Мислам дека имаме многу лоши навики како народ општо. Голем дел од луѓето се некултурни, прашуваа се и сешто човек кој прв пат го гледаат, фрлаат смет кај ќе стигнат, се фалат многу за плати, лажат, манипулираат. Луѓе со факултет кои се сметаат за интелектуалци, а пцујат на секој збор. Завршиле факултет се мислат Господ се, а тие ниту работат на себе и своите манири ниту ништо. Работат на високи позиции, а се несеризони, зборуваат прегласно, се смеат без причина. Тоа уште долго нема да се смени. Кое е вашето мислење?
Катастрофа. Од сите места кои сум ги посетила низ светов а се многу, по прост народ никаде немам сретнато. Добро, во сличен кош би ставила и уште некоја од земјиве на Балканов... А и злобен народ богами. Луѓево како да се хранат со туѓата несреќа. Уживаат да наштетуваат, кодошат и лаат позади нечиј грб. Очите се во другите им се. На сите страни првокласни џаболебари и мрзливци кои со никаков труд и работа сакаат да просперираат со мито и врски. За манирите немам коментар. На секој чекор по улици плуканици, отпадоци и измет од домашни миленици. Ќе се удавиме во ѓубре, во милионските градови каде можат да се сретнат луѓе од сите нации, вери и делови на светот сепак е сто пати почисто отколку кај нас. Никаков однос, никаква култура. Пред некој ден чекам на каса во маркет, имаше долга редица од десетина луѓе. Во еден момент една жена на можеби педесетина години не одмина сите и се изгура прва. Па и дрска одозгора, се расправа со тие кои и се обратија. Срамота прво за годините кои ги имаше, и стока се учи на ред ама за жал луѓево како неа не. Народот ја гради државата а покрај таков како нашиот логично е да бидеме на дното на листата во секој поглед.
Многу непрофесионализам има меѓу народов, дрскост и надменост на работно место во разни професии - од продавачки кои ќе те изнервираат барем на момент, па сè до одговорни професии што имаат во свои раце развој, психа, па и здравјето на луѓето (професори/наставници, доктори и останати вработени во здравство). Тука е и синдромот „знаеш ли ти кој/а сум јас“ кај одредени персони што стекнале диплома и позиција по разни „пократки“ патишта. Еколошката и сообраќајната култура кај многу луѓе е сè уште на страшно ниско ниво, а и општите најосновни манири, за што доволно е да влезеш еднаш во јавен превоз или институција во која се чека ред за да се увериш...
Само да те дополнам, глумат дури и на форум. Ќе треба форумска глумица секоја година да почнеме да бираме...хаха.
Вечно доцнење, секаде и секогаш. Намерно или во генот им е? Тука би ја додала и страшната неодговорност и недисциплина. Мрза. Секогаш се чека другиот да ја сработи работата, а на крај само да се "собере медот". Секогаш се оди по линија на помал отпор. Ако може ништо да не се работи, само да се лежи, секој ден да е празник, а пари да има, полна трпеза да има, веселба да има. Пикање на нос во туѓи работи, озборување, да не речам и ситење на туѓата несреќа. Само да се има што повеќе "материјал" за разговор кога ќе се седне на кафе. Некултура, дрскост, немање на обзир кон другиот. Ова се првите нешта на кои се сетив. Секако, има и други, можеби ќе додадам подоцна. Секој народ си има истакнати лоши и добри карактеристики, според мене ова се најпрепознатливите лоши карактеристики на македончето. Со чесни исклучоци.
Манирите на граѓаните се огледало на една држава. Во таквата рефлексија во најголема мера се препознава некултура, а потоа немање елементарно познавање за професионално и посветено работење во институциите. Одговорноста за незавршените обврски по автоматизам се префрла кај другите. Погледите насочени во туѓите дворови се знак дека грижата за секој еден е поголема од личните проблеми. Финансискиот натпревар е трка со почеток без крај. А врв на тоа е споредбата со другите, без размислување во насока дека секој е различен и дека така треба да биде. Завидливоста и самобендисаноста кои од срж го уништуваат човечкото битие упорно се најзастепени карактерни особини. Не знам од каде толку капацитет за замарање со сите и со се. Голема чест е да се копираат туѓите постапки наместо да се биде свој. Главниот град е центар на еколошката катастрофа и место каде што најмногу може да се добие впечаток за употреба на погрдни и недолични зборови во секојдневната комуникација. Во контекст на ова, повозрасната популација, пензионери, е без пардон во секој поглед. Ништо подобра не е состојбата и во сообраќајот. Повеќе се користи свирката и нервниот испад, отколку што се почитуваат сообраќајните правила и прописи. И згора на сето ова, секогаш и за се, виновни се другите.
Затоа и државата ни е таква. Едноставно има многу неписмени луѓе и меѓу оние кои се сметаат дека се интелектуалци. Многу самобендисаност, малку квалитет. Многу лажење и манипулирање, а резултати никакви. На прсти може да се избројат луѓето кои направија нешто за Македонија да ја промовираат во светот со култура и уметност, ама тие луѓе на телевизија не можат да дојдат на ред од Ѕвезде гранда. Имам пример од една жена која во петта деценија се вработи едвај и тоа на најниско работно место, дури срамно да се каже што работи ама кога прави муабет, абе мислиш директор е, а не чистачка. Се фали, се фали. Си мислам полека бе жено, полека, луѓе какви работни места имаат па не се фалат и не кажуваат колкава плата имаат. Или ти кажува супер ми е се, плата лупа некоја цифра, иако не го прашуваш и по 1 недела или месец оставил работа, не ни може да издржи. Мрзливи сме, не сме некој работен народ.
Eдна најлоша навика е кај нашиов народ кога знае да плука по туѓите грешки а пред своите замижува.. При очи се прави слеп а при уши глув...Тоа сега ни се случуваа на нас
Најголеми кодоши ... историјата го има тоа многу пати потврдено. И такви сме никакви, кога на некој му е лошо сите го жалиме , малку ако пркне, гледаме да му ја скинеме главата.
Прдење во лифт. Колкава е шансата баш во тие 15-16 секунди да ги спотера овдешна раја да испуштаат гасови, дилемата останува
А тоа што мислат дека имаат право да ти коментираат за твојот живот, твоите одлуки итн.. И секаде е така, не само кај нас.
Сеирџии. Завист има, не може да се поднесе туѓиот успех. Луѓе на кои не им смета нивната несреќа, им смета туѓата среќа. Народ кој не си го цени своето. Непријател сам на себе.
Ljubomora , zavidnost , ogovaranje , sekoj saka da e nad sekogo ... Koga se raboti za javni lica ( politicari , manekeni/manekenki , fotomodeli , pejaci/pejacki itn ) koi pravat se za da se centar paznja , razbiram, tie sami go baraat vnimanieto na narodot . Nesfatlivo mi e koga Mirka , Stojna i mare go guraat nosot vo kukjata na Mare , Cveta i Verka .
Tуку за прдењето спомнато погоре, што се чудам јас. Мене низ град ми се случи, оди човек над 50 години со актовка пред мене и си прди, ама онака опуштено. А јас запрепастена во фацата, а дури и оние кои ме сретнуваа бидејќи бев блиску до него, ме погледнаа мене. Може мислеле дека јас прдам.