имам нормална-комбинирана кожа,осетлива и веќе еден месец постојно ми излегуваат акни.сум пробала повеке лосиони кои порано ми одговараа но сега не(дермогал,хлорамфеникол,еуцерин).сега се мислам да ги пробам лосионите на clean and clear,се мислам меѓу blackhead clearing или deep cleasing lotion .ако има некој ги користено ве молам да ми кажете мислење
Препорака за тоник за лице против црнки по можност да не е некој поблаг . И да не е од авон или орифлејм ?
Blackhead clearing не е за осетлива кожа бидејќи е премногу јак и најчесто го користат од оние кои имаат мрсна кожа. Доколку немаш проблем со црнки, нема протеба да го земаш тој.
Пробај го Pure nature лосионот за лице од Орифлејм, од рузмарин што е. На мене ми помогна многу, акните ми се исчистија многу. Но сепак зависи, на секаква кожа различно реагира. Најдобро штом имаш осетлива кожа разговарај со професионално лице, бидејќи секако не би сакала да ризикуваш.
ви благодарам девојки за одговорите само уште да прашам за тој лосион од орифлејм, дали jenniffer лосионот што ми го препорачуваш е гелот за миење лице со чајно дрво и рузмарин или некој друг?би сакала да го пробам затоа што имаат ми кажувано дека и чајот од рузмарин помага за проблематично лице може ќе ми одговара овој лосион
Еве го. Порачај си го од орифлејм, го има во секој број. На мене ми помогна многу, плус имам слушано добри критики за него од други.
Еве го. Порачај си го од орифлејм, го има во секој број. На мене ми помогна многу, плус имам слушано добри критики за него од други. [/quo фала ти ќе го пробам па ке пишам за резултати
Женски, ај предложете ми кој лосион за лице да го пробам? Се мислам помеѓу двата Па ако сте ги пробале кажете ми , јас имам мрсна кожа , овој на клиник знам дека е за мрсна кожа ама другиов на лореал незнам. Досега го користев на Еуцерин за сите типови на кожа, бев задоволна ама сега овде кај што живеам незнам каде да најдам Еуцерин производи.
Корицаки, овој од Лореал со розе капаче е за осетлива кожа, а за мрсна е тој со зелено на лепенката напред. Предобар е и лосионот и тоникот или што и да е таа зелената течност во другото шишенце, која патем и најинаетливата пудра или нечистотија ја вади беспрекорно. Јас ги користам и двете веќе неколку месеци и презадоволна сум од тоа како ми го негуваат лицето.
И јас го користам и презадоволна сум ..прво ке се измијам со ова..па после само на мозолчињата "ако ги има" ставам young derm лосион ама сум презадоволна и од двата производи Јас го имам овај и искрено имам некогаш сува некогаш мрсна кожа и само сменвам лосиони но искрено убаво е ова освезува но е само гел за миење на лице не е против мозолчиња и акни како што знам и плус нека казе тој што го има дали му се прави како вода кога го купив беше така средна нијанса ни густо ни течно но сега е како вода ..а рок на траење има ново ми е
Јас си го купив овој лосион , на попуст беше од 24 евра го земав 15 ќе го пробам па ќе пишам како сум задоволна
Не ги менувам веќе за ништо, т.е додека да се дочепам до Клиник тоникот за мрсна кожа по нормална цена, овие се измислени за мојата мрсотија. Ги користам и за вадење на шминка и општо за чистење на лице. Шминката посебно се вади до перфекција, а после млекото лицето е доволно хидратирано за да не мора да се шлапа креми дополнително. Само брзо се троши, максумум 2 месеци, со два пати дневно двојна комбинација, прво со тоникот, после со млекото. Али вредат секој денар. Освен цената се друго е чисто 5че.
Нешто предобро за чувствителна кожа! Ова е без алкохол, а има и во сино пакување за комбинирана и мрсна кожа. Инаку го земав некои 100тина денари, 200мл.
^ За истиов лосион од Balea. Одамна сакав да напишам неколку реченици. Лосионот воопшто не ја чисти кожата. Поминувам низ лицето со памук на кој претходно е нанесено од него и и покрај тоа што 2 пати повторувам, кога ќе употребам и некој друг лосион после ова, повторно излегува нечистотија. Што значи, само површински ја отстранува нечистотијата, а онаа која е навлезена во порите - си останува таму. Ова не мора да значи дека е само нечистотија, туку и шминка. Си стои таму додека не поминам со некој друг лосион. Не го препорачувам за постојано користење. Сега го користам површински да ја отстранам шминката и чистењето на лицето никогаш не го завршувам само со него.
Лосионов од нивеа го користам можда веќе 2 години, само овој го купувам го немам сменето од кога почнав да го користам. Сигурно најмалце 50 шишенца имам потрошено, е до толку го користам Супер чисти, не ја суши кожата, нежен е и е безалкохолен така што не мора да се грижам кога поминувам околу очите, некогаш кога имам малку шминка и ме мрзи, поминувам и на очите и под нив, воопшто не пече ниту пак иритира и прави црвенило. Сосем смирувачки делува на кожата. Мене ми е идеален, и мило ми е што не го расипаа после толку време.
Го нарачав лосионов па чекам да ми стигне . . Ако го има некој користено нека сподели искуства .За 110 денари го начекав oд "300" намален .
Ми треба некој лосион за чистење на лице, за секојдневна употреба. Го користев Хлорамфениколот неколку години, со паузи и само тој ми помагаше за ново настанати мозолчиња, црнки и сл. Му ја сменија амбалажата, составот и најмалку од се` чисти. Кожата ми е нормална кон мрсна. Се мислам од Нивеа разгледував еден лосион за чистење и против црнки беше, слика не можам да најдам.