Пренежен е со кожата, воопшто не ми ја иритира, суши ниту пак лишаи ми создава, а сепак ги одстранува нечистотиите и остатоците од шминката. И долго трае, јас го имам веќе 3 месеци и имам уште Единствено што не ми се допаѓа е што е малку леплив по нанесување, но тоа чуство се губи после нанесување на кремата.
девојки да ве прашам, лосион за лице се нанесува после измиено лице или додека ја отстранувам шминката ??
^ Нa секој како му одговара. Ќе опишам како јас го користам (па и процедурата за чистење на лицето). Ретко го мијам лицето со сапун бидејќи сапунот ми ја иритира и воспалува кожата на лицето. А и пените и геловите за чистење не ми одговараат. Наутро откако ќе се измијам со вода, користам многу благ лосион и потоа нанесувам крем. Лосионот наутро и не мора бидејќи лицето е веќе чисто и само оние со мрсна кожа е убаво да го користат. Навечер ја отстранувам шминката од очите со отстранувач и потоа со благ лосион ја отстанувам и од лицето. Го мијам (повторно само со вода или евентуално со пена) и за крај користам некој појак лосион и нанесувам крем. Ова доцна го гледам, ама сепак ако уште немаш купено, да те известам Doctor's ги имат променето амбалажите па може затоа да не можеш да го најдеш. Ги има по аптеките. А за поблаг лосион ти го препорачувам на Ziaja од камилица (а добар е и тој со екстракт од краставица). Убаво мириса, убаво чисти и не го иритира лицето. Нема алкохол. И јас имам мрсна кожа која многу лесно знае да ми се воспали ако користам појаки производи.
Omnia, да знаеш дека ми дојде како порачана. Овој против акни ми е при крај, а не сакам повторно да купам таков и ќе го чувам само за во кризни ситуации, па ќе го ѕирнам овој на Ziaja со екстракт од краставичка. Некако тоа ми е состојка број еден кога се работи за продукти за мрсна кожа, а и не се сомневам во квалитетот зашто Ziaja ми се нешто веќе испробано. Ќе пишам импресии ако го купам во скоро време. Фала ти ептен.
Го има ли некоја феминка користено Кливлен тоникот за лице? Пишува дека е безалкохол,ама се плашам да не е прејак ,за мојата пресува кожа и да ми прави лишаи. Еве за овој тоник зборувам.
Го сменав лосионо, сега користам Хлорофиниколор и многу ми помога за разлика од Хлораколо, имам чисто лице, само под устата ми се прават, ама поретко, не често.
Се мислев деновиве дали да го земам на Клиник лосионот за мрсна кожа,ама бидејќи моментално не ми се даваат толку пари за лосион а и во Гр поевтино ќе го најдам , го земав на Еуцерин за 500 ден од аптека , вчера го пробав првпат и задоволна сум како ги вади нечистотиите на лицето
Сакав да го пробам на Neutrogena лосионот за лице против црнки и слични нечистотии, башка ми се гледаше и у реду цената, 300 и некој денар за 200 мл. Го купив пред 2 недели и малку се разочарав. Не сум сигурна дали ми е од лосионот - не сакам пред време да зборам, ама паралелно со негово користење почнаа да ми излегуваат премногу брумчиња, црвени и големи во пределот на образите каде правам контура со шминка, кои болат ненормално многу. А можно е и да ми е од други работи во кои се сомневам, пример четки за шминкање, тие ми се прилично сумњичави. Го користам секоја вечер пред да си легнам, го нанесувам со памукче насекаде низ лицето и вратот, и сметам дека е перфектен за мрсна кожа, затоа што ги отстранува сите мрснотии, а поради алхохолот и темелно ги вади остатоците од шминка. Ќе пишам повторно за месец дена, баш ме интересира што резултати ќе има.
anabela-a И јас сум заинтересирана за овој лосион за лице.Имам масна т-зона и би сакала да знам дали ја отстранува нечистотијата и го прави мат лицето.Не знам исипот на лицето дали ти е од лосионот,но од четките за шминка веројатноста е поголема.Имам некоја алергија на тие влакненца и појава на пецкање,јадеж и црвенило,така што не ги користам.Можеби и кај тебе е сличен проблемот. Чекам да пишеш за лосионот по подолга употреба. Поздрав
Го користам овој лосион засега сум задоволна убаво и темелно го чисти лицето не е скап околу 100ден мислам беше и ми мириса прекрасноо на лимета инаку е за комбинирана кожа
Да јас го користев и многу сум задоволна,убаво го чисти лицето и е многу благ т.е без антибиотици и јаки хемикалии. Ако немаш многу проблеми со лицето секако земи го,и јас малку се одмарав па ќе му се вратама
Јас го користам тоникот на nivea aqua efekt заедно во комбинација со pure and natural хидратантна крема на Нивеа.Почнав пред една недела па ќе видиме какви резултати ќе има.Ги има ли некој користено да ми каже мислење?
Ве читав девојки и се решив, го земав прееска Дермогалот Бидејќи досега не сум користела тоник би можеле ли да ми кажете како да го употребувам?? На паковањето пишува лицето да се чисти со памукче и тоникот наутро и навечер, но претходно дали треба лицето да ми е измиено со сапин, некоја крема дали треба ставам и така.. Благодарам однапред
Во СП Маркет купив од Doctor's лосион против акни од камилица- антибактериски пишува. Неможам на нет да најдам слика незнам зошто. Дали некој го користел? Не очекувам чуда, да ми ги снема акните ама дали барем малце помага против црвенило и слично?
Би требало некој од првите да е. На оваа страна ги има производите од Doctor's http://businesshouse.com.mk/.