1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лошите навики на нашиот народ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 7 јануари 2018.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    Ми текна уште нешто:
    Глутница маалски пијаници седнати пред маалска продавница со пивото,ракијата во рака (знаеш дека и не го плаќаат туку се запишуваат во тефтерот за вересии) и пцујат врнат нај грозни пцовки што никаде на друго место нема шанси да ги слушниш :puke:

    Кога се обраќаат со ти мори или еј море итн...

    Не дај боже да ставиш кило две на тебе одма ќе ти кажат (ова претежно од жена можеш да го слушнеш) леле мори шо си се здрпала ко некоја крава си се направила, по убава беше послаба :@

    Кога чекаш на линија на пример во банка,болница,пошта те прегазуваат како да си невидлив и први на шалтер ќе се нацртаат, и многу,многу други некултурности (facepalm)
     
    На Tanjamm, theowndemon и ilyan им се допаѓа ова.
  2. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Свиркање како овчари по женски.:puke:
    И лоши навики имаме ние браќата или дечковците одма со тупаници маваме.:D
     
    На Indiegurl, Tanjamm и ilyan им се допаѓа ова.
  3. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Ме сретнува една другарка, а башка и таа дебела , ми вика леле си се поправила, ни како си, ни што си, директив за килограмите.
    Аааа викам, ова ништо не е, пред да држам диета знаеш колкава бев, вака како тебе :rofl:
    Барем се изнасмеа на своја сметка, ако не друго.
     
    На theowndemon, YoungandBeautiful, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    И мене еднаш една од контакт ме изваде ( баш како погоре што пишав, леле ко крава си се сторила) и се спуштив на нејзино ниво и и вратив, ти на кравата можиш само да и се фатиш за пи*ката :muscle: од тогаш кога и да ме види бега од мене ко ѓаволот од крстот хахаха
     
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Шала настрана, многу е некултурно да се коментира физички изглед, од кај знаат зошто некоја особа е нагло поправена или нагло ослабена,може е здравствен проблем, може така си се свиѓа?
    Јас не сум реагирала вака бурно, ако таа е скарана со вокабуларот, не сакам и јас да сум иста, ете тогаш кажав како на шала , ама си ја сфати поентата, башка се изнасмеавме, вика е сега убаво ме суреди :rofl::rofl::rofl:
     
    Последна измена: 10 јануари 2018
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.822
    Пол:
    Женски
    и ти не си нешто покултурна од неа била :D
     
    На YoungandBeautiful, Avery, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    Затоа реков се спуштив на нејзино ниво.
    Поминував низ многу тежок период, 4 год. не можев да забременам трчав по доктори болници, примав хормони, и покрај сите маки пак не забременував, и навистина бев многу поправена, во тие моменти нај малце ми требаше некој да ми каже дека како крава изгледам. Да не забегувам од темава, понекогаш немаш избор мораш да им вратиш на нивни простачки јазик за да можат да те разберат :!:. Trust me I’m a very polite person :D
     
    На eli25 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Обраќање со “девојче” на секоја жена помлада од 60.
     
    На Tanjamm, theowndemon, Purelove92 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Буткање преку ред да се влезе во болница или на шалтер некаде.
    Во автобус исто нема ред, наместо да почекаат да излезат тие што излегуваат, овие однадвор се буткаат да влезат штом се отвори врата. :|
     
  10. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    63.991
    Пол:
    Женски
    Да не ја заборавам мојата болна точка. Немањето култура за чекање ред во банка. :@

    Си дошол ти на ред, до тебе ти се залепува некој чиче или тетка и ти дише во врат. Уште цупка со ногата, нестрпливи се и треба побрзо да завршиш. Додека чекаш некој трча од врата и ти вика само да прашам нешто, дека ја дојдов да вечерам во банка, разбираш.

    [​IMG]
     
    На *Amethyst*, theowndemon, YoungandBeautiful и 7 други им се допаѓа ова.
  11. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    1. Мешање во туѓ живот
    2. Китење со туѓи перја
    3. Сите се виновни освен јас
    4. „Знаеш ли кој сум јас“
     
    На *Amethyst*, hermosa, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Бетер од тоа е-тие уживаат во тој КОМПЛИМЕНТ. Ко да не се свесни колку години имаат.
    Мене ми имаат речено девојче. 29 имам, младолика сум. Но не ми е во ред.

    Темава е исцрпна. Може да се збори до 1001 и назад. Ќе дадам примери.
    Во неделата живо пиле немаше низ градот. Паркирана кај Холидеј Инн и одам да платам. Од нигде никуд еден дечко ме виде и се стрча пред мене да плати, а пак нагласувам, живо пиле немаше. -Се изнасмеав пред него.

    Буткање на каса преку ред. Ако проџе проџе. А ако и каже некој госпожата е тотално увреѓена мислиш дека готово после тоа на психијатар ќе заврши за пострауматски шок! -Од свој ум си патиш госпожа.
    Во ова го додавам и ДИШЕЊЕ во врат и кашлање во врат дур чекаш на каса.

    Пред некој ден решивме со мм да ги пробаме тостовите од Лесковец, или како и да се вика местоно. Не знам што ум ме спопадна јас отидов. Влегува еден нарачува се трга, после него другарот нарачува и не се трга. Повелете госпоѓо-жената од внатре ми се обрати. Се доближувам да кажам и типот сеуште не се трга. Влезен со носот во тоа прозорчето испаѓа на уво му кажувам што сакам. Во принцип мразам да се надвикувам а сега бев во состојба да морам нему да му се дерам на уво една нарачка. И кога го сторив тоа тој сеуште остана така и не се тргна дур не му беше готов сендвичот (во кој ми идеше да му плукнам искрена да бидам).

    Бремена 5ти месец една со количка во стомак ми влезе во Џамбо. Маж ми-Госпожа полека, нели гледате дека во стомак и влеговте на бремена жена. -Па што ми е гајле ако е трудна беше одгооврот. Ко демек и да не сум трудна исто би сторила, таман посла.

    Одиш во продавница зашто имаш два продукта само да купиш па за толку не ти се чека ред во маркет, но секогаш има некој што доаѓа после тебе што сака САМО ЦИГАРИ а бидејќи ти имаш цигари и леб ќе си чекаш. Вака не иритира. Ама кога 100 пати ќе се случи и кога имаш дете со температура дома а господичната вади 1000ка за бос класик да плати-е богами стужува.

    Улица Македонија која уште од век и веков била како шеталиште сега е тркалиште. Небаре во Њу Јорк си. Не дај Боже дете да пешачи, ќе ти го испогазат, под нозе ќе го бутнат и пак нема да видат што сториле.

    Во зграда од 50 стана 46 имаат миленичиња (во кои и ние) од кои 40 се кучиња. И секогаш ќе се најде некоја баба да каже дека тие кучиња прљале и какале по влез не размислувајќи дека внук и синоќа поврати на скалите после журка и дека на кучето му се помиени нозете од нивните кондури кои откако се купени не се исчистени одоздоле.

    Има уште купишта на темава...
    Од претрчување на кривина кај што не е прегледно, претрчување на црвено, пензионери кои мразат животни, пикавци истурени од кола на паркинг.....до бескрај има. Ама ај доволно е за утрово.
     
    На *Amethyst*, theowndemon, k.frosina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Барање дупка во секое правило, закон, препорака. Тенденција да се "зафркне" пропишаното.
    Агресија. Свесно и несвесно пренесување на децата.
    Се поголема неписменост, а се поголема самоувереност во своето знаење...
     
    На Tanjamm, *Amethyst*, Indiegurl и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Или пак луѓе кои се однесуваат незауздано, неморално, се и сешто прават, се одаваат на пороци, некултурни се, мрзливи и кога се свесни за своите недостатоци изговорот е „народот колку е прост“. Се правдаат уште пред да добијат критика. Демек различни биле и тоа на запад било нормално. Некултурата не е нешто што е за поздравување, па уште и да мислиш дека си посебен.
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    А од друга страна, се обраќаат со "госпоѓо" на помлада девојка.
     
    На Mishela, theowndemon, glosipgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Сите си ги знаеме нашите недостатоци во однесувањата, нашата некултура, несовесност и недисциплинираност...но незнам ЗОШТО СМЕ ТАКВИ????
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Лично мене не ми смета ни кога ќе ми речат девојче, ни па госпоѓо. Поубаво ми е кога ќе ми речат девојче иако сум мајка. Комплимент ми е.

    Ама реално и нема некоја прецизна линија до каде завршува девојчето, од каде почнува госпоѓица, а од каде госпоѓа. Затоа и мислам дека во најновиот Правопис е исфрлен поимот госпоѓица баш заради тоа. Секој различно си се чувствува во која категорија спаѓа, а од друга страна никој не е должен да проценува години, или пак различни аспирации за притоа да не навреди некој.
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.925
    Пол:
    Женски
    Џабе пишувате.Си се знаеме какви сме а нема да се смениме.Никој од нас не е совршен само не сите признаваат.
    Еве јас искрено ќе кажам, претрчувам на семафор ама ако се далеку колите.Во автобус да ме бутка и гази некој безобразна сум и тоа како и не гледам на возраста.Ако треба да кружам до семафор ќе скратам преку жардињерине.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.007
    Пол:
    Женски
    - Кога сите сакаат одеднаш да влезат во автобус и да седнат во гужвата.
    - Кога сите сакаат преку ред на каса во маркет да поминат.
    - Кога во банка никој нема трпение во редот да си почека.
    - Кога во градинка се буткаат пред тебе на домофон да заѕвонат за детето да си го земат (ок е, сите сме за тоа дојдени)
    - Кога колешките од работа се претворени во уво кога ќе ти заѕвони мобилниот, и додека зборуваш ти се уфрлуваат во разговорот (во вакви моменти ми доаѓа мобилниот да им го дадам, па место мене нека довршат)
    - Кога луѓето се толку радознали и те прашуваат за приватни работи кои нема да им сменат ништо во животот.
    - Кога ѓубрето се фрла секаде, освен на соодветно место.
    - Сообраќајна и велосипедска некултура (навика велосипедист да вози на сред улица и прави хаос во сообраќај, пешаци да поминуваат секаде и секогаш зошто мислат дека секогаш имаат предност, навика возачите да не даваат жмигавец и ред други работи кои секојдневно ги гледаме)
    - Штипкање по образи и закачкање деца од непознати луѓе (со кое право го допираш детето кое првпат во живот го гледаш?)
    И ред други работи кои не ми текнуваат во моментов.
     
    На *Amethyst*, YoungandBeautiful, eli25 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Интересен е феноменот што сите повикуваат на култура и начин на живот а никој ама баш никој не се труди да го смени тоа. Да бевме вака и во пракса немаше овде да го пишуваме ова. Ама на тестатурите сите сме јаки.

    Факт е дека не умееме од културата, иако сме повеќето скоцкани од глава до пети, едуцирани, учени, сме прошетале и сретнале култура ама ете културата ни е пак таа без разлика колку сме скоцкани надверошно внатрешно сме заостанати и не се трудиме да ја промениме таа навика за подобар живот.
     
    На zuto, Tanjamm, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.