1. Фрлање ѓубре насекаде и вандализам. -> Ова највеќе ме брука кога е во врска нашата држава. Навистина не ми е јасно како навлегло во нашиот менталитет. 2. Сообраќај. -> Освен фактот што нема сообраќајна култура, ме нервира тоа што паркираме на тротоар и немаме доволно паркинзи каде што треба - доста нереалистично да барам од моја страна и е повеќе во врска со закон и простор, ама сепак. 3. Работни места. -> Отидеш на доктор, во банка или било каде и не те услужат затоа што доцнат, пијат кафе или прават муабет. Срамота. Тотална нефункционалност. 4. Конзервативност. -> Again, ова е нереалистично да барам, затоа што конзервативност постои во секоја држава и јас не се согласувам со истата, ама конзервативноста во нашата држава е базирана на заостанатост, неотварање на умот за нови работи отколку како политичка определба и ме страшно ужасно нервира. 5. Непотребни коментари. -> Не знам како е „дозволено“ кај нас некој да те види и прво нешто што ке ти каже е колку си ослабела/здебелила. Луѓето имаат одвратни навики да коментираат нешто што не треба да ги засега, дали е за твојот љубовен, работен живот и слично, ама ете. И уште многу, многу. Ќе кажам, не сме најлошата држава на светот ама треба многу да смениме, што не знам ни дали е можно.
Кога ќе дојдам во Македонија: Колку платичка ти дават таму? -Доволно. Кога ќе се мажиш? - Дечко ми и јас ќе бараме прво стан ќе живееме малку заедно па после ќе видиме. Аааа не! Тоа не е добро комшии гледаат, роднини треба прво да се венчате. -Па и во Македонија е така ретко кој оди кај мажот после венчавката повеќето се венчаат после некое време. Кај нас тоа се вика венчано одкако ќе си дадеш збор и ќе ги известиш роднините. -Добро. Генереално сметам дека имаме културен народ има некои исклучоци но тоа се тие што не излегле надор од околината.
Балканскиот менталитет, поради кој, за жал, се околу нас е многу нивоа под светски стандарди. Бев на работилница за активизам, девојчето беше од Северна Европа и онака дискутиравме за кои се најголеми проблеми таму, а кои тука. Колку би бил ефективен тивок протест, или нежен протест, како би се гледало на тоа: мотивирачки или со потсмев. Пред да заминиме, девојчето рече дека почна да губи надеж, а инаку е оптимист и пробвала на се што гледа околу себе да гледа на позитивно. И ете ќе тргнам од работи кои ми сметаат мене лично, и работи кои, in the long run, би влијаеле на иднината и идните генерации. Фрлање ѓубре, прекумерно користење најлонски ќеси, апсолутно не грижење за околината - кога и да сум надвор од Македонија, ретко каде има загадување на улица, а ако ете има, минимално е, средно. Тука е ... Да не дувни ветер јер пластична ќеса можи да ти мани в лице. Тоа и го зборавме со девојчето, вика дека на сабајле од бурекџилница ги гледала луѓето како излегват со бурек и најлон, и излегват, вадат бурекот одма и го фрлат најлонот на земја. Прашањето е ... Зошто ... ? Зошто го зема најлонот првично ако го фрлиш на две минути од вратата? Тешко е да го држиш в рака 10 минути, дур наидиш на следна канта? НЕ. Вандализам - втора работа за која сакам да зборам е ова. За Битола имавме прекрасни проекти, кои имаа за цел да го разубават градот. Еден пример е "улична" библиотека, каде имавме како куќарки ширум Широк Сокак, и внатре веќе имаше книги и упатство. Упатството беше да земиме книга и да ја прочитаме и да ја вратиме во една од куќарките. Другото упатство беше ако имаме стари книги да ги ставиме и сите заедно да читаме. Да остам на фантазија шо се случи? Книгите ... Некој си напрај домашна библиотека. Куќарките ... Кои кршени, кои кренати скроз, ретко остана некоја. Прашање тука е пак ... Зошто? Зошто да се уништи проект на кој се вложени толку пари? Зошто да се уништи проект кој би влијаел позитивно на најмладите? Па да не почнувам од кршење клупи, па дур и крадење делови од улични ламби. Мислам ... Страшно. Ај да спомнам и графити тука. Многу сакам графити, мислам има неколку кои се одобрени, уметнички и се апсолутно stunning. Ама, која е потребата да си напишиш името на рандом ѕид, куќа, кола бре дете? Која е потребата да уништиш нешто шо не е твое? Во вандализам ќе ставам и крадење на ново насадени дрва, или пак на засадените ружи. Една година толку краделе ружи, со се корен, шо полиција ги чуваше. А, секој пат кога се движам кај руживе, абе ќеф ми е да ги гледам, да, убај се, ама кога ги режеа преминав и прашав ако можи да ми дат гранче, а не ојдов во факинг два после полноќ да ги крадам. Сообраќај - искрено, нема посреќен човек од мене за платените паркинзи зошто се е средено, ама ... Силовани се малите улички каде луѓето паркираат за да избегнат ДУРИ 20 денари за паркинг. Па и децата од тие улички сакаат да си играат на улица. Можда требаше да напишам ова во вандализам, ама на секоја станица имавме табла, во стакло, со возен ред. Не знајте колку од помош се. Онаму кај шо останаја. Можда на ... Шознам ... Две станици. И на неколку ставија пак и ... Не знам ... Ги нема поќе. Па да не влегвам во каснење на автобуси, скокање редови, не работење кога им одговара и слично. Има еден автобус шо сто пати ме има извисено кога итно ми треба, ме коштало да давам пари на такси кога ми се последни. А, не можам да видам кога имам следен автобус зошто нели ... Некој ... Го уништи возниот ред. Улични животни - кој ме има читано барем малку, знај дека обожавам животни. Ама, тоа не значи дека припаѓаат на улица. Тука, нема да коментирам мерки кои се преземаат зошто вистина почна да се мрда од мртва точка, така да - аплауз! Ама тука сакав само да пишам, кога се случва трагична несреќа, сите серкаат како државата не прај ништо, ама кога државата ќе прај нешто, тоа што го велат е: "колку луѓе немат леб да јадат, вие ова ќе решавате", е ова е тој класичен, наш, ужасен, менталитет. И топ цитати: "Остај ти, роди си дете, кој ќе те гледа на старост?" "Колку луѓе немат леб да јадат, а ти нова пудра си купи?" "Немој да одиш кај дечко ти дома, шо ќе речат комшиите." "Пу- пу скраја да е" и тука тропа три пати во нешто дрвено и се мрднува од местото еден сантим кон лево. Ако продолжи нелагоден разговор ќе тропни на различно дрвено нешто три пати, и ќе се помести сантим наназад. "Ај, ај нетуку зборај" се користи за секоја ситуација кога се коментира нешто социјално, балкански, неприфатливо. Пример: атеизам, посвојување дете (жими се мајка ми вчера ми рече да не сум јадела лајна зошто ми се испушти дека најголема желба ми е да посвојам дете), кога детето неќи да напрај нешто шо родителот сака и сл. "Имаш дечко? Како не, 15 години имаш! Изнашетај се, смени, види." Ова е најчесто некоја тетка, шо ако имаш дечко на 15 години ќе јади лајна на секој кој те познава. Ова е истата жена шо на 22 ќе те праша кога свадба. "Леле мајки, немој бе 15 години имаш, како дечко од сега." Мајката знај шо ќе речи тетката зошто и мајката е нечија тетка. "Тешко во та куќа шо ќе влезиш." Мислам дека нема смисла да пишам уште топ цитати, сите бар еднаш сте се судриле со нив.
Претерано мешање од страна од роднините за свој приватен живот Пример: тетка што не ми е којзнае колку блиска и со која се гледам 2-3 пати годишно се најде во ситуација да ме советува да не бирам многу за дечко, зашто ми течел биолошкиот часовник и сум требало да раѓам Ја отерав у п.м и веќе не ми збори Барем главата ми е раат!
Тоа веќе стана нормално. Ние сме нели многу паметен народ, и сегде ќе гледаме и советуваме само не дома. Јас на такви не реагирам, не дозволувај да ти расипе ни минута од денот Вака си и го направила меракот
Нивото на култура е загрижувачко, отпадоци се фрлаат буквално кај ќе се стигне, на сите страни низ улиците, парковите, тревниците.., страшно! Да не зборам за уличен вокабулар, пцуење, озборување, завист, провинцијалистичко однесување, непрописно паркирање, висење по обложувалници и казина, конзервативност, замарање со “туѓото мислење”, суеверие, а најстрашно и најниско е одење по бајачи и гатачи.
1.Од зборување и берење гајле за туѓ живот. 2.Хигиената во сите градови е загрижувачка,нивото на свеста е донесено до 0 и кај млади и кај стари. 3.Културата во сообраќајот е повеќе и од ужасна,во јавниот превоз исто така нема никаква култура. 4.Не дај боже да треба нешто да стредиш во некоја државна институција,ќе окапиш со денови по вратите бидејќи неможат да го мрднат газот од фотеља те пуштаат сам да одиш од канцеларија до канцеларија и ни самите незнаат што зборувате сите се како муви без глава. 5.Тоа што сите се прават дека се некој и нешто и си земаат за право да понижат луѓе кој се од различни слоеви а 80% од луѓето кој ни ја водат државата се неписмени,(пред извесно време поднесов барање да ми се извади интернационален извод на Англиски јазик,кога отидов да го подигнам изводот на све личеше само на извод на англиски јазик НЕ изводот беше испечатен на латиница и то е то, кога прашав што е ова госпоѓата бледо ме гледаше и немаше поим што е разликата помеѓу англиски јазик и латиница). 6.Плаќањето сметки во банка или пошта е научна фантастика за оваја држава,ги жалам луѓето кој со сати треба да стојат на нозе без разлика дали се гладни жедни или болни,а некој познат на тие пиунчињата на шалтерите ќе дојди и преку ред ќе се довлечка до шалтер без никаква свест и совест. Шта речи а не заплакати. Има уште многу дефинитивно но ќе треба да останам да пишувам до утре сабајле.
Многу неморал исто така во последно време. Мислам дека вака не било досега. Девојки се фоткаат голи од 15 години, се снимаат додека имаат секс, женети, омажени, си имаат љубовници како да е тоа сосема ок додека се во брак. Родителите скоро и да не ги воспитуваат децата. Многу незаузданост. За некоја жена која никогаш никаде не работела, а само дома готви, мајка ми знае да каже „вредна е“. Како тоа вредна, ако самата зготви храна за себе, мора нели, и за сопругот плус, значи по автоматизам е вредна?
Фрлањето ѓубре е стандард кај нас. Ги мрзи господата дома да го тресат ѓубрето, па го фрлаат од тераса. Колку пати имам начекано трошки кај мене на тераса. Ама кога ги подбрав веќе не се осмелија да тресат чаршафи. Ме нервира плукање по улица. Многу ми е сељачко тоа. Фрлање хартии надвор. Ги мрзи во корпата да ја фрлат хартијата од смоки. Седење со нозете на клупа. Очигледно газот ги боли. Гласно разговарање преку телефон во автобус. Па мора ли сите да те слушаат што разговараш. Буткањето во автобус. Демек награда даваат ако зафатиш место. Пикањето преку ред. На сите им се брза изгледа. Ама такви не трпам и со ќеиф се карам.
Остај трошки барем птици ќе ги изедат. Ти не знаеш какво е на местата кај што одат на излет на Скопска Црна Гора. Депонија права, а пред карантинот немаше толку. Памперси, шишиња, губре секакво. А со коли одат сите, и после тие се сељаци на село што живеат, а луѓето неколку пати организираат чистење. Гнаси во буквална смисла тие што фрлаат.. Да имам некоја власт не парична казна би ги кршел од ќотек. Незнам што воопшто им се врти у главата на такви кога фрлаат ѓубре во природа.
1. Озборувања. 2. Местенки. 3. Љубомора. 4. Некултура (во секоја смисла) 5. Поголемиот дел од нив и нечесни играчи.
А ѓубрето пред врата да ти го оставаат, ко твое да е, па јас треба да им го фрлам. А одговорот е: -Не е на твојата врата што се лутиш, помеѓу двете врати е, ќе го фрлам кога ќе се собере. И така ние си собираме ѓубре во ходникот на зградата. Битно не се фрла од балкон.
А уште поголем проблем е кога тоа ѓубре ќе замириса. Да ти се слоши. Да ги спомнам и тие што чуваат кучиња по становите. Кога нивното куче врши голема нужда, тоа што останува си стои на скалите. Честа појава е истите тие кучиња да вршат работа на тревата кај што играат деца.
Дебела нација. Компулсивно прејадување поради неможност за справување со емоциите. Величење на бракот и родителството иако повеќето од нив се далеку, далеку од среќен брак, а децата не знаат да ги воспитаат. Солење памет на секој, како стрини додека самите не можат да си го средат животот.