1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лоши искуства со непознати луѓе

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Belen, 23 јули 2010.

  1. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Сите сме ги имале и знаеме за што станува збор... Јас на пример, во последно време имам незгоди со непознати лица во автобус...

    Еднаш си земам автобус, после факултет, и влегувам, едвај чекам да седнам, внатре гужва... Не барав многу место, видов едно слободно до една жена. 'Извинете, слободно ли е?', таа ми одговара дека треба по бројот на картата да седнам. Ја прашувам, каде се бројчињата на седиштата, а таа замислете ми одговара со 'не знам'! А бара од мене да седнам на местото одредено со билетот! И после тоа, кога самата влезе во својата контрадикторност, ми вика демек нема врска, можам да седнам... Веќе бев изнервирана, но патешествието не заврши тука! Доаѓа шоферот барајќи ни ги картите, јас уредно му ја давам мојата, која ја платив 110 ден... а оваа до мене, која повеќе не можев да ја нарекувам госпоѓа, му подава стуткана 50ка, демек скришум! :@ Побеснав... го замразив човечкиот род! Да имав број за пријавување мито и корупција, немаше да се мислам два пати! :devil: Не е лошо да си го набавам, за друг пат... :)

    Ми се има случено уште едно патешествие во автобус... Речиси обратната ситуација... Си седнав во автобусот сама, автобусот полупразен. Доаѓа еден старец, имаше сигурно 70 години, и од толку места одбра да седне баш до мене (а можеше слободно да избере да се шири на две места)! Ми падна чудно, но, уште почудно кога почна да ми прави муабет, да ми подава рака уз муабетот, да ме прашува што работат моите, каде одам, дури и број ми побара! Се разбира дека дадов погрешни информации, а визитката што ми ја даде ја фрлив во првата корпа откако се изгубив од проклетиот автобус... Манијак!

    Имало уште лоши искуства во автобус и надвор од него... хаха... меѓутоа оставам простор и за вас! :)
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ова моево не е толку лошо, колку што е чудно.
    Си одев дома доцна навечер, враќајќи се од провод со другарките, сама.
    Одев по (за мене) добропозната улица.
    Слушнав автомобил зад мене и се потргнав настрана па продолжив да одам.
    Беше комбе и помина покрај мене и на некои 5-6 метра оддалеченост комбево застана, човекот што возеше ја поддаде главата од прозорецот и ми рече: „Девојче, право дома да си одиш.“
    Јас бледо го погледнав и му реков: „Добро.“
    Појма немав кој е човекот. Се уште немам.
     
    На Valerin и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  3. Lastbreath

    Lastbreath Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    И мене ми се има случувано кога сум се враќала сама од излегување да ме прати кола во која низ отворените прозори група машки извикуваат безобразни зборови на моја сметка. Таквите ги игнорирам од страв а инаку знам добро што да им кажам :!:
     
  5. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.681
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има случено исто како Хипица. Но доброто беше што не бев сама него со другарка. Идеме тука по една уличка, жив човек немаше. Кога еден автомобил со пуштена музика 100ка иде навака. И подзастанува. А ние идевме право по улицата и како што подзастануваше, ние убрзувавме од страф. Не достигна и гледаме младич, колку имаше може некои 20тина години. Ја стиша музиката и ни вика, девојчиња сте за забава? имам место во колата, а и кај мене дома |( и ние онакви ладни двете ( се правиме силни а се тресеме од страф) викаме не. Кога типот почна да не вреѓа, да не пцуе, пушти пак музика, и продолжи..
    Добро е што не ни се случи најлошото... :?:
    Исто така тука Кај Холидеј ин стазата седиме на клупа, кога двајца шип*ари ни доаѓаат девојчиња многу се убави девојчиња сакате ли да се мувате со нас.. :?: и како што тргнаа натака да одат,ние Џом да не нема напред :D
     
  6. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Ми се има случено вака многу пати ..
    Со другарка ми се шетаме и малку подзазтанавме и една кола застанува до нас и двајца мажи во години беа може имаа 30 и некоја години и едниот нешто ни кажа незнам точно што (одамна беше не се секавам) јас и другарка ми само онака ги погледнавме и продолживме да одиме со забрзано темпо .. абе има сеа секакви манијачишта :@
     
  7. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Ми ја погодивте темава.. Јаас пречесто имам вакви искуства.. ии не само на вечер..Туку сред бел ден..И тоа на кеј..И не сум сама.. туку со цела толпа на другарки.. Манијаци.. Без број..
    Еве една.. Еднаш така уште беше дење.. Се шетавме неколку другарки.. И секогаш коа ќе се шетаме мора да појдеме на кеј ии да поседиме.. И сеа појдовме таму на крајот.. Ама негде на почетокот другарка ми забележала едно бате кое и се свиѓа веќе подолго време.. Јас, толку ми штракаат заминав сама до таму да го најдам ии да зборувам со него да го доведам таму кај што седевме.. Но ете на сета несреќа зад мене 2ца манијаци.. Јаас одам се побрзо тие идат по мене ии свират, испуштаат разни звуци.. Јас.. Што да ви кажувам.. Срцето в петици.. И добро е што се проиближував кон мостот, паа преминав ии тргнав наоколу за да дојдам до клупата кај што беше друштвово мое.. За среќа не поминаа тука.. Ако поминеа не знам што ќе направев.. :( :worried:
     
  8. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Еднаш се возам во лифт и имаше уште еден постар човек внатре.И јас се гледав во огледалото во лифтот и си ги ставав обетките.И само човеков ми вика кукле ти треба помош.И јас цела преплашена,а си глумам искулирана му се насмевнав и му реков не,фала можам сама.Ми се запна не,не дај ќе ти помогнам да не се мачиш.Абе едвај чекав да излезам од лифт,ќе умрев од страв за малку.И од тогаш вардам да не ми се погоди в лифт пак тој. :worried:
    Друг пат,се враќаме со другарка ми навечер кон 1 и нешто и ни застана една црна кола и внатре две машки.И ни викаат да се запознаеме.Ние ништо не им рековме и продолживме.Арно ама ја отвори едниот вратата и за малку ќе ме фатеше.Почнавме со другарка ми да трчаме како луди.Среќа им требаше време да ја свртат колата(одевме во спротивни правци кога застанаа).За малку ќе ја прегазеа другарка ми.Едвај живи излеговме,сме трчале до кај другарка ми дома.....Убаво што тука блиску живееше :sweat: :worried:
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Еднаш додека чекав автобус приметви дека еден човек зјапа цело време во мене. Ама онакво зјапање, не го мрдна погледот. И дојде автобус, а јас мртва уморна седнав и сум подзадремала и едно време случајно кренав глава и го гледам човеков се виснал над мене буквално и не трепнува. Леле од памет се извадив и одма рипнав.
    Стварно има чудни луѓе.
     
    На SummerGirl и Valerin им се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш во автобус, жешко, гужва нема каде игла да падне... Си стојам така и се нервирам, кога се качи еден смрдло и застана позади мене. И цело време почна така од позади да ме бутка... јас се помрднам малку... тој по мене, ми диши во врат. Како се мрда автобусот, тој накај мене. Дури едно време и ку.от му го сетив, здрвен... :( . Си мислев, да се развикам, може улава ќе ме направи. Па така кога се симнаа на следната станица, се поместив понатаму. После гледам и се залепил исто од позади на една жена... Кои лудаци има по светот, еј :whew:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Meне насред бел ден накај 13-14 часот, со другарки требаше да одиме до Веро. И јас со една другарка чекаме друга. И она дојде и само ни кажува како цело време додека идела некој човек со мотор цело време на еден метар од неа одел. И дојде она, и ете ти го и него, ние одиме и тој по нас, па ќе застане, па пак ќе тргне и ние свртевме кај една зграда, јас се свртев го гледам овој стои на почетокот не мрда, ми олесни :whew:. Aма само слушам брмчење и како се приближува мотор, кога не фати еден страв, убрзавме и кај едни гаражи одма свртевме, дека видовме луѓе и тргнавме накај нив, и овој не стигна и вика „Девојчиња видете!“ и го извади к***т, другарка ми само се сврте и го видела, а ја само од страната погледнав како мрда со тој дел и спискавме он си продолжи со моторот, а ние трчанката до кај другарка ми.А тој човекот уште два пати го видов, маалски манијак е тој, и уште повеќе девојчиња ми се имаат пожалено дека го виделе, дури и едно машко се пожали. :sweat: :worried:
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Лани кога се возев во автобус за да одам накај дечко ми, имаше премногу гужва. Се фатив горе за шипка и не можев да мрднам. Позади стоеше еден дечко. Наеднаш почувствував како некој да ме допре за задник. Си помислив дека е случајно, бидејќи имаше премногу гужва. Ама не било случајно. Дечкото почна да ме фаќа за газ. И тоа убаво ме испофаќа. Не можев да мрднам, инаку ќе го треснев со чадорот. После тоа се расчисти гужвата и јас се поместив. Дечково пак застана позади мене. Ама ништо не направи бидејќи можеа да го видат. Каква некултура.
     
  13. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Ах, ме потсети сега, кога бев со другарки на плоштад, одеднаш некој ме плесна по газ, ама онака убаво чујно. Кога се свртев, едно циганче застанало и ми се смее :D. Како ми идеше да му ја треснам една, ама ај се воздржав. :@
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    И јас имав една таква случка со циганче. Тој ден одев кај една другарка. Одам така кај мене низ населба (во која што живеат Роми) и гледам две циганчиња како одат накај мене (машко и женско беа). Женското ми вика - тетке, тетке, дај 10 денари. Јас и викам - немам. Циганчево ме удри по газ. Ама јас не и останав должна и ја удрив по глава. И двете циганчиња се разбегаа.
     
  15. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Многу лоши искуства..Не можам да одвојам некои посебни. Но знам дека секогаш кога ќе ми речат нешто знам да му се развикам :worried: Знам дека не треба но таква сум :worried: Што можам против самата себе :D
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    И јас слично како Лолопоп, аууу каква ситација беше тоа, седев во автобус имаше премногу гужва, и до столчето каде што седев застана еден дечко ама одвратен, и почна да ме гура по моето рамо коешто му доаѓаше точно до половиот орган, и јас прво мислев дека е случајно и викам ај ок, и типот продолжи да си прави така, јас ќе пукнев готово ја убутав кутрата жена што седеше до мене ја набив до прозор а дечково упорно продолжуваше, веќе неможев да издржам станав и дедека станував убаво го зачукав таму кај што највише боли :D и се сминав, а овој се симнал по мене и осеќам како оди зад мене јас поминувам на една страна поминува и тој, и брзам јас за накај факс и овој ме стига и ми вика „само кажи да и одма за жена те зимам„ аууу ја ваква :o и ми се прснав од смеење и си отидов :D
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не е баш непознат човек. Ама не го знаев убаво го имав еднаш само видено. Станува збор за маж на прва братучедка на дечко ми. Им се роди бебе и со дечко ми отидовме по моја иницијатива кај нив за да го погњавам бебето оти ужасно многу сакам деца.
    Се договоривме и отидовме. Едно влегување кај нив дома, уште сокот не беше на маса ставен маж и на братучедка му почна да ме распрашува дали студирам и ако не студирам, каде работам. Му реков дека не работам никаде и дека не ни студирам, си имам свои причини зошто е тоа така и несакав да навлегувам во тоа затоа што несакам секој еден да знае за мојата приватност.
    Човекот буквално ми се нафрли зошто не сум работела ко да јас имам фамилија дома за гледање и децата за млеко ми плачат ]:) Толку сум се изнервирала страшно што од тогаш си ветив самата на себе дека повеќе нема никогаш да бидам во близина на тој човек. Ама напор, се запна како он мене татко да ми е.
    Во моментот си помислив, види се ти бе најде да ми кажуваш, со жена и дете во двособен стан мајка и татко плус со нив и брат му живеат! Он не се осигурал стамбено за мене нашол да кажува зошто не работам.
    Ептен се блиски роднини и несакам да се мешам во фамилијарни ствари и да стварам тензии па да ме зборуваат утре дека сум лошотилук. Ама да беше некој друг, да не му беше роднина и те како ќе отворев уста да го отерам и да му кажам да се погледне сам себе па да кажува за мене.
     
  18. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.681
    Пол:
    Женски
    Па пред некој ден, мислам дека беше саботава, ја и другарками искачаме и ајде викаме до градска плажа да идеме. Другарками ми вика ама тука манјаци има ова она,и ја и викам уживај, на кејов има луѓе,а манјаците не се тука. Идеме за натака, за среќа никој не ни немаше нешто кажано. Се враќаме и ја бидејќи бев до страната на вардар (поточно од лева страна кога идете по кеј, накај град) и до мене поминува некој и како што иде напред гледа во мене, онака буља, и и крева веѓи, и ми вика кај си лепотицо?,и ја само онаква :| и се свртев и почнав да идам во друга насока, накај луѓето, ме фати страф. Потоа идеме накај град, и тука негде кај жабарот, понатака на клупите го гледаме седи и ми се врти и ми крева пак веѓи и ми вика девојко добри облини имаш.... :^) и од тоа полека полека почнував да убрзувам. Во еден момент мислам дека почнав да трчам, со другарками. Слична случка, истата вечер, се шетаме тука кај скејтерите, и двајца, повоздрасни ни викаат ви треба дружба? имаме празен стан, и другарками само онака одговара ладно не. И овие ама ајде, дојдете, помислив ако нема гужва, ќе не повлечеле, којзнае што би ни правеле.
    Истата вечер, Пред чичко стоилко. Седиме ние,штотуку пиевме вода, и доаѓа до нас седува еден и ни вика многу сте убави дами, сакате забава. Тоа ми беше крај. Полудев. Почнав да му се дерам, како не ти е страм, гледаш дека сме само девојчиња, а ти вечно незадоволен, застрами се!!!! :^)


    И денес , кога бев на пазар, носев маичка, рамбовка, и малце по отворена напред,ама не толку длабоко деколте. И застанувам кај еден за наочари, и си разгледувам и овој продавачот,неможеше поглед да тргне од нив. |( :fubar:
     
  19. kikeee

    kikeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Една вечер додека си идев дома по за мене многу добро позната улица, (покрај неа има фудбалско игралиште) и децата што беа таму собрани (немаа повеќе од 20 години) ми викаат "Дојди, само да ти кажеме нешто." и цело време додека ме гледаа си разговараа за мене, погодуваа кое ми е името, и само викаа "Дојди, дојди.", Јас си забрзав, најбрзо што можев одев, скоро и да трчав, за среќа куќата ми беше во близина.

    Друга вечер, по истата улица, повторно си идев дома, и поминува една кола (со нормална брзина возеше), и еден човек, не го видов убаво, ја подава главата од колата и ми вика "Девојче, многу рано си идеш дома." Јас ги игнорирав и тие си го продолжија патот..

    Еднаш на сред бел ден, возев со велосипедот по една исто така за мене добро позната улица, требаше да се сретнам со другарка ми, и поминува еден ѓуптин покрај мене со к***т- буквално целиот изваден.. и така си шета човекот без гајле.

    А пак еднаш ко бев кај братучетка ми (во населба кај неа живеат роми), се шетаме кај 10 сатот вечерта и еден ѓуптин ни вика "сакате да се дружиме?". Ние со братучетка ми го игнориравме и таа ми вика дека тоа кај неа в населба било секојдневие.

    Еден ден, седиме со другарка ми во дворот на едно основно училиште и онака обичен муабет, поминува еден човек и буквално зјапа во нас, погледот не го тргаше. мањак...

    И имам доживеано безброј слични случаи, ако ми текне ќе напишам.
    Што нема по светот :x
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    23.929
    хех ги има ги има колку сакаш низ градов. Дали дека уште од мала кога сум излегувала сум слушала дофрлувања па сега не ни обрнувам внимание само продолжувам, зошто сфатив дека тие што зборат ако им вратиш еден збор ке се укутат. такви се, пизди :D
    Инаку најлошо искуство ми е , кога одев накај град по скриена дива патека во 10 сабајле, и гол човек почна да ме брка :o Е тогаш ептен се исплашив, зошто овој не само што збореше него и се соблече.
    Други искуства. Има Еден чичко во парк, секогаш седи со порно списанија и манијачи девојчиња. Им иде и го др** пред нив . Треба само да му се развикаш и си оди. А инаку едно искуство на другарка ми. :D мн ми е смешно кога ке ми текне, ама нејзе не и било баш смешно. Седеле во кола со дечко и, и она видела глава пред колата. Почнала да се дере гласно, дечко и излегол да го брка човеков, а он цел жален им рекол - Ама ве молам, ништо не ви правам само да гледам. :D :D :D Секакви ги има по градов.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.