Зошто не можам да се регистрирам на државна лотарија? Сакам онлајн да уплаќам лото, ама не можам никако да се регистрирам. Плис хелп ми
Jas igram online i super e Samo sakam da naucam so e poentata so skraten sistem ??? ako znaj nekoj da mi kazi kako odi ???
Јас прееска се регистрирав, ама не ми е јасно како да уплатам пари за да можам онлајн директно да играм?
Кликни на твоето име како што си регистрирана после оди на уплати/исплати па после оди на изврши уплата и оди на плаќање со платежна картичка и тука ставаш сума не помала од 300 денари
Ако си скроз лаик за скратени системи многу е потешко да ти се објасни вака преку тастатура. Ако не те мрзи читај па прашај ако има нешто нејасно Одбирајќи игра со полн систем се избираат сите можни комбинации од седум броеви кои се дефинирани со броевите кои се одбрани и одиграни. Пример: доколку е одигран полн систем од 10 броеви, тоа значи дека се одиграни сите 120 комбинации од 7 броеви (број на извлечени броеви во играта), (120 комбинации х 20 денари = 2.400 денари). Зависно од одбраниот систем, доколку се погодени сите 7 броеви, полниот систем гарантира една добивка од прва категорија на добивки (добивка со седум погодоци), а дополнително полниот систем овозможува и помали добивки во зависност од полниот систем кој е одбран и одигран. Скратените системи ги немаат сите математички можни комбинации од одбраните и одиграни броеви кои учествуваат во играта, туку играат односно учествуваат само оние комбинации кои се дадени односно дефинирани во самиот скратен систем кој е одигран. Пример: доколку е одигран скратен систем од 10 броеви (БР. на СИСТЕМ – 17), тоа значи дека се одиграни 17 комбинации од 7 броеви (број на извлечени броеви во играта), (17 комбинации х 20 денари = 340 денари). Предноста на скратените системи е во тоа што може да се учествува во играта на среќа Лото со далеку поголем број на броеви, а при тоа износот кој треба да се уплати за скратениот систем е далеку помал од износот кој треба да се уплати за полн систем со ист број на одиграни броеви. Пример: полн систем со 14 одиграни броеви има 3.432 комбинации (3.432 комбинации х 20 денари = 68.640 денари), а скратен систем кој гарантира добивка со 6 погодоци од 7 погодени броеви има 100 комбинации (100 комбинации х 20 денари = 2.000 денари. Во играта учествуваат само оние комбинации кои се дадени во самата дефиниција на одбраниот скратен систем. Понудените 24скратените системи поделени се во три групи и тоа: а) Системи кои гарантираат добивка со 4 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 1 до 9), б) Системи кои гарантираат добивка со 5 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 10 до 16) и в) Системи кои гарантираат добивка со 6 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 17 до 24). Во системот (електронскиот запис), означените и одиграни броеви во комбинација од скратениот систем впишани се по аритметички редослед. (Пример:ако е одигран скратен сиситем со 10 (десет) броеви (БР.на СИСТЕМ 17), со вкупно 17 одиграни комбинации, а одбрани и изиграни се следните броеви 3,5,9,10,17,22,25,28,31 и 37, тоа значи дека во одиграната прва комбинација во системот како прв (1) број означен е првиот најмал број што е одигран, а тоа е (бројот 3), како втор (2) број означен е следниот по ред број кој е одигран, а во примерот тоа е бројот 5. Како трет (3) број означен е третиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 9. Како четврти (4) број означен е четвртиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 10. Како петти (5) бројот означен е петтиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 17. Како шести (6) број означен е шестиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 22 и како седми (7) број означен е седмиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 25. Тоа е првата од 17-те испишани и одиграни комбинации во системот и тоа 3,5,9,10,17,22 и 25.
Досега колку беше, одамна не сум играл Лото.... Ова заради војната во Украина поскапува Лотото? Мислам чиста логика.
20 денари Со години е толку. Зошто поскапува - не знам. Војната скоро година дена трае, што мајка ќе има со лотото. Ама ајде ете да спечали некој повеќе. Па уште нашишале за поголем фонд на добивки, џоа мислат на нас играчите. Повеќе ми одговара помала уплата и помала добивка, посекако никогаш не ќе добијам 7ка.
може некој да ми објасно полнсистем, исплатлив е или не погодив 4ка и сега сакам да уплатам систем се мислам дали полн или скратен милам дека полн е поисплатлив ? начин да ги остаам парите пак од 4ката т.е 300ден (да се реинвестираат) конкретно скратен систем БР.4 16 Бореви 11 комбинации или полн систем 8 бореви 8 комбинации ? Како се со добивки ?
Накратко кажано, со твојот систем бр.4 треба да пишеш 11 бројки. Ако случајно погодиш 7 броеви имаш сигурна четворка а за петка, шестка или седумка треба да се вклопат комбинациите, комплицирано е да ти објаснувам
А колку чини за полн систем уплата? Или тоа е по избор? Дека јас online играм и не пишува одреден износ. Претходната сабота четворка добив. Имам три, четири пати добиено четворка, повеќе од тоа не.