Лошата страна на основното, средното и високото образование

Discussion in 'Образование' started by Keanu_R.Wick, Oct 16, 2019.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Staff Member

    Joined:
    Sep 17, 2013
    Messages:
    14,190
    Likes Received:
    175,730
    Gender:
    Female
    Ах, заговори, заговори. |( Оти полесно е да чекаш 10 години за да напрајш пари место сега да одиш и да ги украдиш ако веќе до то ти е дојдено. За да има држава во која по 10 години ќе имаш да искористиш евтина работна рака, мора да обезбедиш претходно држава.
     
  2. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Joined:
    Sep 5, 2019
    Messages:
    576
    Likes Received:
    1,235
    Gender:
    Male
    Како сме тргнале, ќе стигнеме до тоа дека сѐ е розево.
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Staff Member

    Joined:
    Sep 17, 2013
    Messages:
    14,190
    Likes Received:
    175,730
    Gender:
    Female
    Требаше да знам во шо се впуштам штом тебе те цитирав. Ајде, друго нешто шо реков? Пошто јас не гледам розов свет али дур ми даваш зборој дај ќе ги голтнам. :^) Џизс. |(
     
  4. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2012
    Messages:
    350
    Likes Received:
    2,774
    Gender:
    Female
    Не би рекла дека е така. Во тој случај би се стимулирало техничко насочено образование, отколку изморени магистри, зошто првите се повеќе од корист на индустријата. Кај нас како и многу сфери, и образованието е запоставено и тромо. Повеќе би рекла дека партизираноста му штети на објективното образование, отколку дека има некоја задна цел. Впрочем кај нас образованието нема цел. Муви без глави. Од учебници, преку кадар, до ученици и родители. Ке разглобам и јас став, само да се натерам да пишам дооолго мислење :)
     
    Feminka192, Sejfullai and theowndemon like this.
  5. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Joined:
    Sep 5, 2019
    Messages:
    576
    Likes Received:
    1,235
    Gender:
    Male
    Партизираноста... Приметувате дека се променуваат влади, а неписмените просветни работници остануваат на работа? Нејсе тоа, туку голема сличност има и во јавната администрација. Како да некој сака тука да останат непродуктивни граѓани додека образованите мигрираат во понапредни земји.
     
  6. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2012
    Messages:
    350
    Likes Received:
    2,774
    Gender:
    Female
    Да не одиме оф топик генерално за јавна администрација зошто многу сум opinionated на таа тема, ептен ќе треба да ја развлечам :D

    И не се останати само непродуктивните во МК, многу способни луѓе знам што сеуште живеат тука. Секој има различни причини и мотиви дали да остане или да се отсели.
     
    Keanu_R.Wick likes this.
  7. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2012
    Messages:
    350
    Likes Received:
    2,774
    Gender:
    Female
    [​IMG]

    Најпрво, би сакала да напоменам дека не сметам дека образованиот систем во државава вади само неписмени и неспремни кадри. Напротив, веќе гледаме дека голем дел од нашите кадри се прифатени во светски рамки. Познавам многумина кои со завршување на студиите тука го продолжија својот пат во научно-истражувачка дејност на елитни странски универзитети, што зборува за тоа дека дел од луѓето тука сепак вредат. Дали овие лица дел од својата подготвеност ја должат на своето образование? Апсолутно да. Дали ја должат целосно на образованието? Апсолутно не. Обично ова се амбициозни и љубопитни луѓе кои на страна од образовниот систем, се труделе да се надградат себе си или си поставувале повисоки цели.

    Кога веќе го тргнавме тоа на страна, сметам дека образовниот систем кај нас е повеќе или помалку како и сите други сфери во државата: нефункционален. Не дека можеме да очекуваме образованието да цвета, кога сите дури сфери се на многу лошо ниво. Проблемот е системски.

    Прво и основно, немаме добар кадар. Не, не се сите професори незнајни и неспособни. Јас во моето образование досега, сум имала и прекрасни професори и наставници, од кои сум научила многу за проблематиката на предметот кој се изучувал, но и за животот. Но за жал, повеќето не се такви. Уште јас кога бев во школо, најголем дел од професорите буквално чекаа да им поминат саатите на работа. Како да очекуваме учениците да ни се мотивирани, кога и самите професори не се. Се поминува теоријата ноншалантно, се шкртка на табла за да ти помине часот, се диктира за да запишуваат учениците, а никој не им ја објаснува суштината на тоа што се учи. Ќе ја земам за пример физиката. Една од поопипливите науки. Наука за светот во нас и околу нас. Кога јас учев, се сведе на диктирање и запишување во тетратка, и учење на памет формули. Завршив школо веќе кога почнав да разбирам формулите што значеле. Нема кој да ти објасни. Не знам ни што учам, не знам ни зошто го учам. А толку е важно и толку е лесно да се сфати ако некој ти обрне внимание.

    Втора работа, учебниците и материјалите. Прво, јас никогаш не добив учебник пред ноември. Два месеци немавме учебници. Во септември им текнуваше дека нема учебници. Ај тоа на страна, бар во мое време (како баба се осеќам со зборовиве :rofl:) барем учебниците колку толку држеа вода. Овие примери од горе, со децава што се пипкале, не знам како поминале кај редактор. За лектори да не зборувам, пола учебници се со печатни грешки и неправилен правопис. Значи немаме добри автори, имаме уште полоши лектори и уште полоши редактори.

    Трета работа, родители и деца. Извинете, ама дури родителите ги тешат децава со "Е добро де, ќе иде на економски, не мора да е добар математика", децава ќе си земаат сила дека не мора да учат математика. Јас продолжив на природно-математички смер, па во ниту еден момент не ми беше кажано еј не учи ти социологија, што ќе ти е. Ќе ти треба и едното и другото. Основи се учат. Поттикнувајте ја љубопитноста на децата. Мотивирајте ги да учат. Дајте им пример зошто тоа би им требало. Немојте секогаш да одите на картата наставникот сигурно го мрази ученикот. Да има и такви случаи, ама тоа ќе го научи вашето дете да се бори во животот. Не ги правете со сила неспособни. Не ги тешете со "купени" дипломи. Ќе им треба да се самостојни во животот.

    Ја спомнав партизираноста подгоре. Се додека немаме казна и награда по заслуга и во јавниот сектор, како и во приватниот, за жал не гледам напредок во ниту една област, па ни во образованието. Со вака климави програми, грото незаинтересирани професори и немотивирани деца, за жал не изгледа добро.
     
  8. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Joined:
    Oct 10, 2017
    Messages:
    3,704
    Likes Received:
    14,012
    Gender:
    Male
    Сите сме свесни дека државата недоволно вложува во образование, наука, истражување....тапкаме во место. Јасно ми е каков е ставот на политичарите во однос на оваа проблематика, па затоа и некако не сум толку разочаран, сметајќи дека тие немаат доволно ментален капацитет да сфатат што НАВИСТИНА недостасува во образовниот систем, иако тоа апсолутно не го оправдува нивното однесување.

    Она од што јас сум многу разочаран е ставот на професорите(првенствено зборувам за високото образование). Во Македонија, доблест е професорот да биде "познат" по лошотилук, клетоштилук, апсолутен авторитет! Мене лично многу ми недостасува непосреден контакт студент-професор, квалитетни(и редовни!)консултации, интерактивна настава, каде што јас студентот не одам на предавања/вежби само за да се прошетам.

    Во системот по default студентот е КРИВ ЗА СЕ, не учи, слаби оцени, неспремност за вежби, недолично однесување... има и асистенти што се дрзнуваат да објават делови од одговорен тест(без име и презиме) на социјални мрежи, притоа исмевајќи се на студентите.. "ехх до каде стигнало образованието!!" Мене лично, ќе ми биде СРАМ доколку некој студент направил некаква си кастастрофална грешка, па ќе се заинтересирам зошто и како, сакам да кажам апсолутно не се согледуваат другите околности/фактори што би можеле да влијаат кон конкретниов исход...

    Додека професорите, ако се лажиме, си ја извршуваат работата беспрекорно, читаат од презентации, гледаат што е можно побрзо да го завршат предавањето, досадни предавања со монототни монолози, недостапност за консултации, неретко, испади со викање, вреѓање... Едноставно професорот ГО БОЛИ дали ти од предавањето ќе научиш нешто, дали можеби ќе се заинтересираш нешто дополнително да истражиш, дали ќе поставиш прашање, дали ќе се појавиш на колоквиум или зошто не си се појавил на испит, дали можеби не ти било нешто јасно... се е тоа научна фантастика во оваа држава!

    Ќе речите, па зошто генерализираш..?

    На Медицински, педагогијата е слаба страна на мнозинството од професорката фела. Постојат ендемски видови шо се бројат на прсти и некако те стимулираат да не губиш надеж, да туркаш понатаму. Редно време е овие од мнозинството да се УГЛЕДААТ на нивните колеги.