Само ли мене ме нервира Ријана во последно време? Претера со трансформациите во стилот. На што личи? Катастрофа. Во последнава година дал 2-3 пати убаво сум ја видела облечено и изненадена сум кога ќе ја видам во убава комбинација
И мене ми е катастрофална Ријана последнава година. Веќе не изгледа креативно и весело, туку натрупано и смешно. Постојано варира од еден во друг стил, како да не може да се пронајде. Единствен погодок годинава ми беше: И сите други аутфити се
Вчера се пукнав од смеење, гледам на еден блог мнооооогу коментари сите во стилот wow каков стајлинг, оригинално, уникатно бла бла. А јас кога видов помислив дека девојкава е скитник Повеќето коментари беа леле колку прекрасно ги искомбиниралао различните бои и принтови Кога веќе сме кај темава ќе поставам неколку слики од симпатичните сестри со секогаш грди, најгрди стајлинзи. Сестрите Олсен
Со тешко срце, ја ставам Хајди во темава. Во костум на Жан Пол Готие на финалето од Германски топ модел. Висока мода, my ass Да ја видам во живо, очиве би ме болеле од бои и збунки. Плус, чудно и’ стојат пантолоните во тој критичниот дел И чевлите ми се грди.
Џенифер претерала овојпат. Црни салонки би ја спасиле, не знам зошто ги одбрала чизмиве. Не знам зошто Кристина упорно го фура овој стил, со мрежасти хулахопки, пердуви и кабаре елементи. Не и личи веќе... Не знам шо пробувала Никол, ама ова е ужасно! Почнувајќи од хеланките(!) под сукњата, па се до кратката маичка. Не! Апсолутно не! И што е со должината на панталоните?! Фино е тоа со мешањето принтови, интересно и штознам....Ама ова ми боде очи. Премногу е нападно и делува некако ефтино.
Најлош стил од славните...но и од домашните ѕвездички.... Спојлер па ме инспириравте од риханчето , а мислам дека не го видов како тема-или се лажам -не зборувам само за една комбинација ...постојаното облекување(целокупниот стил) за мене оваа девојка нема стил....еве зошто а од македонските...е овде ги има многу..само да најдам па ке ставам
Па добро бе, аман! Имаат ли грам осет, зарем не им е срам вака да се покажат во јавност . Па дури истопорени за да ги фотнат .
Штета што тој ден не се сликав,ама ќе пробам да ја доловам мојата најлоша МОДНА комбинација. Зелена маичка, сиви панталони, шарени сандалчиња со цветчиња. Зини земјо голтни ме и плукни ме во плакарот на Памела Андерсон (не дека знам што се поседува, туку слична градба имаме ) Од нашата напатена земјичка една личност ми остави ваков впечаток. Каролинче, полошо здравје жено