1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лошите страни на хороскопските знаци

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 15 јули 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Според астрологијата, небесните феномени ги владеат човековите активности врз принципот на "како горе, така и долу", така што дванаесетте знаци се за да претставуваат дванаесет основни видови на личноста или карактеристики на формите на изразување.

    Има сончеви знаци и месечни знаци, кои зависи од вашиот датум на раѓање.Со хороскопот може да се одредат позитивните и негативните страни на луѓето. Прочитајте и дознајте кој е најсуетен, најдеструктивен и најпосесивен знак... но и со кој никогаш не треба да стапите во брак.



    ОВЕН
    Арогантни „гадови“, секогаш се некои шефови и главни се во се'. Причина за тоа најверојатно е малата големина на машкоста или минијатурните гради. Тие се болно посесивни кои со задоволство би му ја одзеле слободата на својот партнер, а на себе си дозволуваат да имаат и цел харем со љубовници. Најчесто целат, кон неосвоиви тврдини и не признаваат дека изгубиле, се додека целосно психички не се уништат. Ментално се многу несреќни, се караат се за се' и сешто, воопшто не го познаваат зборот „тактика“, а чекањето за нив претставува болест. Кога ќе видат дека сте во право, тоа нема никогаш да ви го признаат. Себични се и нападни, не поседуваат никаква емотивна интелигенција, а на крајот секогаш завршуваат со некој „кретен“ бидејќи нивниот избор на партнер е вистинки ужас. А нешто што најмногу може да ги изненади и зачуди е фактот дека се изневерени и напуштени.



    БИК
    Самозадоволни и секогаш молчеливи, на сите им се здодевни исто како да се од некој клуб на филателисти. Нивниот најголем психички проблем е тоа шти никогаш, ама баш никогаш немаат никаков проблем. Секогаш им е се совршено и затоа немојте ни во лудило да ги оптеретувате со вашите проблеми, бидејќи тие ги немаат и неможат да ги разберат. Всушност се што треба да направите за нив е да им направите проблем во животот, за да им биде интересно. Не сакаат да заведуваат, туку да бидат заведени, а луѓето родени во овој знак, се неверојатно посесивни и многу, многу ненаситни, што најлесно се забележува по нивните проблеми кои често ги имаат со тежината.



    БЛИЗНАЦИ
    Главни озборувачи, издаици и лицемери. Мислењето им се менува на секои 10-15 минути (велат дека и Јуда е роден во овој знак). Луѓе со стотина лица. Постојано нешто глумат, тие се „нарциси“ со многу плиткок поглед на животот. Ако повлечете една линија ќе забележите дека вие всушност сте на многу ниско место во нивниот список на приоритети. Секогаш има нешто што е поважно од вас. Ако сте во врска со Близнаци, единствената вистина е дека сте изневерени, а најлошото е тоа што овие луѓе изневеруваат повеќе личности истовремено. Добро е тоа што сите тие личности имаат ист третман како и вие. Накратко,имате работа со личност која никогаш и никако неможе да ви овозможи квалитет,а тоа што не ви овозможува ништо не значи дека не очекува од вас да му бидете секогаш при рака и да му ги исполнувате сите желби.


    РАК
    Посесивни лудаци, се навредуваат ако не им посакате „добро утро“ на тон кој нив им одговара, го менуваат расположението како што ќе им падне на памет и секогаш имаат потреба да му досадуваат на некој. Ако ги обвините дека лажат, готови сте, ќе плачат и ќе се жалат со години. Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност. Еден ден е вашиот најголем непријател и садист, а веќе следниот ден е истиот оној „стар“ и мек како памук. Ако сакате покрај себе да имате темпирана бомба која на неколку дена ќе ви експлодира во лице, само напред. И совет, зачленете се во ловно друштво, бидејќи кога тогаш ќе ви затреба пушка.


    ЛАВ
    Арогантни, вообразени и напорни, потценувачи кои навистина веруваат дека нивните грешки не се грешки, дека нивното влегување во просторијата го пратата безброј рефлектори и дека покрај нив секогаш има најмалку барем една личност која ги обожава и која би го дала и својот живот само за еден поглед од нив. И вистина е дека секогаш има една таква личност – тие самите. Ако сакате да функционирате нормално со еден Лав, веднаш треба да научите како да се согласувате со се што тој ќе каже и да го обожувате без никакви посебни причини. Бидејќи ако не се однесувате така, тој е во состојба да ви каже дека сте емотивно незрели и да ви створи уште низа безпотребни и неосновани комплекси. И најважно од се,не зборавајте дека машките лавови, ги менуваат жените како чорапи.



    ДЕВИЦА
    Опсесивни-компулсивни, невротични и пребирливи ситничари, кои од стресот се ослободуваат со чистење на станот и редење на алиштата во орманот. За нив љубовта е непознат поим, кај нив се се сведува само на секс. Само робот може да биде поприсебен и поладнокрвен од една Девица. Со неа сте сигурни само во едно – порано или подоцна ќе ви забоде нож во грб! Толку добро глуми, што нема ни да ви падне на памет дека со денови или мсеци веќе размислува дали е вистинско време да ве елиминира. И дури кога ќе биде целосно сигурна, ќе ги открие своите таленти за предавство, подлост и лицемерие. Тоа се „нарциси“ (самобендисани луѓе) кои се грижат само за себе и за својот изглед. Или како што тие убаво сакаат да кажат – тежнеат кон совршенството кој ниету еден друг знак неможе да го достигне.



    ВАГА
    Нарцисоидни и шизофренични, огледалото им е најдобар пријател, нестабилни се и потребна им е цела недела за да се одлучат дали сакаат да нарачаат „Кока Кола“ или „Пепси“. Толку се мрзеливи што е вистинско чудо што стануваат од кревет. Знаат да Ве сакаат само доколку сте финансиски добро „потковани“ или ако имате угледна положба.Зборот пријател не постои за нив.Колку и да бидете искрени и добри со нив , тие никогаш нема да ви возвратат со иста мера. Внимателно ве слушаат, но никогаш нема да ви се „отворат“ до крај. Помили им се илјада убави лаги отколку една болна вистина, затоа и може да им се додели медал за најдобро лажење. Тие лажат секогаш кога ќе им се пружи можност за тоа, се лажат дури и самите себе.


    СКОРПИЈА
    Автодеструктивци кои јадовите неможат да ги поднесат сами, па затоа со себе мора да повлечат уште најмалку 100 други луѓе. Утре да е крајот на светот, тие нема да бидат шокирани, најверојатно би го дочекале на садо-мазо оргии. Ги прати глас на посесивни психопати. Доколку останат без секс подолго време тие психички ќе се разболат и постојано умислуваат дека притив нив се коваат некои сериозни завери.Скорипиите се всушност емотивно многу незрели, невоспитани, подли, одмадољубиви и расипани дечишта кои не се воздржуваат од ништо. Без оглед на годиноите или полот, кога ќе поткопате под површината која најчесто изгледа интелигенстно, опасно и итро, доаѓате до емотивно незрели личности на ниво од пет годишно дете.



    СТРЕЛЕЦ
    Коцкари и расипикуќи кои уживаат да им солат памет на другите. Немојте ни случајно да влегувате во брак со Стрелец: иако е уверен дека ве сака, тоа „лудило“ ќе му помине за еден месец, освен ако не сте доволно богати да го задржите. Забавно е нив да ги фаќате во лаги, бидејќи имаат толку смешни оправдувања, што ретко на некој ќе му текнат такви глупости. Жално е да ги гледате како одат низ животот. Упорно одбиваат да сфатата дека нивниот систем на вредности е наивен и несоодветен, па затоа на крајот секогаш страдаат. Неможат да се пофалат со упорност и дисциплина, а најлошо се снаоѓаат со парите. Едноставно, немаат чувство за материјалните вредности. Тие чувства најчесто се извитоперени и умираат во беда иако целио живот трагаат по некакво богатство и престиж.



    ЈАРЕЦ
    Припадниците на овој знак се вистински робовладетели, веруваат во судбина, а зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Можете да бидете со нив цел живот и да го делите брачниот кревет но никогаш нема да знаете што всушност тие навистина мислат. Своите чувства неможат да ги искажат со зборови , па така често зборот „те сакам“ го заменуваат со некоја „сочна“ псовка. Би го дале и животот за добар статус во друштвото. Големи кукавици се и бегаат од проблемите , оставање во моментите кога најмногу ви се потребни е нивна специјалност, тоа го прават цел живот. Јарците се фригидни и неспособни да ги покажат чувствата. Премногу е спор и мрачен и не е некој со кој ќе можете да ја вкусите среќата во животот, затоа бегајте понастрана од искомплексираните кукавици.



    ВОДОЛИЈА
    Нескротливи луѓе со слободен дух, кој во текот на животот 500 пати се губат самите себе. Пријатели се со секој додека имаат корист, а потоа не ве ни познаваат. Најголемо задоволство им причинува пикањето на носот во туѓите животи. Најверојатно после ова нема да ве изненади фактот дека најголем број на шпиони во ЦИА, се родени во овој хороскопски знак. Се што ќе направат за своите пријатели, задолжително на крај ќе го наплатат. Суштината на Водолијата е во тоа што воопшто не и е грижа за вас и за тоа што мислите и што зборувате за неа. Причината што е со вас е дека ве смета за „чудак“, па затоа и високо котирате во нејзините очи.



    РИБИ
    Неподносливи досади, кои постојано чекаат да дојде некој за да ги утеши. Неможат ништо да направат без туѓа помош и најмалата ситница ја гледаат како врвна сензација за која им досадуваат на луѓето од нивната околина. Во паузите, кога се добро расположени, се занимаваат со туѓите проблеми, па повторно паѓаат во депресија – и така во круг. Рибите не лажат. Тоа е невозможно, бидејќи верата тоа не им го дозволува. Редовно одат во црква за да побараат прошка. И веруваат дека доколку тоа не го прават, Господ никогаш не би им простил.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    За јарец ништо не е точно , бидејки има и мн контрадикторности :) .Сепак да се насмееме не е лошо :tmi:
     
  3. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    РАК
    Посесивни лудаци, се навредуваат ако не им посакате „добро утро“ на тон кој нив им одговара, го менуваат расположението како што ќе им падне на памет и секогаш имаат потреба да му досадуваат на некој. Ако ги обвините дека лажат, готови сте, ќе плачат и ќе се жалат со години. Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност. Еден ден е вашиот најголем непријател и садист, а веќе следниот ден е истиот оној „стар“ и мек како памук. Ако сакате покрај себе да имате темпирана бомба која на неколку дена ќе ви експлодира во лице, само напред. И совет, зачленете се во ловно друштво, бидејќи кога тогаш ќе ви затреба пушка.

    Не е баш точно. Само во последно време се пронаоѓам во болдираното. :D
     
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Ќороскоп не читам, ама ова ми фати око бре и...џе ме наџе иста?
    Си имам малце проблеми оти сум порано родена и тотално ми одговараат и двата знака, и овој во кој сум родена и другиот што сум требала да бидам. Или може сама си се пронаоѓам. Чудесии. :D
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Е браво за темава..
    Пукнав од смеа.. :rofl: :rofl:
    А поготово за ова..

     
  6. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    ВОДОЛИЈА
    Нескротливи луѓе со слободен дух, кој во текот на животот 500 пати се губат самите себе. Пријатели се со секој додека имаат корист, а потоа не ве ни познаваат. Најголемо задоволство им причинува пикањето на носот во туѓите животи. Најверојатно после ова нема да ве изненади фактот дека најголем број на шпиони во ЦИА, се родени во овој хороскопски знак. Се што ќе направат за своите пријатели, задолжително на крај ќе го наплатат. Суштината на Водолијата е во тоа што воопшто не и е грижа за вас и за тоа што мислите и што зборувате за неа. Причината што е со вас е дека ве смета за „чудак“, па затоа и високо котирате во нејзините очи.

    -За мене лично не е точно. Нема врска дека се дружам со пријателите само од корист. Дури јас еднаш се најдов во ситуација да биде искористена од девица, но јас да корстиам некој-не!
     
  7. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто точно,особено делот дека е невозможно да лажеме и дека бараме прошка :D
     
  8. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Водолија

    Најголемо задоволство им причинува пикањето на носот во туѓите животи. Најверојатно после ова нема да ве изненади фактот дека најголем број на шпиони во ЦИА, се родени во овој хороскопски знак.

    Е само ова е точно.
     
  9. Bad-Mina

    Bad-Mina Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Нешто е точно аа нешто не е,барем за мојот хороскопски знак :D
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    СКОРПИЈА
    Автодеструктивци кои јадовите неможат да ги поднесат сами, па затоа со себе мора да повлечат уште најмалку 100 други луѓе. Утре да е крајот на светот, тие нема да бидат шокирани, најверојатно би го дочекале на садо-мазо оргии. Ги прати глас на посесивни психопати. Доколку останат без секс подолго време тие психички ќе се разболат и постојано умислуваат дека притив нив се коваат некои сериозни завери.Скорипиите се всушност емотивно многу незрели, невоспитани, подли, одмадољубиви и расипани дечишта кои не се воздржуваат од ништо. Без оглед на годиноите или полот, кога ќе поткопате под површината која најчесто изгледа интелигенстно, опасно и итро, доаѓате до емотивно незрели личности на ниво од пет годишно дете.
    Не е точно ова. :)
     
    На HuntressGirl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.