Не знам јас што подразбирате под ова лоши момци.Какви се тие? Мене ме асоцира на мртов ладен дечко,кој не сака да има обврски,си кулира и баш го боли к*р за се. Потоа да е вмешан во некои нелегални работи и сл. Јас лично таквите не ги поднесувам и не би имала ништо со некој таков. Тие таквите летаат во облаци и се замислуваат демек којзнае што се,а уствари ништо не значат. Подалеку од таквите.
Не, никогаш не ме привлекувале и нема да ме привлекуваат! Дури им се чудам на некои другарки што се "палат" на такви, кај мене скроз спротивен ефект предизвикуваат.
Јас сум ПРОТИВ лошите момци, бидејќи тие се премногу агресивни и за најмала ситница би се степале со секој, под лоши момци подразбирам момци кои што се занимаваат со нешто криминално, кои незнаат што значи семејство и како треба да се грижат за семејството. Не гледам што би ме привлекувало кај нив, зарем тоа што за се и сешто би се степале со некого, па недај боже зарем да трпам и физичко и психичко малтретирање секој божји ден. ПОДАЛЕКУ ОД ТАКВИТЕ ЛОШИ МОМЦИ КОИ НЕ ВРЕДАТ ЗА НИШТО.
Јас сум ко магнет за лоши момци,се такви ме привлекуваат.Поинтересни се, повозбудливо е да си покрај нив,ама чисто за авантура од еден месец,два.После тоа настануваат кавги и разни проблеми и џабе ти е се. Инаку во право сте дека всушност се слабаци со длабоки психолошки проблеми,ама ајде де,мора да има и такви
Јас за нова година сакам дедо мраз да ми го даде списокот на лошите девојки, на оние сто нема да добијат подарок Е после, ќе ве барам по форумов :geek:
Кога бев во моите тинејџерски години ДА, дури имав и таков дечко Но со оглед на моето искуство, сега би рекла дефинитивно НЕ
Никогаш не сум сакала лоши момци од причина што немам ништо заедничко со тој тип на личности. Компатибилноста за некој да ме привлече треба да биде приближно еднаква на моите позитивни и негативни особини.
Не се нашол таков што може да биде полош од мене Шала на страна , доволно сум зрела за да ценам кога некој има фини манири, понашање и ме цени. Во тинејџерските години може ми се допаѓале момци со изразен моторџиски рок стил ама се испоставило дека немаат толку лоша душа како што стереотипите ни полнат глава.Независно од стилот на облекување , може да се каже дека сум имала по некој , ама во никој случај неговиот бед бој стил на понашање немал многу простор да го споделува кога е со мене Таква сум си , премногу се ценам себе си и никогаш не сум дозволила некој да си поигра со мене.На краток рок не ми пречеле,па не сум ништо подобра кога сум со некој за неозбилно , нормално дека се ставам себеси на прво место , нормално дека не сум слаба на дечкото , нормално дека сум возбудлива и сакам нови работи(читај не значи дека ќе сум само со него) и многу нормално нема да ми е многу гајле што му се случува во животот, е за сериозна врска друга приказна, спротивна од оваа
Привлечни се, но не би се фатила со некој таков. Ми треба стабилност во врската и не можам да живеем во страв дека "лошото момче" ќе почне да се однесува лошо кон мене, посебно ако има голем темперамент.
Зависи како ги сфаќате овие „лошите момци“. Тоа може да бидат некои со такво арогантно понашање, насилни, со кои адреналиност пулсира.. а да имаат изглед на типични мирни фини и повлечени машки. И сега овие другите кои имаат некој таков rock n roll стил, па возат мотори, брзи коли.. дуват џоинт.. а пример понашањето спрема девојка да му е сосема на место. Затоа ова е дискутабилно прашање. Зависи кој во каква ситуација се нашол. Јас сум имала искуство со еден од овие вторите, дечко во фазон bаd boy.. со таков стил но карактерот му беше друга приказна. Никогаш од негова уста немав слушнато нешто погрдно, непочитување или навреда. Знаеше да се грижи за секој детал, да ме почитува и вреднува онаква каква што сум.. спротивна од него. Значи муабетот ми е не значи ако некој се облекува, живее и изгледа така дека по карактер и однесување е насилник, тепач, злонамерен или што уште не. Не знам вие како ги сфаќате но јас немам ништо против. Повеќе би се плашела од некој како првите, кој изгледа сосема прибрано.. што се вели мамина маза, што глуми дека е на ниво и има интелегенција а понашањето му е подолу од го*но се извинувам.. И да, искрено да кажам.. ме привлекуваат такви машки со таков стил.. rock n roll.. што живеат таков бурен живот.. Но не значи дека се сите со лош карактер. Ете до сега стално сум потрефила некои кои имале одлично понашање и почитување спрема мене. Така да тоа што изгледаат така му е само плус, девојките сакаат некој кој при прва појава има таков изглед кој зрачи со машкост, а не како сега некои шо шетаат депилирани со цветни стајлинзи да не знаеш што пол е.
Со 45 години,седиш на женски форум и го пишуваш ова? Сигурно имаш 45?Мене ова ми личи на некој забеган тинејџер! ПС.Лоши момци и да,ама повеќе сум за НЕ!