Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лошите навики на нашиот народ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 7 јануари 2018.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.248
    Допаѓања:
    13.050
    Kaде мислиш секаде? Во Македонија секаде или низ светот?Аххх, сега брзо бев на настан каде поканиле човек на висока функција, ама не бил женет, и кога си тргнавме накај дома збореа демек овој жена во живот не видел. Глупаво, многу. Си мислам што го викаш бе за да му се смееш и да го озборуваш? Ако некој не ми е драг, нема да го викам, а не да го викам, да го користам, ама позади грб ааа неженет е овој. Катастрофа. Муабетот е од човек кој инаку заврши високо образование во странство, ама џабе.
     
    На Victorian, sjdgo и Indiegurl им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.248
    Допаѓања:
    13.050
    Пред 20 минути читав преписка на јавна личност со анонимус на фб. Ја навредува не била мажена, без деца била и без секс. И тој и таа и уште 50 души, абе 100 пати го пишаа зборот к-р. Абе глупости. И требало неа к.. за да биде среќна.
     
    На Victorian, ivi1987, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.194
    Пол:
    Женски
    Не се бањаат редовно. Божем многу ќе се потрошат ако уклучат бојлер доволно за да се исплакнат. Сиромаштија има, да, ама не се толку отепани, туку најлошо е кога е човекот мизерен во ум и „дух“.

    Друго, како мене не ми требаат казни за од детството да знам дека отпадок оди во корпа и контејнер и тоа да го практикувам, а некој цел живот не може да научи? И после all lives matter, како да не.
     
    На hermosa, Bender Rodriguez, ivi1987 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Промајата е поопасна од ХИВ, Колера, Црната Чума и ТБ - сметани заедно :worried:
     
    На hermosa, Bender Rodriguez, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.307
    Пол:
    Женски
    Сакав да кажам дека не е само во Македонија така, злобата ја има во скоро секого без разлика од каде е.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.248
    Допаѓања:
    13.050
    Пример? Јас за Србите имам забележано дека имаат исти навики како нашите.
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Константно трупање стари ќесиња, пластика по дома „да се најдат“ - за к*рово здравје ќе се најдат! Си ги полнат куќите со вишок нешта што ем загадуваат ем им се непотребни.
    За општа култура на бањање, секнење нос и слично да не отворам тема. Колку пати ми се приповратило кога ќе видам како некој постар човек/дедо секне нос со прст и тоа онака, на свирка. Или баби кога со прст пипкаат лебови (оние со отворени ќесички во маркет - Кам предничи).
    Фрлање ѓубре строго од сто км одалеченост и после раширени фекалии околу контејнер.
    Сељаци што турираат и возат пребрзо на фрекфентни улици за да покажат моќ, либидо, ниска интелигенција или што и да е.
    Невоспитани постари луѓе што се обраќаат со ЕЈ и ДАЈ МИ, ЌЕ МИ ДАДЕШ на келнер, на некој што им врши услуга. Никаков однос во продавница, на каса, во банка... Стои жолта линија, боде очи - он се пика до тебе и ти дише во врат „за само нешто да прашал“.

    Но сево ова не се лоши навики од нигде. Ова е сплет на културолошка и економска пропаст што не' спопаѓала отсекогаш. А купче граѓани што се обидуваат да не се вакви, обично се нервираат или се селат од државава.
     
    На Kaetana, Victorian, ivi1987 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.248
    Допаѓања:
    13.050
    И да си културен, будала ќе те направат.
     
    На hermosa, Victorian, Capricorn96 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. luda.mala

    luda.mala Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Пред месец дена бев на гости кај моја блиска пријателка, чија мајка е тешка озборувачка... Уште кога влегов, беше отворена темата за тоа како нивната соседка имала храброст на 16 години да влезе во сериозна врска, што дури и оделе по фамилијарни ручеци и таа останувала дома кај него да спие... Потоа, мајката на мојата пријателка, кажуваше како не ги личело дури ни девојките да носат мрежести хулахопки, на сите им се испофали дека нејзината нова колешка (штотуку мажена) не знаела ни прашинка да забрише, а камо ли јадење да направи... Почна да критикува познаници што касно излегувале и се забавувале во ноќни клубови..

    Добро бе жено, ако веќе почнуваме да озборуваме, зарем не го гледаш твојот дом? Твојата 19 годишна ќерка што е влезена во сериозна врска со стар пијаница кој си ги тепа родителите и што не се знае дали ќе имаат куќа каде што ќе живеат?! Зар на девојките со мрежести хулахопки не ги личи, а тебе со проѕирни хеланки на твоето сто килограмско тело те личи мм? Како до вчера девојката со која сега се дружи ќерка ти беше најрасипаното девојче у град м? А што да кажеме што цел град има фотографии од твојата пијана и гола ќерка? Ти ли најде да зборуваш за твојата колешка што не била способна домачица да буде, а за секој ручек ја бараш золва ти за рецепт да ти даде?

    Секако дека не го кажав ова, но сите што бевме на трпезата сигурна сум дека си го помислија истово ко и јас! А после, секако си го коментираа на заминување своето ново искуство кај нивната братучеда која „мрази“ да озборува!

    Се надевам некој ќе се пронајде во кажаново, дали бил на мое место, или на мајката од мојата пријателка! Бидејќи никој во денешницава не си ја гледа куќата, туку ги гледа другите!
     
    На SummerGirl, Victorian, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Не знам когу да обвинам за ваквата ситуација - домашното воспитување, образованието, системот во државата, самата личност или се си има свој удел.
    Значи крајно одбивно ми е кога ќе видам како се фрла отпад по улиците, се плука, се нема скоро никаква сообраќајна култура и тоа од луѓе кои се многу постари од 18/20 години.
    И овде степенот на образование не игра некоја улога. За среќа или за жал сум запознала луѓе кои се без високо образование а се однесуваат многу покултурно.
    Претежно луѓето се лоши и се обидуваат цело време некогу да надмудрат, изиграат, понижат без да забележат колку очајно изгледаат во тоа.
     
    На Capricorn96 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Сите се трудат да бидат нешто што не се. :^) Од 20000 плата 7000 трга за ајфон, да остави богат впечаток врз другите. Биди тоа што си, тоа што самиот се чувствуваш, а не како другите ќе те гледаат.
     
    На Tanjamm и zuto им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Прелош народ и тежок опинок ни ја гази земјава
     
    На Herrera, hermosa, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.307
    Пол:
    Женски
    Зборував конкретно за пикање на носот во туѓ живот.
     
  14. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.433
    Пол:
    Женски
    1. Тешки радознали.
    2. Сеирџии.
    3.Се бањаат само во сабота.
    4. Обавезно ти буљаат у кеса кога се враќаш од пазарење.
    5. Прво што забележуваат е колку си ослабела или здебелила.
    6. Прв пат те гледаат , а ќе те распрашаат за фамилијарни корени до десето колено, со кого живееш, дали јадете посебно или заедно со свекрвата и.т.н.
    7. Ајде што чекаш свадба ,што чекаш прво дете, ајде кога второ......
    8. Од каде пари ?
    9. Ти доаѓаат на гости божем за муабет, а го скенираат секој ќош и секој милиметар од куќата.
    10. Ако начекаат муфте/гага растур прават и очи вадат еден со друг.
     
    На Luciferovog zlo♧, Amellie13, hermosa и 13 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Да се секира за туѓите лоши навики, а да не си ги гледа своите.
     
    На Аргентина *, theowndemon, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  16. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Млади паразити - завршиле средно, факултет не запишале и се уште чекаат од мама и тато.
    Кога веќе не студираш, најди некоја работа не можат вечно родителите да те издржаваат.
    Ама не каква работа, ако се оди на работа кој ќе ги полни кафичите и кој ќе му се смее на келнерот затоа што е келнер, мора некој и тоа да го прави. А самите се за жалење.
    Кичерај пред се, важно е да се покажеме пред луѓето - лично познавам луѓе со мали примања, од сиромашни семејства, а од џебот го вадат најновиот ајфон, има да се задолжи ама ајфон ќе купи.
    Претставување нешто што не се - постојано лажат за се и сешто, од толку лаги мислам дека и самите почнуваат да веруваат во нив.
    Уништувачи - ако се поставила елка во градот по повод празниците не значи дека треба да ја уништиме, клупата не треба да ја скршиме, цвекето не треба да го откорнеме...

    Таков народ сме, тоа само кај нас го има.

    Уште многу има за пишување тука, тоа во следна прилика.
     
    На Tanjamm, Victorian, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  17. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Да уништи све што е Државно или туѓо.
    Па после Државата била крива т.с власта.
    Штетник,некултурен народ.
    #Неиживаени:puke:(не сите):!:
    Но покрај сувото и суровото гори(facepalm)
     
    На Herrera, Capricorn96, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    5.441
    Пол:
    Женски
    Да му умре козата на комшијата. :) :) :)
     
    На Victorian, ivi1987, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Она што најмногу ми боди очи е тоа што луѓето се секогаш негативно настроени.
    Слушнале ама недослушнале, виделе ама не виделе како што треба и секогаш се пристапува со осуда спрема секого. Се суди без да се размисли како му е на другиот. И се удира во гради за работи кои ниту ги доживеале, ниту виделе. Никој за никого не сака да покаже разбирање. Ако види дека се давиш, ќе те нагази на шија.
    А небањањето е посебна тема.
     
    На Tanjamm, zuto и crimson им се допаѓа ова.
  20. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Нај лоша навика им е тоа што свој леб јадат туѓо гајле берат :x.
     
    На hermosa и luda.mala им се допаѓа ова.