Лоши искуства од одмори - на што најмногу да се пази?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Macbetha, 23 мај 2012.

  1. Macbetha

    Macbetha Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    11
    Не сум сигурна дали веќе ја има темава, се извинувам ако ја дуплирав, ама овојпат би побарала од вас негативни искуства од различни локации и, да не речам, превари кои ви се случиле... Во основа, целта ми е да се споделат податоци за различни места на кои треба да се обрати посебно внимание...
    Фала!
     
    На ana-banana и Miss.Sweet им се допаѓа ова.
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Во истамбул на мене сакаа да ми открадат ташната ама не можеа....пазете не знаете од каде може некој да ви налета во тааа гужва
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Ова може да ви се сличи секаде, не само во Истамбул, ова се случува и кај нас во Македонија!

    Мене што ме имат зафркнато е само за бројот на седиштата им бевме нагласиле дека не сакаме да седиме на последните ( свирачките седишта ) може на тие пред нив, но никако на последните и тоа што е трагично уплативме еден месец пред тргнување и кога се видовме баш на тие седишта гром не удри. Али така е уплативме во една локална туристичка агенција, а тие соработуваат со Атлантис, најдобро е иди си дирекно во агенцијата и на лице место и договорисе.
     
  4. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Мене ми ја украдоа најдобрата книга и тоа на плажата :@
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Да се пази од кражби, од каснување од некое морско животно, од пливање во многу длабоко, да се пази од сонцето од изгореници и тоа. Обавезно мачкање со креми со заштитен фактор и стоење под сенка и чување на парите на безбедно место.
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Ако ме прашувате мене да се пази каде се јаде. Особено во не во некои нискобуџетни сендвичари. Поубаво купете си лепче и сиренце отколку некоја несигурна храна.
    Исто така кога менувате пари убаво прашајте си за курсот по кој менуваат на лице место, не читајте по табли и слично, неретко знаат да мамат и крадат во менувачниците.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.599
    На превозот.
    Како што превозот може да ти уништи добар почеток на одмор, ништо друго.
    Лани ни се погоди едно автобусче на ЈСП, "високотуристичко", без клима, скоро 12 часа, патување во најтоплото, од 05-15 часот. Јас мислам дека збеснав. Не се опишува тоа лудило. :devil:

    На храната. Каква е од прилика во хотелот ако може да се информирате, или какви се цените во местото каде што одите, ако веќе се храните надвор. Или по маркетите, ако сте решиле да готвите.

    Водата. За пиење ли е, нели е, штетна ли е, во првите денови е круцијално важно да го пронајдете местото со најевтина флаширана вода. :)

    Квалитетот на плажата и водата.
    Ситна, песочна, каменчиња, топла или грч ладна вода и секако - фреквенција на туристи, има ли простор, нема ли, се наплаќаат ли чадори и лежалки, колку итн... за мене ова е исклучително важен момент.

    Остатокот како времето, дали било 40 или достигнувало 50 степени ми е мене лично небитен, исто како и културно-забавниот живот во местото, во смисла дискотеки и чуда. Последниве 2-3 години ич не ме тангира тој дел, ми доаѓа да отидам на пуст остров, од што сакам да избегам од гужва и луѓе.
     
  8. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    битен момент превозот !!! многу битен момент. и ако одите во грција во тие студијата да се распрашате колкаво е !! една година во паралија не сместија во едно 2 на 2 страсно , лудило !!!!!!!!
     
  9. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ако патувате со агенција прво и основно на тоа, изборот на агенцијата. Сите си викаме па идам да се одморам не да уживам у хотел со 5 ѕвезди, ми треба само место да преспијам и слично али ако на пример ве сместат на брдо, а плажата ви е на 700 м, или немате топла вода за бањање, или ова Трендафилка што го наведе, ве возат во автобус без клима кој при тоа се расипува 4 пати по пат... Не е дека нема да влијае. Порано немаше Google maps/earth али барем сега може лесно да се проверат податоците што ги навеле или барем да се распрашате меѓу луѓе за искуства, а не да се залета човек на евтин аранжман, а уствари да му се с*ебе цел одмор.
    Второ хранење по непроверени ресторанчиња повторно ради некои екстра евтини понуди као гратис пијалок и слично, распрашајте се низ местата или и сами ќе видите онаму каде што редовно има луѓе дури и да е малце поскапо, барем не ризикувате да се затруете. Исто и со водата за пиење, пред се дали е бактериолошки исправна, па ако е идете на ризик тестирање на тоа колку ви е јак желудникот, дали реагира на промени и слично :D
    Не сакам да звучам како мама или баба, али особено за младите каде излегувате, што пиете и со кој се запознавате, особено последново. Голем број да бидеме реални идат на одмор и со таа намера, да се промуваат/прое*ат ама за оние кои немаат таква намера отворете 15 очи и барем не дозволувајте да останете скроз сами со непознати типци, колку и да изгледаат културни и фини.
    Четврто пливање, на сите ни се случило да сакаме да се одалечиме од плажата особено ако е огромна гужва и малце да пропливаме без никој околу нас, али реално е таков ризик, боље да станете сабајле во 7 или да не си легнете па да се избањате на празна плажа, него да пливате сами драстично далеку од обала.
    И последно, носете си секогаш соптвени лекови за не дај Боже, никогаш не земајте туѓи, особено ако не сте ги пиеле истите пред тоа, значи НИКОГАШ. И осигурајте се, за не дај Боже обично воспалено уво или било што да треба да одите на лекар, ако не сте осигурани ќе ве ошурат дебело.
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    -каква е плажата и во вода да не биде полно со карпи
    -превоз
    -одговорност на агенцијата
    -да се внимава на менување пари, знаат да украдат
    -парите што ќе останат во соба,добро скриени...сепак постојат секакви собарки (поготово приватен смештај)
    -се подразбира пазење на апарат/камера/новчаник...искрено ние дека бевме на одмор со уште еден пар на смени се бањавме,за да пазиме на работите
     
  11. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ако одите приватен смештај, добро запомнете и запазете колку пари сте платиле и за колку дена...јас кога бев во грција плативме мислам 300евра за 10 НОЌИ, за едно преспивање 30евра...тоа значи дека требаше 11от ден да си одиме, а таа "паметната" сопственичка не убедуваше дека сме платиле 270евра и дека 10от ден треба да си одиме ;)
    и нека не ве залажуваат дека не знаат македонски :D знаат, и тоа многу добро, само така се прават :) (ова за во грција) :)
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Повеќето работи се спомнати но јас имам едем совет.
    Последниве години поради високите УВ зрачења се исфрлам на кожата. Не само јас приметувам дека многу луѓе околу мене се жалат на истото. Колешка се врати сега од мини викенд па од јаките зраци се изфрлила како црвенило, а камо ли јули и август што одиме на стандарден одмор, ќе прегориме годинава.
    Тоа не е алергија бидејки не се мозолки, тоа како осип црвен кој може минимално да чеша.
    Затоа јас препорачувам сите кои сте имале такви проблеми да си земете крема т.е. Белогент-Белодерм (исто е различна фирма) која ептен е добра.
    Намачкајте се после плажа и за час ќе ви се изгуби цврвенилто.
    Треба да внимаваме на одмор од сонцето, нормално дека рано наутро и навечер е препорачливо сончање, но и под чадор зраците делумно поминуваат.
    [​IMG]

    А ако изгорите од сонце знајте дека нема подобро што ја вади топлината од вас од кисело млеко.
    Добро е да се има и некоја крема од аптека колку за нега на кожата, ама како што кисело млеко ќе ве разлади и ќе ви ја намали температурата ништо нема :)
    И секогаш имајте си јаглен апчиња, често си имаме стомачни проблеми на одмори.
     
    На sweet-cherry, Mermaid90, Peppermint и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Секогаш сум претпазлива кога решавам да патувам некаде и не се решавам брзо за некоја дестинација доколку претходно не испитам се. До сега не сум имала лошо искуство, барем не било ништо големо, и еве неколку мои "стручни" совети за да избегнете туфкања и нервози пред и за време на било кое патување или одмор.

    1. Пред да одите во некоја агенција да уплатите за некој аранжман, најпрво разгледајте на интернет што нудат или некое нивно списание или брошура. Откако ќе избрете дестинација и сместување обавезно проверете препораки и разгледајте повеќе слики и најдете цени за истото. Многу од агенциите нудат хотели или некои апартмански сместувања за кои кажуваат многу малку информации и ви прикажуваат само одредени слики за да ги продадат, а реално не вредат ни пола од парите.

    2. Друга важна работа е кога конечно ќе го одберете сместувањето, да дознаете што точно ви следува со него и условите доколку дојде до откажување на аранжманот или не се исполни според договореното. Многу од патниците овој дел го игнорираат, или не се добро запознаени и се враќаат крајно разочарани и изреволтирани, а годишниот одмор дефинитивно не треба да служи за тоа. Мој совет плус, побарајте контакт телефон од одговорно лице што е достапно 24/7. Секоја добра агенција треба да поседува таков број за не дај боже случаеви и ако стварно имате голема потреба да може да ги добиете и вон работното време.

    3. Распрашајте се за превозникот или авиокомпанијата. Многу голем удел имаат и тие за патувањето да биде добро и ако агенцијата избрала некои нискобуџетни превозници (ова повеќе алудирам на автобуските) размислете 2 пати дали да патувате со нив.

    4. Обавезно да се патува со патничко осигурување доколку се оди надвор од земјава, а знам дека многумина пробуваат да го избегнат овој трошок кој е минимален, а покрива многу доколку се случи некаква незгода. За мене ова е неизоставен дел, а плус се случува некогаш да го бараат и на граница и да прават проблеми за истото.

    5. Доколку имате можност парите распределете ги на 2-3 дела и тоа еден што ќе ви биде постојано достапен и со вас, друг дел некаде збутан во куферот и трет по можност на картичка. На картичка е многу добро што во странство секаде може да се плаќа, без потреба од тоа да ја имате потребната валута, и она што имам забележано курсот е многу поволен. Не препорачувам вадење пари од странски банкомати и плаќање во сомнителни продавнички и кафулиња/дискотеки.

    6. Не носете со себе скап накит и работи што упаѓаат во очи. Она што некогаш вам ви изгледа сосема нормално, во други очи е одличен плен. Доколку можете, вредните работи чувајте ги во сеф или прашајте на рецепција за заштита.

    7. Дознајте што повеќе за местото, кои плажи се најдобри, места кои може да се посетат и не е лошо да имате мапа и обележано хотелот/апартманот каде што ви е сместувањето (ова посебно важи за дезориентирани во простор и што не знаат странски јазици).

    8. За да заштедите на килограми во багажот, проверете дали сместувањето има фен, пегла и пешкири во собите и на колку време се менуваат. Исто така битно, за оние со кујна, дали има комплетно опремена со сервис и прибор или треба да се носи од дома. Таму кај што има минибар, не пијте ако не е неопходно. Цените се изгор скапи и може да ви стигне честитка за тоа пред да си заминете.

    Останатите работи претежно гледам дека ги навеле другите, креми со висок фактор, неопходни лекови, за глава, против алергии, здравствена книшка...

    И секако очекувањата нека не ви бидат превисоки или барем реални со уплатеното, секогаш подобро барај помалку - добиј повеќе, отколку обратно.
     
    На iskraFem и glosipgirl им се допаѓа ова.
  14. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Претходно многу добри совети сте напишале. Да не се повторувам.
    Само ова морам да го спомнам.
    Патничко осигурување ОБАВЕЗНО! Не е кој знае колку скапо, а доколку го немате и не дај Боже нешто се случи трошоците за лекување за странци се високи. Ма кога ќе видат странец цените од ракав ги тресат.
    На два пати на одмор сум имала незгода. Вториот пат морав и на рентген да одам, па ме кошташе враг и пол. Ама фино лепо си побарав фактура, снимки, односно цела документација за после да можам да си побарам осигурителната компанија да ми ги покрие трошоците. И така и беше. Ми беше исплатено до цент.
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.820
    Допаѓања:
    122.747
    Водата -дали се пие или не.Иако јас секогаш купувам,без разлика.

    Агенцијата и превозот-се случува и реномирани агенции да направат утка,ама ако се случи да те зезнат ти отишол цел одмор.Конкретно во Неа Пори,преку штипска агенција,уплативме за соба со поглед на море,а ни рекоа дека имало грешка и не сместија во друга соба,а со погледн на море само последните 2 дена! Пари не вратија,така да памет за next time.Друго да се види на слика смештајот,зошто се случува и преместувања,за едно сте платиле-друго добивате

    Заштита од грабеж-Ова мислам се подразбира,секогаш не само на одмор

    Патничко осигурување-Обавезно

    Лекови-обавезно.Заштита од сонце се знае :) ,од алергии,убоди од инсекти

    Храна-Да се пази каде и што ќе се јаде

    Јас ќе додадам и топла облека :lol: ,секогаш имам на долги,боди и дури и хулахопки :!: Како сум премрзнала еднаш,памет ми е за сега !

    И уште нешто-да не остане одморот само на едно место,распрашајте се за места во околината кои би вределе да се посетат,дали историски дали само поубави плажи и слично
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Пред да одите на одмор проверете си го патничкото осигурување. Мороните во агенциите стално ми прават по некоја ситна грешка во полисите, и баш ко за беља ќе ми затреба лекар, ама со грешка полиста не важи :@ :devil: . По ваквото лошо искуство, по 10 пати го проверувам патничкото пред да тргнам.
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.052
    Јас би кажала да се ВНИМАВА на ОСИГУРУВАЊЕТО кое го нудат во агенциите, како бесплатно или за 150ден.
    Работата е во тоа што има осигурувања со и без франшиза, па зависно од тоа сте или пак не сте ограничени на сумата за осигурување.
    Претежно ги ограничуваат на 150евра, па ако не дај Боже има човек проблем во странство, да треба да се лекува и тоа да го кошта некои 300евра, потоа не враќаат пари.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Кажете ми од каде е најдобро да се земе патничко осигурување и на што се треба да се внимава? За Грација ни треба за сега на одмор, ама многу многу не се разбирам во тие работи. Хелп?
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Според мене е најдобро од агенцијата каде што сте го земале аранжманот, ама ако не ви понудиле или одите на своја рака, појди до најблиската осигурителна куќа или агенција. Цените се исти, разликата може да биде во попустот (плус франшизата која не ја препорачувам, со тоа се добива многу пониска цена, а всушност најмногу се губи) и за да ти дојде поефтино побарај ако не ви понудат.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Одиме во сопствена режија. Значи подобро е без франшиза? Не сфаќам што опфаќа тоа, ќе може да ми појасните??