лицето или наутро кога ќе се разбудам. Се мислам дали да го земам овој Не знам да не го суши многу лицето, па после некое време ќе почне да ми се лупи. Така земав еден од Авон, за црнки божем, ама многу печеше и ми се лупеше на некои места кожата. Стварно значи, ужас е комбинирана кожа. На едно место мака мачи со маснотии, а образите пак суви.
имам едно питање ...може глупо звучи ама ако може некој да ми каже што е разликата меѓу лосион и тоник или истото е тоа? и кое од нив се нанесува па се плакне лицето после тоа??..стварно врска си неам дека никогаш до сега не сум користела а баш сакав тој тоникот од Cliven да си го купам за вадење шминка ама ај викам прво вас да ве прашам
Јас имам една препорака за оние со малку позрела кожа, да не кажам повозрасните како мене Линијава Cera di Cupra одамна ја слушам од една колешка која некое време живеела во Италија. Користела скоро се од нив и беше презадоволна, арно ама на времето ги немаше тие производи овде. Сега има во Космо. Си земав млеко и тоник за лице, за позрела кожа. И двете се по 169 денари, од 200мл. Цената им е одлична. Некако ептен им се мислев дали да ги земам или не, обично не менувам производи за лице ако ми се погодат, ама се решив заради цената и препораката на колешката, и дефинитивно останувам на нив, засега се одлични :up: Кожата на лицето ми е нежна, мека и мазна. Топло ги препорачувам
Воопшто не ја суши кожата, јас веќе 2 месеци го користам и презадоволна сум! Убаво ја чисти кожата, а во сличај да ти ја суши после тоа можеш да ставиш крема и толку, башка мене и преубаво ми мириса. А овие од авон е џабе фрлање на пари, јас го купив лосионов за 125 ден. од аптека.