Ја побарав темава, не ја најдов и решив да ја започнам... (слободно канта доколку ја има) А и глупав е насловот знам. Еве сум сега тука на форумов, ја создавам мојата прва тема наместо да учам за утрешниот тест... Интересна работа. Ајде да поразговараме, да споделиме искуства поврзани со една од најлошите навики (барем моја, се надевам не сум единствена ) а тоа е одложувањето, т.е. запоставувањето на обврските, обавувањето на небитни работи наместо она што навистина е битно и чекањето до 5 за 12 за завршувањето на истата. Со еден збор кажано - Procrastination. Посебно за време на викенди. Многу лошо ако имам некое испрашување или тест во понеделник... Тоа иде некако овака: - Петок е, се враќам од училиште и нормално денес не планирам книга да фатам, цел викенд е пред мене и има време... А и бев на училиште денес така да нема потреба уште да се малтретирам. Одмарам, ако излезам вечерта, излезам, и така поминува овој ден. НЕпродуктивно. - Сабота. Спијам до 1-2 попладне, станувам, се средувам и се убедувам - материјалот ќе си го поделам на 2 дела, едниот денес ќе го научам другиот утре. Ама има време тек е 3 саатот ехеее... Доаѓа 5 и 12 мин. - во 5 и 30 дефинитивно седнувам да учам! Упс, го пропуштив, сега е 5 и 43... Во 6 дефинитивно! Поминува и 6, го чекам 7. Доаѓа 7 и 30 и веќе е касно за учење, треба полека да почнам да се спремам за излегување... Уште еден НЕпродуктивен ден. - За џабе ќе ја раскажувам неделата кога е идентична реприза на саботата и тоа е тоа. И утре кога ќе станам, така понеделнички, ќе се каам за цел непродуктивен викенд и упорно и свесно ќе се лажам самата себеси - НАРЕДНИОТ ВИКЕНД ЌЕ УЧАМ, no joke... Само до кога овака не знам...
Баш истото го правам и јас имам испити за кои одвај и да седнувам да учам. Се она моено има време, има време и на крај ништо. Се мразам себе си заради оваа навика...
Јас мислам дека тоа одложување се случува кога она што треба да го работиме воопшто не ни е пријатно,па од тие причини и го одложуваме!А,после кога нема да има резултати од работата или од учењето нормално дека многу ќе се каеме,но веќе ќе биде доцна!И на мене ова исто ми се случувало и на училиште и на факултет кога бев бидејќи имав школска фобија и многу други проблеми,но бев многу упорна,па испливав од таа непријатна ситуација!Мислам дека е многу лоша навика којашто мора да се надмине,а ако не можеме само да го надминеме тоа,тогаш мора да побараме стручна помош од психолог или психијатар затоа што друго чаре впрочем и нема!Мислам дека не се работи за обична мрза,туку дека причината е многу подлабока,но,сепак,мораме со сите сили да се бориме против тоа затоа што времето е немилосрдно и буквално не гази,а обврските само се трупаат и нема да има време кога да ги совладаме!
Уф, најомразена моја карактеристика. Се' оставам за последен момент, сите обврски, одлуки дури и за најмали ситници. Се обидувам да се променам, имам некои продуктивни моменти кои кратко траат и после пак си продолжувам со прокрастинирање.
Некогаш знам да одложувам за понатаму, понатаму... Ова се однесува за мои лични работи, не за учење или работа. Но, секако е лоша навика. Ако планирам овој викенд да одам некаде, да, тоа треба да го сторам затоа што понатаму излегуваат други работи непланирани и се одложува и на крај не се реализира планираното.
Мојата најлоша карактеристика. Буквално се одложувам до последен момент, посебно па учењето. Сакам за два дена да спремам испит од 500 страни. Епа нормално дека не може. Два дена залудно потрошени со труење со кафе и многу неспиење. Почнав дури и шопингот да го одложувам , се додека не ми е неопходно нешто, па да трчам во последен момент по продавници. Треба да почнам да си ја лепам цела соба со стикери, да ме потсетуваат на последиците од тоа одложување.
Во последно време владее одложувањето кај мене.Ретко ми се има случувано да одложувам, ама сега се повеќе и повеќе. Се трудам да престанам со ова.
Ова со учењето ми е секојдневие..Секогаш си велам ај во 5 часот не не ај у 5 ипол па у 6 и така натаму и цел ден го поминувам така.Па си ветувам за другиот пат нема да одложувам.ЈЕС ШУР,и после пак истата песна...
Одложувањето е карактеристика која верувам дека сите ја мразиме, а сепак си ја поседуваме. Убаво зборувале луѓето: Што можеш денес, не оставај за утре. Ама кој да слуша бре луѓе.
Освен учењето за други работи немам навика да одложувам. Тоа што го можам денес никако не го оставам за утре.
Ехее, ако зборуваме за одложување на учењето, овде сум прва. Се ќе направам за да почнам да учам подоцна, а потоа ќе се нервирам бидејќи немам време за да научам. Ќе речам дека ќе седнам да учам во 5, и ако помине 5 часот, макар и да е 5:03, си велам ајде од 5:30, не од 5:15, од 5:30 . Потоа, ќе седнам во 6, 6:30, 7. И потоа веќе е доцна да се учи и ми поминува цел ден. А, за други работи, не одложувам.
Не само учење...јас се живо и диво одложувам. Секоја можна обврска. Не дека имам некоја попаметна работа, тука жива мрза сум. И најлошото е во тоа што иако одложувам сепак цврсто стојам на тоа да ги остварам обврските, па со самото тоа што во последен момент оставам се да направам само си собирам нервози, стрес. А навистинам сакам да се одвикнам од одложување...самошто и тоа го одложувам.
Уф, да навистина, одложувањето е според мене една лоша навика која често знае да ни се “тресне“ од глава еден ден. Од се најмногу го одложувам одењето на заболекар , тоа страшно ме иритира,а замислете СЕКОЈ ЕДЕН ден си викам ај утре, ај утре... и никако да појдам. Фобија од тоа чепкањето во заби-голема.