1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лошите навики на нашиот народ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 7 јануари 2018.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    A wizzair кога лета? Ко селски автобус. Туркање на влез, небаре ќе снема место па ќе мора да стојат. Окупирање на просторот за багаж на човекот што седи на тоа седиште. Окупирање на туѓо седиште оти повеќе ти одговара.
    Последниот пат ког летав еден човек цело време ми стоеше над глава и ми читаше од книгата.
    Урлање, викање, дерење, довикување.
    Еднаш се возев со цел авион жени кои се враќаа од прошетка за 8 Март.
    На пазар да идеш потивко ќе биде.
    Никаков осет за другите патници во авионот.
     
    На Ygritte, SummerGirl, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Овој народ превише ја има злоупотребено довербата мегу себе , што луксуз е некој да се реши да ти помогне
     
    На Alisa22, hermosa, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    За жал не е една лоша навика, повеќе се од кои би ја издвоила оваа, кога и да порачам нешто од некој или ти вика "во ред ќе проверам дали го има производот, па ќе те известам" а тоа секако не значи дека навистина ќе ме известат туку јас повторно морам да прашам, па аман! Да не треба да Ве моли човек за да порача нешто? А од тоа живеете, што се вели, колку пати од Вип ми ѕвонеле не сум слушнала тел, сум се јавила и таа ми рекла " некои од колегите ѕвонел, ќе Ве побара повторно" и секако повторно ни трага ни глас, овие се едни од навиките кои ме иритираат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Не одговараат на мејлови.
     
    На SummerGirl, Harper, КикиМаус и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Луѓе се луѓе, без разлика на кој дел од светот живеат - сите ми се исти и едноставно не ми е грижа за нив и нивните лоши навики без разлика дали моментално се наоѓам во Канада, Македонија или во некоја друга држава.

    Македонскиот народ, како и сите преостанати луѓе на планетава имаат доста лоши навики за кои секако не ни вреди да ги дискутирам, анализирам ниту пак да се жалам од нив - само ги игнорирам и го живеам животот како што јас сакам, а не како што сака едно големо стадо црни овци со испран мозок кои очајно сакаат да бидат бели овци.

    Никогаш не сум посветувала внимание на туѓата некултура ама ако некој сериозно ми попречува да остварам нешто што јас сакам, или ме навредува јавно без причина - нема ни да размислам двапати пред да употребам брутална искреност, сарказам, дрскост и морбидна вистина - и нема да почувствувам никаква грижа на совест или емпатија за нивните чувства.
     
    На Indiegurl, Tanjamm, Feminka192 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Ne e vo Makedonija, ali aj isti mentalen sklop.

    :D

     
    На Tanjamm, Ygritte, Feminka192 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Пушта четири жмигавци,и се паркира кај сака,за другите кој ги шиша.:puke:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Многу оговараат, не мора да биде злонамерно, туку озборуваат колку нешто да верглаат. И обично не е вистина, туку лична некоја интерпретација на настан, лик и дело. Последно дознав дека се прераскажува сапуница со мене во главна улога.
    Дури ми се чини во Скопје повеќе се млати празна слама отколку во другите градови.
     
    На hermosa, Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Ретко ќе сретнеш културен човек. Нарушени семејни односи во секоја фамилија, нема кој да ти помогне, а да ти одмогне скоро секој. Сеир колку сакаш. Ужас.
     
    На edna_malecka и hermosa им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Освен што е глуп,прост,злобен,никаков една случка не можам да ја заборам : една госпожа од големото добро утро беше на поседок дома и до куката моја (на два спрата) има приземна кукарка , и оваа талентов од балкон ги фрлала влажните марамчиња и тие завршиле на покривот на кукарката |(

    Во болница кога го видов вецето :puke:

    Лугенца верувајте ми што ке ви кажам :Нема да не примат во ЕУ никогаш!!
    Ваква некултура и невоспитани нема во Еу (n)
     
    На Anaxandra и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Да внимававте толку многу на вашето однесување наместо да јадете бурек за туѓото однесување и испади можеби и ќе бевме во далеку подобра позиција од онаа во која сме сега. Како ги гледате лошите навики кај другите, а не можете да ги приметите кај вас ? Тоа нема да ми биде никогаш јасно...
     
    На Роберт 7, Annath, SofiMar_ и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Бравооо !!
    Ете баш ова е најголемиот проблем кај сите, секој за себе ништо не знае нема никакви маани ниту лоши навики и е цвеќе за мирисање, а на другите мааните одма ги приметуваат и одма се коментира.
    СИТЕ СМЕ ИСТИ ГОВНА !!
    Порано старите убаво викале пред да зборуваш за дворот на комшијата, прво исчисти си го својот.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Па не прашувам за плата непознати, не прашувам кој кога ќе се мажи, жени, кој мога ќе има деца, не фрлам смет насекаде. Не сум европјанка ама некои работи ете не ги правам.

    Има културни луѓе, ама се реткост. Еден мој постар колега секогаш се обраќа со одмерени зборови, никогаш никого не навредил. Културен е и се издвојува, ама другото очај.
     
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Па и во Европа мора да постојат некои такви, секогаш и секаде ќе има такви исклучоци. Да дека во некој работи сме со позаостанат менталитет и поназад сме со култура, но тоа не значи дека и таму некаде тие се совршени и немаат лоши навики.
    Ако сакаме да направиме подобро место за живеење прво НИЕ САМИТЕ треба да се промениме на подобро, па потоа да се трудиме да ја смениме околината.
     
    На Herrera и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    @Snowflake97 таа група на луѓе може да се дефинира како нарцисоидни личности. Според нив сите други се будали и ненормални само тие се најпаметни и безгрешни.

    @Tanjamm не знам која е потребата да ме цитираш мене. Ниту те спомнав некаде дека ти си таква личност, искрено не знам која е причината поради која те испровоцирав. Ако се пронајде во групата на луѓе за кои погоре зборувам, јас не сум виновен за тоа. И да постојат културни луѓе и тоа не се поврзува со навиките туку со домашното воспитување и манирите. Ќе дојде време кога и на тие културните ќе им пукне филмот, па ќе ги видите во некое друго издание . Инаку секој од нас има по некоја лоша навика, можеме да се лажеме самите себе дека немаме. Некои дури и не се свесни дека ги имаат.
     
    Последна измена: 1 декември 2018
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Не ме испровоцира, туку имавме коментари едно по друго, а и јас ја отворив темата затоа. Ништо лошо не мислев.
     
  17. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    @Tanjamm нека биде така како што велиш ти. И јас немав лоша намера. Го напишав ова погоре бидејќи ме цитираше и почна да се правдаш дека ти не си личност со лоши навики. Првин немаше потреба да се правдаш. И не го сфаќај лично ова што го напишав погоре бидејќи се однесуваше на сите членови , а не само на тебе иако ти си ја отворила темата. Мислам дека сега е појасно која ми беше поентата.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.213
    Непочитувањето ни е најголемото зло.

    Да се избуткам преку ред на шалтер, да изиграм некого, да поминам јас на семафор, а тоа што ќе застанам на сред раскрсница и ќе блокирам се нема врска, а бе кој ги врти сите други, важно е ЈАС да завршам работа.

    И уште нешто што многу ми смета - барањето изговори, а не начини да се заврши нешто. Секогаш има некое АМА, за да не се заврши некоја работа којашто всушност има многу едноставно решение.
    Ама сепак ова е неспоредливо со првото.
     
    На hermosa, Tanjamm, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Лошите навики јас би ги нарекла - неписменоста и менталитетот на нашиот народ кој потекнува од општественото уредување. Некако демократијата не се разбрала баш меѓу генерациите :$ односно се разбрала дека може секој што сака да си прави и никој не му може ништо затоа што секој има ,,грб,, :x а колку има памет не е битно.
    Како може кога оди во странство да ги почитува тамошните закони и норми а во МК не може ?! Дилема на милениум...секоја чест на исклучоци. И Запад и Европа си има свое некакво си ,,ѓубре,, не велам не, но тие бар ги решаваат проблемите чекор по чекор на секое поле. Некои навики се ствараат во училиште а некои во семејството. За образовниот систем веќе е мрско да се зборува затоа што одамна е отиден во јабана и се создадени генерации со искривени погледи кон светот кои допрва ќе го отплатуваат данокот а семејствата како жртви на транзицијата лутаат и на крај се сведува на ,,кој преживи причаќе,,.
    Одење преку ред, плукање, фрлање ѓубре, поган речник, сообраќајна некултура, лична хигиена и сл. го препишувам на културата на народот. Иако е ,,лоша навика,, тешко да се трансформира во ,,одвика,,.
    Себичноста, љубомората, алчноста си го направија своето во ,,преживување,, во ова општество.
    Ај можеби за некој век ќе еволуираме и ќе не биде :wasntme:
     
    На Tanjamm, Annath и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  20. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364

    Ххахахах бабо ма :hug:

    1. многу мрзелив народ е нашиот, сака пари , а не му се работи.
    2. мешање во туѓ живот , мешање во приватност .....многу често македонец кој не те познава второ прашање му е : А колку зимаш плата ?
    3. правење паметни и понашањето СЕ ЗНАМ :emo:
    4. озборување зад грб - ти се прави пријателка, а јаде гомна за тебе.
    5.премногу завидуваат ако некој поубаво од нив живее.
    6.слабо имаат навика да се грижат за околината, у смисла фрлаат ѓубре кај ќе им текне.
    7.немаат основен бон тон.....мислам дека зборовите - благодарам - извинете- им се исфрлени од употреба
    .........

    Сигурно имам пропуштено уште нешто, ама овие најмногу ми имаат оставено впечаток кај македонците.
     
    На Dadusicka, Snowflake97, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.