Стојат на тераса или прозори и те прашуваат прости работи и те снимаат ко камери ако излезеш на тераса и надвор. Влакно не смее да ти штрчи. Мора ко за на свадба ѓубрето да се фрла, за да не им се дава повод.
Ок, вие си знаете, но секое самовеличење мене ми е смешно, посебно ако се повторува во низа многу пати, секаде, пред секого. Посебно ако не се работи за некој успех, како што поединецот си замислува. Не реков јас дека треба сите медицина да учиме, туку ми е смешно како жената го „дави“ човекот со приказни дека ете сега работи, па добро било, па таа се навикнала, па ете многу работела, способна била. А искрено нашла работа затоа што младите не сакаат за 15.000 цел ден да стојат на нозе, да им отекуваат нозете, да им попуштаат вените, да одат ноќна смета, туку млади се и си бараат чарето. Ако почне лекарот да се фали, кај ќе биде крајот, оти секако сработел многу повеќе од неа, научил многу повеќе, видел многу повеќе и замисли си молчи, не се фали и не „дави“ со приказни демек еве работам. Па нормално дека секој човек треба да работи и тоа ниту е за Гинис, ниту е за Нобелова.
Со постов, дрско коментирање туѓ животен избор и среќа се вбројуваш во темата Лошите навики на нашиот народ. Најголема доблест е човечноста.
Примериве за мешање во туѓ живот ви се чудо. Пишување за општествени појави на форум било мешање во туѓ живот. Не бе, мешање во туѓ живот е кога ќе расипеш врска, пријателство, деловен однос на некој со директно дејствување, а не со муабети по форум. Друго, не е крив тој што фрлил отпадок пример на улица, крив си што си го видел, епа не ти е исполнет животот, затоа си го видел. Како да не. И да нормално било да се вработи на 41 година. Отсега ќе поддржувам прво вработување на 50 години, да, само така ќе се осамостоиме. На 50 бе брат, таман до 64 стаж.
Што те интересира тебе кој на колку години работел и кога почнал да работи и дали живеел на туѓ грб? Од тебе бараат дозвола? Тогаш успеала да се вработи, што има лошо во тоа? Може имала здравствени проблеми па не можела до тогаш, може живее во град со помали шанси да се вработи, може сакала да биде домаќинка и да се грижи за децата и мажот? И? Мешање у туѓ живот е тоа твоето. Не знаеш кој каков товар носи и сметам дека е дрско твоето судење кога зборуваш на празно а не знаеш со што се борела личноста.
Ама тоа што некоја си Х личност се вработила на 41 година не е твоја работа и колку се фалела си е нејзина работа, ти толку дрско и надмена ја нападна дека лелеее види ја глупердава се вработила за минималец уште уста има да отвори да се фали, па уште па на доктор, безобразност до немај каде од твоја страна и пикање носот каде не му е местото.
@Tanjamm ти ги читам постовите и не ми се верува што читам, дрскост, презир, омаловажување,и бај д веј старост на 40 години, душо ај те молам подразмисли малку, 40 години баш и не се старост, тоа е доба во која на луѓето им се подсредила една етапа пр, брак, образование, работа- каква таква, деца итн итн па навлегуваат во некоја нова . Во случајот со женава која се вработила на 40 па и за минималец, секако дека ќе е среќна, можеби и нема соодветно образование за подобро платена работа, можеби била со мали деца кои немало кој да ги чува, можеби во местото каде што живее нема баш работни места па да си бираш каде ќе работиш. Секој од нас го исполнуваат разни нешта, за неа ете среќа и успех е што почнала да работи после толку време па макар и за минималец, се гордее со тоа, и браво за неа што е среќна и задоволна со тоа што го има, додека предрасудите на околината се нешто сосем друго. А докторот верувај свесен е колку вреди, колку заработува и тој а и другите, колку време потрошиле на учење и во Мк баш и не се добро платени но тоа е друга приказна, понекогаш можеби треба некој на ваков начин да штипне па да се свестиме дека среќата е во малите нешта, дека најважно е да го дочекаме следното утро здрави и насмеани со најблиските, а тоа колку таа заработува колку се фали е нејзина работа. Има семејства кои и те како се крстат на Тој минималец! Во Македонија најголем проблем е тоа што сите свој леб јадат туѓо гајле берат!
Kaко ја нападнав жената? Реков ли некаде дека сум ја прекорила, навредила, или нешто слично. Полни сте со препоставки и контардикторности, може е мал град. Не сум од мал град. Имам мал круг на луѓе, го стеснив со тек на време поради обврски, и форумот ми е место каде можам да кажам свое мислење за нешто, не знам што толку напаѓате. Мислиш во око ви брцнал некој.
Прво - Ти напиша дека живеела на туѓ грб. Второ - Исто напиша дека се фалела. Трето - Се исмеа дека се вработила на 40 години. Во иднина тебе ќе те прашуваме кога некој треба да се вработи.
Uspehot e individualna rabota. Za nekogo uspeh e da se vraboti za nskogo uspeh e da se omazi, za nekogo dete da rodi, za nekogo uspeh e da otide na druga planeta. Kosmonautot ne e pogolem covek od doktorot, doktorot ne e pogolem covek od pravnikot, pravnikot ne e pogolem covek od sivackata vo fabrika isto kako sto ti ne si pogolem covek od zenata sto ja potsmevas samo zatoa sto se vrabotila na 41 godina namesto na 25. Daj Boze cel zivot site da imaat da se falat so nesto kolku i da e toa nekomu glupavo i bezsmisleno. Tolku li vi ja pece dushata tugjata srekja i ispolnetost?
Еве јас работам од 21 година, и секогаш земав повеќе од минималец. Дали ако го отекувам некого со тоа како јас сум вредна, па работам, дали мојата постапка ќе биде ок? Секако дека не. Секогаш има поуспешни. И реално во нашево општество, тргни ја женава настрана, сигурно има илјадници такви, ниту е успех да се вработиш за прв пат на 41 година, ниту се живее со минималец. Точно е дека дека се крстата натој минималец, ама реално тоа се пари за од 1 до 5 или 10-ти во месецот, и толку. И како може тоа да биде за величење и фалење, искрено не ми е јасно. Не презирам, кажувам какви се условите во МКД.
Значи ти сметаш дека тоа е среќа, така? Во темите за тсанбено прашање сите споменуваат паразити, мрзливост, луѓе кои не сакале да се осамостојат. Двојни аршини.
На постројка не може да застанеш (никој не те строи), зашто тоа е систем од апарати што се користи во индустријата. Кога ќе застанеш на постојка (патна станица, да постоиш), исклучи ги сетилата за вид и слух меѓу присутните и ќе ја почувствуваш убавината на животот, наместо да бидеш дел од стереотипното друштво на кое му препишуваш лоши навики, а милуваш да бидеш меѓу изострените носови. Промената почнува од поединецот. Спојлер: . Зборовите постројка и постојка се пароними во македонскиот литературен јазик. Убав јунски ден да се научи нешто ново.
Ако самата не можеш да увидиш колку си безобразна и дрска во пишувањето за жената која се вработила за минималец од 15.000 и работела обична работа во фабрика за која не ти треба мозок, нема што ние тука на форумот да те учиме.
А што е тука спорно. Човек без приходи живее на туѓ грб. Штом секој ден вергла едно исто на јавно место и збори гласно да биде чуена, очигледно се фали. Трето не сум чула некој некаде да пофали дека е најкул да се вработиш за прв пат на 41 година. Јас не сум поборник ниту за фалење, ниту за вработување толку доцна.
Па и ти си безобразна за мој критериум штом се „палиш“ на приказна од форум за личност која не ја ни знаеш. Ти со тоа како овде реагираше, во живо патос би избришала со жената можеби или ќе превртува со очи. Јас не и врзав шамар на жената, не ја навредив, не и пререков, само посочив дека мене тоа не ми е ок. Колку и да си успешен, се гледа, делата кажуваат повеќе од зборови, и нема потреба за такво нешто.
Ете ќе ти кажам пример, не еден туку 2 или повеќе.. Комшика, срцев болесник, нозете и отекуваат, секој ден со висок притисок, околу 45 години... Од ден на ден преживуваше. Состојбата колку толку и се стабилизира, се вработи на 45 години прв пат, како наставничка по Биологија. Колку беше среќна, колку се фалеше. И мене ми беше мило за жената зошто знам колку се мачеше. Другар, повреден во сообраќајна незгода 28 години, не може правилно да оди, затоа што мора да оди на терапија не може се уште да се вработи затоа што да повторам едвај се движи. Користи помагала. Трет случај сакаш или нема потреба да продолжам?
Ама не живее на твој грб па да ти е гајле, никој тебе не мора да дојде да те праша кога да се вработи, што ти е впрочем гајле кога се вработила, ако не сакаш да ја слушаш стави слушалки на уши, купи си автомобил да не одиш со автобус итн, значи не ти се фали тебе, некому друг му се фали а тебе ти смета. Се палам без наводници само на сопругот, приказнава твоја ми го потполнува времето пред спиење. На основа на што дојде до закључок дека со жената би го избришала подот во реален живот?
Абе тоа си е ок, феминка, јас не велам да ги бесиме тие што се вработуваат доцна. Ти ми збориш за луѓе кои се мачат со болести. Па и за нив оваа наа држава треба да понуди нешто, да бидат активни. Ајде не збориме во трето лице, еве јас не би сакала да бев невработена до 41 година и да земав минималец, и не бис е фалела. И не сакам на моите блиски тоа да им се случи, тоест не им се случило. Така не треба, Не е грев што коментираме на форум примери, случаи, поената е дека мораме сите да се стремиме од млади да имаме чувство на одговорност, и да застанеме на свои нозе. Зошто на 41 година да немаш 15 години стаж и да бидеш порекалсиран отколку да си на сам старт?
Си ценам парите бе, јавниот превоз е поевтин. Па не ми е гајле кој ја издржува, туку форум е, смири страсти збориме дека овде не е мед и млеко.