Нема потреба да местат да не се падне, статистиката е на нивна страна. Ако мислите дека имаат корист од местење да не се падне, сте скокнале неколку часа математика. А за на кого ќе се падне, тоа може да местат. Зошто да не. Макар да јас знам човек на кого му се има паднато седумка, тоа чиста среќа беше
Можеби местат,можеби не. Можеби е до чиста среќа.За оној кој нема среќа да добие 6 или 7,секогаш е местено.
Мене друго не ми е јасно, зошто наместо десет минути, тие ставиле шеесет минути простор пред почетокот на лото? Лотото започнува во 20 часот а смее да се уплати најдоцна до 19:00 часот. Што ли прават во тие 60 минути?!?
Јас уплатив денес лото за во Среда па се надевам на некоја добивка ( на пример 7 ка на лото, главната добивка да ја добијам хахаха), надежта последна умира. Уплатив три комбинации лото од кои две беа мои а другата беше автоматска компјутерски и еден џокер. Купив и многу грепки, се потрошив многу пари ама ништо не ми падна, посебно се заразив на онаа новата Аладинова лампа.
Со колку најмногу бројки заокружени во една колона можеше да се уплати лото и колку пари е тоа?? Мислам дека беше 10 броеви ама не сум сигурна?!
Здраво, добив 4ка на џокер мислам дека беше околу 6000 и нешто е сега сакам да прашам доколку знае некој дали може да ги земам парите од трафиката или морам да одам во Скопје?
Јас знам жена што си пополнила ливче и мислела дека го уплатила односно го затурила некаде и заборавила да го уплати, па така 7цата и паднала во вода. Иначе да, не верувам дека пред секое извлекување ги местат бројчињата, туку ги местат коа некој треба да добие. Играм, не стално, зошто знам дека не сум таа среќа да добијам, а и мн пари ќе ми дојдат хахаха.