Зошто секогаш кога ке се рече лош дечко, одма помислувате на некој сељак со тапија. По ова ти што го изнапиша во која група на овие двајца се ставаш ти ?
Не е мое напишано, затоа и пишав на крај Creddits to Sussaro. Инаку не се нервирај одма, ама што е така така е, НЕКОИ женски не ја знаат разликата од бед бој и сељачиште.
Hаха не се изнервирав, а тие НEKOJ женски нека се задоволуваат со оние сељачишта. A ние преостанатите ке си ги бараме оние карактерно и џентлменски лоши момци
Оваа споредба на лоши момци и сељак е глупава и смешна,малце без врска,на пр. мене ниту едно од тие наведени споредби не ме потсеќа на лоши момци,тие се сосема друга сорта,стварно незнам од каде дојде таа идеја да се споредат со сељаци модерни не ти знам какви.
Така изгледаше Жалното е што како што пишав погоре... НЕКОИ женски мислат дека оние се тие бед бојс...
НЕ, за лоши момци. Сум имала таков и верувајте не ви треба. Животот може само пекол да ви го направат. Се што е слатко е кратко.
Не . Ме нервираат ваквите фраери што фрчат со моторите, што пушат и пијат, што немаат култура, што ги исмеваат помирните и се караат со наставниците. Ама уште повеќе ме нервираат девојчињата што трчаат и вени сечат по нив, што ставаат статуси колку се јаки и колку ги саакат таквите и си мислат дека ќе ги променат.Само во филмовите можат да ги променат, а за во вистински живот нека продолжат да си фантазираат.
А зошто би, кога сигурно има некој што ти одговара многу повеќе таков каков што си е. Why wasting the time?
Што знам, мене поинтересно ми е кога некој ми покажува внимание и љубов и кога не ме малтретира дека треба да се сменам ако го сакам. Наспроти тоа, не ја гледам забавата во тоа да си игра игрици од типот на маче ќе ти се јавам па го нема две недели, да ме вара и лаже за свашта, да ми се прави мачо мен, а има куре од 8 цм.
Хахаха, е добар си морам да ти признаам Па добро, секоја чест на исклучоците Се шалам Абе види тогаш ќе биде барем една позитивна ствар, најверојатно добро сексуално искуство, мада не мора да значи... не е се во големината нели? (кхм) Ама пак, ако џвака чачкалица, ми раскажува за тепачки и кој грб стои позади него, дека се знае со Мијалков и дека има пички у секое време затоа што е лошо момче... Тогаш најверојатно ќе му го видам курето само додека драпа муда у сред кафич.
Не дека ме привлекуваат лоши.... Усвари незнам сакам кога момчето е набиено знаат да кажат НЕ а сепак да ги исполнуваат желбите на својата сакана ама тоа да го прават со стил. Можда некад сакам кога ќе ми подари цвеќе или кога ќе покажи љубомора и слично но кај овие што викаат добрите ама оние кои трчаат по тебе не ти даваат да дишеш или пак ти даваат целосна слобода само биди покрај нив. Колку што се знам ние женските сакаме да ризикуваме не сакаме кога тој уште првата вечер сме се смувале а веќе ја планира венчавката и во кој хотел ќе бидеме на меден месец......Сакаме да мечтаеме да некад ни одговара но ти ако ни бидеш потрчко со што ќе се занимавам јас... Готово мој си крај. Жените се исто како лошите момци кога ќе видат дека си се фанал во мрежата или те докрајчуваат или одат во потрага по нешто ново....... Поззз
Попривлечни се лошите момци зашто се подобра забава, мажествени се и непредвидливи па не можеме да знаеме дали ги интересираме а нели тоа што потешко се добива е послатко. Ме привлекуваат, да, но останува само на тоа. Во никој случај не би сакала таков крај мене во животот.Искусив еднаш врска со еден таков bad boy, ужасно ме палеше, но позади тоа се криеше крајно несигурна и љубоморна особа. Арогантни се и уште повеќе самоуверени, според мене во сите лоши момци се кријат некои психолошки проблеми.
Можеби ми биле интересни на 15 години, веќе не. Не сакам да бидам со некој што не ме цени и почитува.
Што е дефиницијата на лошо момче? На тинејџерски години, можда некој што уште нема положено за кола а те развозава низ град 100 на саат, што пуши, пие, се дрогира, се однесува дрско со девојката спроти него? Или влегува често во тепачки, а е као заштитнички настроен кон девојка му? Јас лично сакам авантури со некој момак. Авантури во смисол, секогаш да имаме добар провод, да можеме да одиме секаде заедно, да правиме и да зборуваме околу се, да пиеме/пушиме заедно. И се тоа топ. Ама најпрво барам сигурност, доверба, љубов и постојаност. Колку и да ми годи тоа што тој е непредвидлив, на крајот сфаќам дека мразам неодговорност и непостојаност. Моментално рано ми е да размислувам за во иднина, но лош момак од типот што сериозно ќе заглави со дроги, насилство, кражби.. со таков не можеш да изградиш врска. Конкретно за мојава ситуација, сметам дека зад таа агресија и конзумирање супстанци, се крие некоја подлабока психолошка причина. И уствари е добро момче, што тргнало по лош пат, ама дури се знаат границите добро е. А дека ќе го промените, тоа мноогу тешко, он може стварно да ве сака ама или ќе си остане таков или ќе ве повлече и вас со него. Ако е уште тинејџер, можно е да се пубертетски бубачки па да му помине кога ќе созрее, ама некои вечито си остануваат такви. И уште нешто. Бед бојс може да има од секакви профили, не мора да значи дека тој што има флаша и сепаре секој петок во Привилеџ е таков или дека некој рокер не може да биде. Тип на карактер едноставно.