Дали ги сакате лошите момци? ))))))))))))))))))) Пет причини зошто жените сакаат лоши момци: Не е слабич Една од најважните карактеристики на било кое лошо момче е тој став “не трпам глупости“. Лошото момче зрачи со некоја врста на алфа машка доминација. Тоа за жените е многу секси. Заштитник Ова е поврзано со идејата дека лошото момче не е слабич. Ако истепа некој затоа што не го почитува, замислете што би направил за да ја зачува честа на својата дама? Така барем размислуваат жените. Возбудување Лошите момчиња се возбудливи бидејќи никогаш не знаете што ќе направат следно. Тоа некогаш се чини како многу возбудлива опција отколку досадувањето дома со дечко којшто повеќе би бил платонски пријател. Лошото момче може да биде како “свет“ којшто девојките го гледаат само на телевизија. Различен е Причината што лошите момчиња се толку привлечни е тоа што секој ден со нив е различен. Жените не можат да знаат дали тој доаѓа или не. Ќе се однесува прекрасно спрема неа, и во еден момент нема да има време за неа. Тоа ќе биде нејзина лична ТВ сапуница. Предизвик Лошите момчиња обично не сакаат да бидат спречени. Добрите момчиња ја бараат едната девојка со која ќе бидат. Да се добие добро момче е лесно, додека за лошото жените треба да се потрудат. Жените сакаат да видат дали се доволно женствени за да го совладаат тој предизвик кој ги тера да го смират лошото момче. аах тие лоши момчињаа!
Лоши момци и жена во пубертет или климакс. Пронајдете ја разликата! Мажите ги карактеризира (би требало барем) стабилноста, чекорењето цврсто на земјата и објективноста. Епа во овие неколку реда не можам да го забележам тоа. Сум имала таков и се утепавме од карање, фрлање, викање и сл. Не ми е интересно, не ми интересно ама ич да имам жена до мене со изглед на „алфа мажјак“
лоши момци аххххххххх имав еден таков првите 2-2 месеци беше онака забавно но потоа не проблеми карања викање итн дефинитивно неееееее
Една надополна на особинава: следна на ред за истепување е неговата дама. Во правило дамите на лошите момци одат со очила за сонце за да не се гледа модрицата која лошиот момок им ја „подарил„ кога таа се „дрзанала„ да го каже своето мислење или несогласување за одредена и не така важна работа. Дамите на лошите момци се честопати осамени бидејќи таквите момци обично се низ затвори поради тоа што го нападнале добриот момок (да се нападне некој физички е кривично дело). Доколку девојката се ожени со некој од лошите момци (се разбира, дури откако ќе излезат од затвор) по некое време стануваат вдовици бидејќи лошиот момок се зарчкал поради (привидна и непостоечка) „чест„ и „по грешка„ со други лоши момци а тие „малку„ претерале во ќотекот па го убиле. А понекогаш се случува први да настрадаат девојките на лошите момци, бидејќи љубовта нивна била „малце„ нервозна па во афект ја убиле. Ах тие лоши момци, какви ли би биле црните хроники без нив
Хммм. мн. добри анализи и од едната страна и од другата . Сосема разчни ставови ама и едните и др. се во право ( посебно овие вторите).Па сите не сакаат грав да јадат некој сака и леќа.
Добри се за забава, интересни само за краток период. На девојчиња им прија вниманието на лошото момче, а на жената вниманието на стабилен и самоуверен маж. На кому во животот би му требало човек кој лесно се истресува зашто не трпи глупости, за мали ситници избувнува и се тепа наоколу, кој не е постојан, постојано бара нешто ново и кој постојано буди сомнеж за своето однесување, верност, љубов. Поинтересно е кога стабилен човек ќе изјави желба за авантура, зашто знае да ја разбуди возбудата, отколку постојано трчање како деца, затоа што неможе да порасне и да сфати што сака во животот.
Не сакам лоши момци. Не ми треба некој што глуми лош или е ,а зад тоа се кријат не решени психолошки проблеми. Баш спротивно на текстот погоре ,мислам дека и тоа како лошите момци се слабаци. Човек што покажува лошо однесување е слабак ,затоа што не знае проблемите да ги реши поинаку. Тука се надоврзува тоа дека повеќе се плашам од некој таков,отколу дека би го сметала како заштитник.
Imate loshi momci po zatvorite,teski psihopati,inaku se soglasuvam so waka waka mnogu zrelo razmisluvas.
Јаас сепак мислам дека лошите момци се повеќе посакувании во тинеџерските години , чисто од забава Но, понатака сигурно дека и тие кје создреат и глупостите нивни кје бидат минато .. обожаваам лошо момчиња , но не подрзабирам под лошо момче дека и ќутек кје јадам од него ! хаха -доста ми е од оние тивки машки .. :/ Лошите момчиња, како по правило, се најголем љубовен потенцијал за добрите девојки!
Не сум за лошите момци, според мене на една девојка не и треба „ Лошо Момче „ , на неа и треба прав кавалер и џентламен, кој ке ја сака, ке ја мази и пази, ке ја заштитува. Какви се лошите момци за вас во вашите замисли !? И што сега, овие кои не се лоши момци се слабичи, не се интересни, не се заводници или што ?!?!?! Жива глупост ми е оваа истражување за лошите момци искрено, оваа вода не држи... Ајде сега сите станете лошо момци инаку нам женските нема да ни сте интересни ... цц
NO! за лошите момци. Од секогаш ме иритирале со нивната избувливост, желба за тепање и карање. И тоа вас ве привлекува? Го седнуваш во друштво со луѓе и не знаеш дали до крај ќе истера мирен, затоа што нели он е непредвидлив. На никого не му треба таков. Повеќе ми одговара смирен тип, со изграден карактер што знае секаде и со секого да се однесува.
Еднаш имам кажано Ако сакате лоши момци - трпете си ги последиците од нивното возбудливо однесување Разбирам некоја 15-годишна да се залета во тип со мотор кој е некоја (не)битна фаца но кога зрела девојка ќе ми каже дека ја привлекуваат вакви момци
Па да, како што веќе кажавте обично тинејџерките се по ваквите типци (и ја сум меѓу таквите ). Кога девојката ке созрее и ке стае жена, не би посакала ваков тип покрај себе, баш заради преоглемата избувливост и желба за карање. И јас верувам дека кога ке помине пубертето нема веќе да ме привлекуваат.
Тој е пример, ама затоа пак ја изгуби Баби. Иако не знам која не би посакала да има таков покрај неа. Не знам како би се снашла со бед бој. Од една страна ме привлекува да видам дали можам да го претворам во гуд бој, да видам што се крие позади таа маска на лош дечко, а од друга страна ме плаши.