Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лошите навики на нашиот народ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 7 јануари 2018.

  1. bambina carina

    bambina carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Ne gi zaboravajte gatackite, bajackite:rofl: taka nie naogjavme zaklani zivotni na kukniot prag :xama ne znaeme cie delo bese. Psihopatski narod, nesovesen, grub i bescuvstvitelen
     
    На Tanjamm и Billy Idol им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    13.593
    Пол:
    Женски
    Мене една директорка кај што бев на пракса ме прашуваше што можам да жртвувам за работата (требаше да потпишам договор за вработување). Замисли само. Се утепував од работа, терав на факултет, полагав редовно, одев во сабота и враќав часови, вистина бев амбициозна. И на крај ме пресече демек многу сум била преамбициозна и ним такви не им требале, ама ќе размислела во зависност од тоа што ќе ѝ одговорам. И тука ме прашуваше кога планирам да раѓам, како ја гледам иднината. Како некоја онаму ќе ми рече мене кога јас и како да оформувам семејство. Свашта. Фино лепо си напуштив. И ич не жалам бидејќи сама си створив многу можности.
     
    На 1209, Tanjamm и hermosa им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Коцката луѓе, коцката. Премногу луѓе познавам кои изгубиле многу (и материјално и фамилијата), заглавени со кредити, лихвари, пропаднати бизниси, живеат од ден за ден и сеуште коцкаат. Мислам дека како што се коцка во сиромашните земји еве конкретно како ние, никаде не се коцка. А за жал, најчесто од тоа почнува, да се дојде до брзи пари, да пробаш да направиш нешто преку ноќ зашто ти се смачило арогантниот газда да го трпиш да те експлоатира за минималец и така преминува во една од најстрашните навики. За греота.
     
    На Ivanna23., Billy Idol и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    13.593
    Пол:
    Женски
    @Jana06 ами се лажат со оние брзите кредити. Плус, секој за себе е. Никој не ги тера да се коцкаат. Ниту пак да одат по "брзи" пари. Знам луѓе испозаглавени, ама тоа е. Можеш совет да дадеш, но не и да помогнеш некому што не сака ни сам да си помогне.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. La_Luna

    La_Luna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Ова можеш да го тврдиш одкако ќе успееш да се интегрираш барем во неколку други општества надвор од Македонија. До тогаш, една самоанализа би ти дошла добро. ;)
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.241
    Допаѓања:
    13.044
    Три од тетките ми кажувале како да ја трошам мојата плата. Едната сум требала на брат ми секој месец да му купувам нешто или пари да му давам, другата на родителите секој месец да им давам, а третата апарати за домаќинство да сум купела и да сум ја доградела куќата на моите. Ова секако е ненормално и не може некој да ме убеди дека секаде има такви. Секаде има секакви, ама не вакви. Да ти се тупне дома и есап да ти прави. Безобразно. На Запад си постои дистанца и со роднини. Доаѓаат еднаш, два пати по покана или најава, седат колку се седи, прават муабети какви се прави и си одат. Сите ќе се интегираме во друго општество зошто да не. Од подобро зијан нема. И јас ќе дадам уште 100% на работно место каде газдите нема да ме испитуваат дали ќе се мажам, раѓам и слично. Ќе дадам уште 100% ако знам дека вреди, и дека со труд ќе напредувам, а не некој кодош да ме претркува нон стоп само затоа што кодоши. Не е така секаде, се тешиме само. Брат ми работеше во Словенија, и таму луѓе човек кој нема познавање на струката за 3-4 дена му даваат отказ, нема камуфлирање, нема кодошење. Овде со години луѓе кои немаат поим опстануваат благодарение на кодошење.
     
    На Ivanna23. и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Мене одамна не ме вознемирува овој народ, си го гледам најтесното семејство, професионалниот развој и држам дистанца. Ама на моменти ми е криво што со oвиe требало со години да делам кислород и право на глас. Cе чудам кој им даде држава на вакви сељаци.

    Неколку пати бев сведок „лепотани“ од господовата раса да се потсмеваат на странци со поинакви физиономии биле тие Азијци, Африканци или белци од северот и туѓ срам ме поједе. Злоба уклучена на најако до плафон. Првенец на генерација од мое школо се закачи на прозорец и викаше по еден црнец ќумбе и циган и тој ќе биде доктор, ќе те лекува. Или сега со Бугарија расистички испади, им пцујат се татарско и турко-монголско како да е некоја навреда. Што, Татарите, Монголите, Туркмените не се луѓе? Едно е да имаш спор, друго е да не артикулираш начин да се искажеш.

    Коруптивни, оди на лекар носи кафиња, сокови, бомбониери, подароци и персоналот сместа го менува односот. Каде е државата сиве години да го забрани ова?
    Професор, наставник уште прв ден во школо се обидува да разбере кој чие дете е. На класен час пред цел клас испитува родителите што ти работат.

    Старци со внуци дома, среде Скопје дофрлуваат кој г.. колку к... може да прими. Детиштата или оставени на улица од утро до вечер или дома со телефоните во раце додека родителите исто прикачени на социјалните мрежи или оговараат, фаќаат сеир некому.

    Познати бизнисмени, политичари, директори по наследна линија додека црпат од секоја каса ќе имаат фанови и поддржувачи да ги бранат, ти оди го потешкиот пат и справувај секаде со сопки.

    И ќе ти рече некој сакај ги, македонци биле. Море мрш таму.
     
    На SnowWhite8, hermosa, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    13.593
    Пол:
    Женски
    @i...ja и само најтесното семејство и два-тројца луѓе поблиски ти требаат за да ти се битни. Другото аут. Од наш народ ко шо можеш да страдаш..
     
    На Ivanna23., i...ja, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    16.138
    Пол:
    Машки
    Велиш не те вознемирувал народот, а се припотресваш за секакви глупости од поединци :D
    Кој народ според тебе е без мана, идеален во се, погоден со сите нишани па да ти извајме еден произход за натаму?

    И никој не ни даде држава на нас "сељаците" туку некој се изборил за неа, краљице.

    А ти шо си?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bambina carina

    bambina carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Ах,сеирот и потсмевањето е национален спорт тука , некои мислат така расте туле.:):)
    Во основа тие се бедни и исплашени души кои сакаат да го тргнат фокусот од себе некој нив да не ги земе низ нозе, затоа бараат жртва на кој може и тајно му завидуваат и го гледаат како конкуренција.Среди го да не те надмине,така прават тие.
     
    Последна измена: 5 декември 2020
    На i...ja и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Не знаат за што служи кантата. Или пред или до канта оставаат отпадоци.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.241
    Допаѓања:
    13.044
    Се фалат со работи од кои треба да се срамат. Жена на 41 година за прв пат во својот живот се вработува во фабрика, за минималец, и работи едноставна работа за која не ти треба некое знаење. Таа на еден лекар при секое видување му раскажува како тоа се снашла брзо, како добро и оди на работа. Ејеје, таа се снашла замисли во фабрика, за минималец, и работи прв пат на 41 година, уууааааууу. Измислила топла вода. А што да каже лекарот кој скапал од учење и работи каде, каде посложена работа од неа?
     
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Така е. Дури мислам дека треба да им се скрати секакво право на мислење. Да си работи во фабриката и да ќути. Да живеат академските граѓани!
     
    На cresa-jagoda, Осе, Anomys и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    6.768
    Пол:
    Женски
    Секој си има различни цели во животот, некој помали некој поголеми. Со тоа што таа ќе му се пофали на докторот не го успорува неговипт труд туку едноставно е среќна со тоа што постигнала нешто. И не е срамота да се снајдеш да работиш во фабрика за минималец се додека работиш и чесно заработуваш а не чекаш милостина.

    Лоша навика кај нашиот народ што ме нервира се брзите предрасуди и осудување без да ја погледнат целосната слика и од туѓа гледна точка.
     
    На cresa-jagoda, Someday, crimson и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.784
    Пол:
    Женски
    Можеби жената е среќна што конечно нашла некаква работа и сака да го сподели тоа?
    Зошто сте вакви бе?
     
    На cresa-jagoda, crimson, Mishela и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А ако наместо на лекарот, му се пофалила на хигиеничарот, у ред ќе било?
     
    На cresa-jagoda, crimson, Осе и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Bugs Bunny

    Bugs Bunny Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2021
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Оговарање, исмевање, немање култура.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm и Филотеа им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.241
    Допаѓања:
    13.044
    Да живееш на туѓ грб до 41 година, е срамота, а потоа да работиш најобична работа не е некаков успех. Секој треба да има работни навики, а не на старост да се сети дека ете добро било да се работи. Особено не да го замараш лекарот на секое видување како тоа ти многу работиш, те бива, си се снашла. И на хигиеничарот не е ок да му се прави успешна. Дури и да си успешен, остани скромен, не потценувај, тоа е доблест.
     
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.107
    Пол:
    Женски
    Па и твоево е срамота што го правиш, од каде знаеш која е причината жената што не работела, може имала некоја пречка па сега ја поминала и нашла работа, без разлика каква и за колку пари нејзе битно ја прави среќна и горда.
    Многу си земате за право да коментирате и судите, ама прво облечи нечиј чевли и чекори во нив па после зборувај.
     
    На cresa-jagoda, WarriorMind, Осе и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Па ете жената почнала на работа и е среќна...И што има врска ако е 41 година, можеби до тогаш не можела да работи...не е апсолутно ништо лошо да работи некој во фабрика за минималец, ете и сама кажа лекарот учел и работи потешка работа ама па затоа не зема минималец
    Тогаш фабриките нека останат празни сите медицина ќе учиме :headbang:
    Сите имаат различни цели во животот и не смееме да се мешаме во туѓи одлуки, жената ништо лошо не направила...а не пак да направила нешто за срамење
     
    Последна измена: 10 јуни 2021
    На cresa-jagoda, ane.bella и Jana06 им се допаѓа ова.