1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лошите навики на нашиот народ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 7 јануари 2018.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Во амбуланта чекав ред со болно дете, а вработена таму,со нејзиното преку ред си се бутна. Кога излезе и изреагирав, дотичната не знаела дека чекаме ред. Не бе златна, на кафе дојдов со детево кај докторката.
    Врвот на лошите навики исто е чепкањето нос на јавно место, посебно во кола. Што ''господа'' се изнагледав периодов со прстите во носот.
    Исто, луѓе што не си мијат раце после користење на тоалет. Па седнува и со тие раце јаде. Ама како можеш така незнам (имам вакви личности на работа, ми се одмилува искрено)
    Лоша навика било миење коса неколку пати неделно, правилно било еднаш во неделата, за косата да не се уништи (ова од многу девојки и жени го имам слушнато, ама ми е :x)
    Ама убаво пишал некој погоре во темавa - Влези во јавен тоалет и ќе видиш какви лоши навики има нашиот народ.
    Одење и верување во бајачи и гатачи, врв.
    Трач парти по канцеларии.
     
    На Ursi, eli25, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Една случка од пред 5 години која нема да ја заборавам, влегувам во автобус со штака, уште не бев 100% оправена од скршена нога и операција, ама решив да си отидам на контрола во Воена со бус. Еден млад дечко стана да седнам на тие првите седишта (нели за бремени, стари, "сакати" ко мене тогаш :) се тие), си седнав, штаката до прозор потпрена и после две станици една баба влегува со две кеси од пазарење и директно во лице почнува да ми вика станувај јас да седнам, како не ви е срам млади. У тој момент ја земам штаката (не ја виде изгледа) и викам ти со кесите да си седнеш, а јас штакава во скут да ти ја ставам, заќуте бабава..хахаха... Аман има и млади со мака, бремени, добиено, главоболка, може студент некој цела вечер за испит учел..срам да им е.
    И во банка имав слична случка тој период, морав со две штаки да одам во Комерцијална "морало лично" да одам, си чекам ред (наименично маж ми чека, па јас) гужви невидени, таман ми доаѓа ред, една се пикна пред мене "само да праша" среќа на шалтер службеничката ја направи од гомно подолу пред сите, како не и било срам девојчето повеќе од пола саат чека со штаки, вие вака...
    Има и културни и некултурни... Ама до сега најголеми нервози и некултура сум доживеала од старци во бус, банка, на преглед...
     
    На theowndemon, YoungandBeautiful, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Прво, за да се сфатат навиките на нашиот по малку искомплексиран народ, треба да го разглобиме политичкиот систем. А тој, наликува на феудална анархија. Стегите на Макаронија, нема кој не ги почуствувал на своја кожа. Освен елитите, тие се оние дебили кои тврдат дека убаво се живее тука. Во една таква опресивна состојба, рајата немајќи сила (и воља), да им се спротистави на авторитетите, си прави епик фејл со тоа што канализира бес и растројството на останатите жртви на системот.

    Ама има нешто што сами си го правиме, а тоа е фрлање со дрва и камења по се што е ново и непознато, а со тоа и неприфатливо. Полесна форма е трачарењето и оние стари тетки кои константно не потсетуваат дека требало да се мажиме (ова обично почнува после 21-ва година).
    Репресијата на жените која си е социјално прифатена тука, доведува до подоцнежна појава на полесни и потешки растројства. Хистерија, би поларност, ју нејм ит.

    И така, имаш еден ланец на акција и реакција, а краен резултат е дно од општество и колективна свест.
     
    На XMaN, Rama и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    23.947
    Пол:
    Женски
    Народ што оди по концерти на Цеца.
     
    На Tanjamm, theowndemon, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не знаат да зборуваат литературно. Не ни сакаат, навредени се од правоговорот, си изигрувала големо добро утро.
     
    На Tanjamm, Ursi, YoungandBeautiful и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    2.869
    Пол:
    Женски
    Сите невработени над 25 се '' мафијаши'' .
    Брат имам 15 години дечко ми е главен навивач има да те убијам бре!
     
    На eli25 и daylight им се допаѓа ова.
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Не знам за вас ама една од лошите навики што ја имам забележано во Македонија е таа кога не се внимава на хигиената во тоалетите по рестораниве, кафулињата, по фирмите и така натаму. Честопати сум бил сведок на нечисти и извалкани тоалети, на луѓево не им е гајле зошто тоалетот не е нивни нормално, па си земаат за слобода да го направат „влезна порта за во пеколот“. Некогаш кога ќе влезам во таков тоалет имам чувство како да се спремам за влез во друга димензија, во која има орки, медузи, џуџиња и разноразни леприкони како и Сцила и Харибда. На некои тоалети може слободно да се стави крст или пак да се стави знак "Danger - Radioactive“. А некогаш знаат и да заличат на црвја дупка, иста како таа на Стар Трек - Дип Спејс Најн:

     
    Последна измена: 11 јануари 2018
    На theowndemon, eli25, daylight и 7 други им се допаѓа ова.
  8. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Некултурата кај луѓето.Не дека не се образовани или прости,туку академски граѓани(па денеска,релано секој кој се запишал на факултет-завршил,доста некавлитетно),луѓе со авторитет,а со толку ниска култура (facepalm)
    Пред некое време,влегував во воз со претежок куфер и торбица,значи багажот претежок,и еден дедо (беше бесплатен ден за пензионери),значи ме истурка буквално.Се туркаат луѓе за да седнат,па последно на светот да е.Би можел да ме остави да поминам и да го сместам багажот,моето место би му го отстапила.И онака често им отстапувам место.Најмногу ме нервира кога ќе се развикаат низ воз,младите седат ние стоиме.Па не може секогаш да седите,јас патувам до дома скоро 3 часа,не секогаш можам да стојам,посебно не кога сум уморна или неспиена од учење.
    Втората лоша навика е тоа што мнозинството не е свесно за многу работи.Прво нема ни правна свест,ни правна култура.Законите се почитуваат само оти постои страв од санкција.Често си знаат луѓето на улица да фрлат ѓубре или да поминат на црвено,или да се привилегирани да не платат некоја казна или преку ред да влезат ]:) Сериозно,ова е за жалење ;(
    Стереотипите,мешањето во туѓите животи...се од тоа смета.
    Лечењето комплекси од родителите на децата,па родителите избираат школо,па дечко/девојка по нивни избор :puke:
    Хигиената која не се практукува...:puke::puke: Порано немало услови,па нашите баби и дедовци чисти биле.Денес демек сите услови и луксузи и пак гнаси.
    И најмногу,разгалените деца кои немаат почит,ни совест,ни работна навика.Цел живот тато носи,мама меси...Ама за нив е лошо (facepalm):x
    До утре би можела да набројувам.
     
    На Rama, Tanjamm, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Менталитетот на нашиов народ одлично се огледува низ нашите омилени поговорки, народни мудролии, узречици и фрази.

    „Ведната глава сабја не ја сече“ и „Викај ме и грнче, само немој да ме скршиш“ – У посовремена варијанта е „Ќути, може и полошо“.

    „Да му умре козата на комшијата“ – Ние сме можда единствениот народ кај кој зависта и љубомората не само што не се нешто за срамење, него се општествено прифатливи, до степен што за истото си има и фраза.

    „Што ќе речат луѓето?“ – Македонската верзија на основното прашање на сечие постоење, наша верзија на шекспировското „To be or not to be“.

    „Само за арно нека е“ – Коментар кога (не дај Боже) човек ќе се развесели и насмее на глас – затоа што доброто расположение е сигурен индикатор дека ни претстои некаква несреќа; верување во секакви суеверија и празноверија, бајачки, гатачки и гледачки, народни и алтернативни лекови.

    Зборови како „сеир“ и „гага“, кои почесто се среќаваат во секојдневниот говор во македонскиот отколку во изворниот турски јазик.

    „Ааа, треба да частиш“ – насекаде низ светов частењето претставува доброволен чин кој резултира од некаков повод за веселба; кај нас, тоа е обврска (на оној кој части) на која треба да те потсетуваат што поревносно и побесрамно, односно гага јадење и пиење (на частениот).

    „Знаеш ли кој сум ја?“ и „Немој да свртам еден телефон“ – Желбата на сите да бидат над системот и обичните смртници, фаќање кривини и врски у секоја можна прилика – дури и кога за тоа нема апсолутно никаква потреба, гурање и лакташење во редици и пикање преку ред на шалтери.

    „Кога ти даваат – земај, кога те тепаат – бегај“ – Олицетворение на нашето лешперство и желбата да се дојде до некаков ќар или приход, без разлика дали истиот си го заслужил или не, по можност без никаков труд или со минимален напор и секако, што побрзо.

    Затоа и омилените начини на „заработка“ ни се казина, кладилници, грепки, интернет страници за кликање, пирамидални шеми од типот на Лајонес и најново – биткоини!:D
     
    На Tanjamm, 1209, theowndemon и 18 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Колнење :puke:
     
    На Justicija, theowndemon, Мариаа. и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Два пати ми се има случено работодавец да се фали дека го имал пастирот на меморија во мобилен :D а порано во тинејџ деновите имаше тренд на фалење меѓу млада раја дека имале врски со рандом лик кој бил едно со Аркан :D
     
    На crimson, Briar Rose, +++ и 2 други им се допаѓа ова.
  12. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Има многу но најчесто се соочувам со мониторинг преку прозор кој влага во влез ,или отварам врата од стан и од карши станот обавезно сакаат да видат кој е ...ненормална појава
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.277
    Пол:
    Женски
    vreganje,gubre edno i sl epiteti koe deteto posle gi implentira vo zivotot kako vozrasen chovek
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Акo речеш декa некoј е сељaк бидејќи пaркирa среде улицa зa дa се гледa кoлaтa oд кaфичите или aкo сo мoтoрoт брмчи вo единaесет сaaтoт нoќескa, тoгaш си љубoмoрен и требa дa си јa гледaш свoјaтa рaбoтa.
    Сè знaе зa секoј и секoј е експерт зa туѓиoт живoт aмa никoј не е oпштественo свесен, никoј не пријaвувa криминaли бидејќи ,,не е мoе дa се мешaм''. Пoпрвo би oгoвaрaле декa кoмшијaтa јa тепa женa му секoјa вечер oткoлку дa пријaвaт вo пoлицијa.
    Кoгa и дa имa нaстaни кaде штo се дели бесплaтнa хрaнa никнувaaт пензиoнерки сo тoрби штo грaбaaт хрaнa зa дa се нaјде зa дoмa. Некултурaтa и дрскoстa се oпрaвдувaaт сo ,,снaјди се пa живеј'' и ,,јaс сум сaмo брутaлнo искрен''.
     
    На Rama, Tanjamm, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш имало некултурни луѓе и ќе ги има и понатака. Ме нервира кога си го пикаат носот кај што не им е местото оние што не ми се блиски. Што ги интересира зошто татко ми не се прежени, зошто не родам трето дете, и сл. Ќе пукнат од мака ако не дознаат. Ама јас им враќам на културен начин. Ме нервира и пикањето преку ред. Има една случка од пред скоро 8 години. Се шетавме со сестра ми низ ГТЦ и додека се симнувавме по подвижните скали една госпоѓа ја бутна сестра ми, за да помине со децата преку ред. Јас ја подбрав, а таа ми вика - ама јас се брзам. Јас продолжив да и враќам. А волот, односно нејзиниот маж, ми се закани дека ќе добијам ќотек. Јас му кажав дека слободно може да ми удри. Бев спремна и полиција да викнам. Сељачиште. Ме нервираат такви што се силат на други.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Maeve

    Maeve Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Моментот кога пикаат тоа носевите кај што не им е место, е нешто на кое да речеме сме, или барем јас сум отрпнала, многу повеќе ме нервира кога некој дошол да те види, од обичен small talk, доаѓа до солење памет и наоѓање критика, па дури и на некој начин вршење притисок, наметнување на нивното мислење или став. До таа мера што дур не прифатиш на глава ти се качуваат!
     
    На Tanjamm, hermosa, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Дали тоа значи дека и вашите мајки, татковци, браќа, сестри се гадни, некултурни, не менуваат гаќи по два месеци, се тушираат и мијат заби само петочно, газето го мијат само кора кога ќе фати, плукаат, фрлаат ѓубре кај стигаат? Или вие потекнувате од семејства со кралска крв? Зашто таква генерализација? Секако дека личната и јавната хигиена кај нашиот народ може да се подигне на едно позавидно ниво, но не е ни толку страшно како што претставувате. Самите сте толку негативни и критични, а не сте мрднале со мал прст да промените нешто. Не пред компјутер на фејсбук, туку во реалниот свет. Можам еден куп негативни работи да најдам, но дали таквиот став ќе промени нешто? Секако дека не. Треба да бидеме луѓе од акција, а не рамнодушни кон се и сешто.
     
    На Rama и Jane.Birkin им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Да не отвораат прозорци (макар малку) додека се возат со градски автобус или во други јавни простории, иако е очигледно дека испарувањата се кондензираат на прозорците во форма на капки. Не за друго, опасно е може некој да се онесвести поради недостиг на кислород. Луфтирајте редовно!
     
  19. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    2.869
    Пол:
    Женски
    '' Криминалци '' ради еден ден поминат во притвор - најпочитувани, идоли на простата раја. Уфилмани дека се српски мафијаши. Вулгарност, нецивилизованост, канцер на младината, секој разговор им започнува со : ''знаеш кој сум јас'' Националисти.
    Шминка и стил како Сека Алексич.
     
    На hermosa, Joi, peperutka87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Често патувам со автобус од еден до друг град.
    Имаше една случка, пристигнавме и сега нели, да слеземе од автобус треба. Стануваат сите и почнуваат да трчаат (буквално) низ автобус, ти се чини нема да слезат никогаш.
    Седев во првите седишта и станувам за да слезам, за една залетана жена од позади да ме турне по скалите и да паднам надвор на земја и при тоа ранецот, телефонот, новчаникот, слушалките, се да се разлета на сите страни. Го повредив и лактото и едното колено.
    За да биде уште потрагично, женава стои зад мене на скалите и дрско ми вика да станам, ајде, не сум била мало дете па да плачам, ги попречувам луѓето, требало да слезат. Оти јас планирав да си лежам тука, нели |(. Ќе пукнам од мака што ништо не и реков тогаш.

    И нон-стоп е вака. Стигнуваме, застанува автобусот и скокаат сите и почнуваат да се туркаат кој попрв да излезе.
    Од таа случка, седам и чекам сите да заминат па последна на раат да си слезам. Шоферот често знае да се зафркава, ми вели страв ти е да не загинеш, па си чекаш :lol:.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.