Го гледав филмот, џабе време изгубив.. Мене не ми се допадна, многу некако досаден, едни исти сцени.. што знам
Justin Timberlake срцеее од филмов солзи ми потекоа неколку пати од смеење..се е океј ама барем поубава да ја стваија таа професорката по што беше заборавив што ќе остане со Џастинчо
Единствена светла точка во филмов ми е Џастин. Хуморот ми е без врска, а Камерон никогаш не ми се допаѓала како актерка: знае само да се клешти како ненормална со нејзината сендвич-насмевка, да се смее како хистерична и да се прекршува. Сакале да им упали филмот ако уфрлат згодна раслечена плавуша. Од мене own:
Типичен Камерон Дијаз филм. Ок е за коа незнаеш што да гледаш, а не ти се гледа нешто содржајно. Лесен за гледање, абе зашто се во вакви улоги глуми...?
Многу зависи со какви очекувања сте пред да го гледате филмот. Скоро го гледав иако од сам старт кога излезе имав сосема друга претстава за содржината, мислев дека ликовите на Камерон и на Џастин ќе се лудо вљубени нешто како романтично филмче и се ќе се врти околу нив, но напротив далеку е од таа содржина. Филмот е комичен, ликот на Камерон е тотално луд, се се очекуваа од неа, спремна е на се само да дојде до пари, тоа е и комичната страна, реалност на денешницава. Имаше стварно луди планови, замисли и начин на живот. Урнебесен беше почетокот со свекрвата, а омилен ми беше цимерот.