Лоши искуства со непознати луѓе

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Belen, 23 јули 2010.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.636
    Пол:
    Женски
    Бев во Веро, ми пријде едно непознато момче, сакаше да се запознаеме. Се обидував да го откачам но беше премногу напорен и досаден. И ајде се запознавме, ми рече ајде ќе одиме во луна парк :D Ме праша дали имам дечко, па дека ако сум била со него ќе ме правел многу среќна бла бла. Јас му реков дека има кој да ме прави среќна, а тој цело време некоја тажна фаца имаше, поточно очајна. Постојано кажуваше дека сум многу убава и на крај се обиде да ме смува, јас го оттурнав и заминав. Тој доаѓаше по мене и ми се извинуваше, и јас се свртев и силно викнав да ме остави и да не ме замара. Бевме меѓу луѓе, се прашував дали некој од нив ќе реагира ако тој продолжи да се однесува така, но после тоа јас заминав и тој престана да ме следи. Една година после тоа повторно се сретнавме и тоа на истото место, ме праша дали може да се запознаеме реков не и си продолжив како да не е ништо, а тој пак по мене и ми рече извини за претходниот пат. Си преминав улица и кога се свртев за среќа го немаше.
     
    На SummerGirl и angelche16 им се допаѓа ова.
  2. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    9.612
    Пол:
    Женски
    Ахахахахахах ако немаше дечко ќе сакаше тој да ти е? Убав ли беше а и кај се барало женски така :rofl::rofl::rofl:
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.636
    Пол:
    Женски
    @angelche16 мислам дека не сум единствена на која и пришол на тој начин. Грозен беше инаку, а и не знаеше да сврзе реченица.
     
    На SummerGirl и angelche16 им се допаѓа ова.
  4. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Секогаш кога искачам ми приоѓаат оние со колите ко ненормални,и само дофрлуваат нешто..буквално секогаш.
    Незнам,но имам страв од такви луѓе,и кога и да сум сама а човек да оди позади мене сам(па уште и во црно да е),незнам,се штрецам ко улава,а можда и не е толку страшно како што ми изгледа мене,ама тоа е(инаку не сум од оние што мислат дека цел свет се врти околу нив,но во тој момент кој не би помислил)..
     
  5. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Машки
    Еднаш, има од случкава можда 6, 7 години (уште средно одев) ми приоѓа една госпоѓа (жена околу 40тина год.) дотерана, средена и ме наоѓа на улица (не многу фреквентна) и ми вика: „Дечко те молам ако имаш на моб. кредит треба да се јавам дома на маж ми“.
    И одговарам нема проблем госпоѓо, сврте фиксен број (од сосема друг крај на МК) од градот во кој живеам и таман ко се јави човекот (дали и беше маж незнам) ми вика: Те молам сега ти зборај му - Јас одбивам,
    Продолжува и понатаму те молам кажи му ми вика дека сум со жена ти - Јас дај му викам и го земам тел. и исклучувам. И ми вели на крај „Аабе дечко бе, сакав само љубоморен да го напрам, а шо убо дете си и слика ќе му пуштев сликана заедно со тебе нека цркни“.
    -Е, му викам има поубај момци ќе најдиш тука стопати пољубоморен ќе е (Баже, или Блаже-чоекот на кој му се јавуваше) отколку да се сликаш со мене.
    И за среќа бројот од каде се јави госпожава изгледа немаше идентификатор па не ме побара кој ќе објаснуваше ситуации.:)
     
    На Curious cat, SummerGirl, realGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.257
    Допаѓања:
    31.222
    Пол:
    Женски
    Еднаш имав едно непријатно искуство во една продавница за сувенири во моја близина. Имаше нова вработена а јас одбрав една рамка за слика која ми беше потребна и ја замолив да ја стави во кутија. Трбаше да ставам слика и да ја подарам. Ми даде една кутија целата искината. И реков дека е за подарок и ја замолив да ми даде нова кутија. Таа безобразно ми ја зеде од раце рамката и со дерење ми рече дека ако не ми се допаѓа кутијата да си одам во друга продавница. Јас тоа и го сторив а за неколку дена дознав дека ја избркале, испадна дека имала некои психички проблеми и некои напади.
    Исто така еднаш се шетав со една другарка и на сред плоштад во Ск. покрај нас помина постар тип на точак и ни дофрли нешто навистина безобразно. Потоа кога се распрашавме испадна дека бил доста познат манијак и дека често го правел тоа. Не ми е јасно само зошто ако е познат манијак полицијата не му го дотерала паметот, за што ли служат се прашувам...
     
    Последна измена: 11 април 2017
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.436
    Пол:
    Женски
    Имам полно вакви случки со чудаци, незнам од каде да почнам...
    Во една од поголемите дискотеки во државава имаше доста гужва и еден слепец користеше прилика и ме факаше за газ. Не знаев кој е, не бев сигурна, можеби ќе нападнев некој ни крив ни должен и решив да демнам, си викам кај два пати , овој и трет пат ќе пушти рака. Кога еден смрдеш пушта рака, право на кај мене!
    Кога го повлеков, па кога му мавнав два три бокса, му се стемни, башка и ситен беше како мува спрема мене!
    Се осрами од другарите зашеметен од боксирањето само им рече : носете ме надвор!
    Еден лигуш седи качен на ѕид со уште еден како него и ми вика сум била како мазга.
    Кога го см'кнав од ѕид па кога му закачив два шамари, другиов само почна да вика: ама ја ништо не ти реков!
    Само што тргнав од местото на настанот иде таткото на лигушов и ме поздравува и ми вика што правиш? Само му реков:еве до сега го шамарев син ти! ме погледна бледо, мислеше се зезам ! Овој познат ми беше, ама ситуацијата незгодна затоа решив да ја раскажам. Башка, по неколку дена ми се извини.
     
    Последна измена: 15 април 2017
    На SummerGirl, blackwave, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.684
    Допаѓања:
    38.325
    Пол:
    Женски
    Со сестра ми бевме во ГТЦ и се симнувавме по скали. Една жена симнувајќи се ја бутна сестра ми. Јас одма реагирав, а жената имаше изговор дека се брзала. Јас и реков дека културно можела да замоли сестра ми да се тргне. Замислете.... Се симнуваме и мажот на госпоѓата ми се развика. Ми вика.. Ако ти дојдам таму ќе те истепам. Јас му се развикав и му реков... Дојди истепај ме. Сељак еден. Како не му беше срам на младо девојче да се заканува. Смрдле едно. А луѓето што беа во трговскиот останаа зачудени.

    И во пошта имав случка кога беше короната. Си застанав на ред и одма добив коментар од еден 'господин' - Каде одиш преку ред? Јас сум пред тебе. Му реков - Па што не си стоите во редот. Он ми вика - Ти ќе ми кажеш кај да стојам. Само отиди преку ред и ќе те истепам. (facepalm) Тие двајца за мене се насилници. Идиоти.
     
    Последна измена: 24 октомври 2023
    На BrokenMan му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.946
    Допаѓања:
    9.706
    Пол:
    Женски
    По форуми вака што сакаат да се расправаат :D :drunk:

    Последно што ми текнува, една касиерка во маркет ме праша кај работам. Не и одговорив, што и е нејзе гајле. Ако ме гледа еднаш во две недели, не значи дека "се знаеме".
     
    Последна измена: 13 декември 2023