Имате користено некој од овие производи? Ги видов на реклама во Космо списанието,а вчера ги забележав и во Веро,па ми паднаа во око. Како сте задоволни? Прашањето ми е несоодветно за темата,ама не знаев каде да прашам.
Другарка ми ја користи ББ кремата против црвенило и тоа е едиственото нешто што и' помага против розацеата и не и' ја иритира кожата уште толку. Презадоволна е, особено сега откако ги донесоа производиве и кај нас, инаку претходно знам дека ја нарачуваше ББ кремата од Бугарија. Јас лично немам пробано ништо од производиве, но би пробала, особено некој производ како гел за миење лице (ако има такво нешто) или мицеларната вода. Инаку, Mixa има и во ДМ, баш ги гледав и цените им се малку соленки (ама сепак прифатливи), па се надевам дека вредат. Ете, јас познавам еден задоволен корисник, сега за сега
Користам и лосион за лице и тоник. Лосион дермогал и го ставам пред спиење откако ке го исчистам/измијам лицето. А тоник сабајле исто откако ке го исчистам лицето. Инаку имам комбинирана кожа. Колку е ова правило? Премногу да не е и тоа и тоа?
дали некој го користел црвениот и колку сте задоволни? Јас го користев зелениот на времето многу одамна уште кога се појавија на нашиот пазар, и дали од летото (пошто тогаш ми е посмирена кожата) дали од климата што ја сменив бев задоволна. Не очекувам чуда ама ми треба нешто што додатно ќе ми ја вади нечистотијата после миење оти сапунчето не мие се. Го „отепав“ лицево со хлорамфеникол и време е да одмори стварно, веќе ми е страв да го користам.
Одамна се мислам да напишам неколку зборови за дел од лосионите кои до сега сум ги користела или ги користам. Овој пат тоа ќе биде за Clean & Clear blackhead clearing cleanser: oil-free. Се работи за лосионот во сино пакување кое моментално изгледа вака Пред да почнам да пишувам, ова е мое мислење и мои препораки. Не препорачувам интензивна употреба и употреба без паузи за ниту еден тип на кожа. Не е наменет за оние кои имаат сува кожа, но бидете внимателни и оние кои имате комбинирана кожа. За оние со комбинирана кожа: користете го само на деловите кои им треба прочистување на митесерите или акните, а тоа најчесто значи т-зоната. Ако го користите на делот каде што нема потреба, дополнително ќе ја исуши кожата. И оние со масна кожа - користете го (пример) 2-4 недели и потоа направете пауза и користете некој поблаг лосион. Ова е препорака бидејќи негативните ефекти не можете да ги забележите додека го користите интензивно. Јас имав масна кожа која се промени во комбинирана. За ова продонесе користењето на влажни марамици (мојата најголема грешка), а дури потоа следуваше и лосионов кој го употребував интензивно и без паузи. Лосионот сам по себе не е страшен и нема потреба да го избегнувате од употреба, но внимателно со претераната употреба (зборувам за употреба на неколку последователни пакувања без паузи на одредено време).
Феминки Cliven лосонот за каква кожа е наменет, и ќе ве замолам да пишете некој испробан лосион кој е за пофалба, стварно ми се смачи да купувам најразлични лосиони а од ниту еден немам никакво подобрување на лицето.
Овој на вистина незнам какоф е не сум го пробала а имам слушнато.... Јас користам лосион LEA претежно е наменет за секаков вид на кожа.... јас сум премногу задоволнанавистина мнг ми помогна лицето не ми е како порано има ептен голема промена и моја препорака за тебе е и за сите што имаат проблеми со лицето нека го пробаат 200 и некој денар е го има во сите аптеки а го имам сретнато и во некои маркети ...
Здраво девојки! Имам комбинирана кожа и доста осетлива... Често ми се појавува црвенило и не знам како да се справам со тоа... Дали можете да ми препорачате некој поблаг лосион.
Јас го имам користено на Биотен за сува и осетлива кожа и сум презадоволна, пробај го би требало да ти одговара.
Девојки да ми препорачате понежен лосион или тоник - но да нема алкохол во составот зашто иако имам мрсна кожа, таквите лосиони од типот на хлоракол/дермогал ми се премногу агресивни и ми ја сушат и перутат кожата. Бев намерачена на Неутрогена и евентуално Клинендклир, но откако ја исчитав темата се двоумам. Периодов немам некои којзнае какви проблеми со акни, имам прилично чисто лице, па секој предлог е добредојдем. Го потрошив овој од Авон, кој патем ми беше прекрасен во комбинација со гелот 3во1, ама не можам да порачувам и да чекам, а сакам и да сменам малку.
@sia.bella Го имам користено, не е агресивен. И јас имам прилично чисто лице, па ок ми беше. Не се сеќавам на цената, лани го користев, ама не беше скап.
Еве некоја поскапа, поблага варијанта од лосионот со клиндамицин на Леа. Јас не сфаќам што е разликата меѓу лосион и тоник, значи овој тоник ми е замена за тој лосион. Незабележително помалку го чисти лицето од Клиндамицинот (јас тој го имам користено, не можам со дермогал да споредам, но мислам дека се многу слични), а е многу понежен од овие јаки на алкохол и хемикалии лосиони.
Ај да ве прашам нешто...Веќе една недела користам Хлоракол два пати дневно само на местата каде што ми излегуваат акни ама постојано се појавуваат и нови.Или не ми одговара или незнам што е работава.На места се исушија акните ама останаа флеки од истите.И колку време од прилика се користи зашто гледам дека е со антибиотик па верувам дека не треба долго време да се користи.