1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лоши навики кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од dushe555, 13 октомври 2010.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Направи и филм :) Кажи и дека постојат магични гаќички кои ги носат само принцезите од бајките, не влегуваат во газето и дека постои можност и таа да ги добие...Зборувај и така постојано ден-два, стави ја во радосно исчекување, потоа спакувај ги убаво, онака баш ко за принцеза :D па види можеби ќе 'упали'...
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Малиот јаде нокти. Пробував со опомени, вадење на рацете од уста, плеснување (малку ) по прстите и ништо не помогна. Уште лута пиперка да му ги намачкам прстите да се олути :D па никогаш да не му текне да ги гризе - се зезам.
    Знам затоа што после бањање нема што да исечам. Башка и ги јаде заноктиците. Се мислев да пробам да му давам Б комплекс за деца можеби има некој недостаток на витамини (иако си јаде и добар е со килажа), ама што знам несум сигурна...
    Совет!
     
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    И јас како мала грицкав, ма џабе беа и опомени и плеснувања јас пак по свое си терав, чим никој не ме гледа одма стапувам во акција :D
    Престанаф истиот момент кога престанаа да ми обрнуваат внимание дека ги грицкам, кога ми даваа казна дека нема да го добијам тоа што го сакам и навистина не го добивав.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Прашај низ аптеките дали има некој горчлив лак за нокти. Кога ќе се загризи ќе му згорчи и нема да ги гризи (не знам дали воопшто кај нас има вакви лакови, иначе постојат, посебно безбедни за оваа намена). ;)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Немам искуство со нокти, ама моиве нон стоп ставаат раце во уста, и никако да ги одвикнам.
    Ми кажуваа за некоја маст од аптеките, се вика грозозо :). Не е воопшто штетна, а многу била гадна. Се мачка на прстите, и детето кога ќе проба ќе му се згади.
    Не сум ја пробала, никако да купам, ама ми ја фалеа како многу ефикасна.

    Мислам дека има и други слични масти по аптеките, не мора да е само грзозо, иако името многу ветува :)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Има за возрасни ама не и за деца. Единствено да го заплашам дека ќе почнам да му ги лакирам :) и дека децата ќе го зезаат. Морам да ја искоренам навиката уште од сега зашто после да не биде касно.

    И со казни сум пробувала, не бива, тој пак си тера по свое.

    Е ќе ја побарам навистина и ќе пробам. Името навистина ветува :D
     
  7. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Немој со лошо да го фатиш џабе ќе ти биде трудот верувај :D
     
  8. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Мајки, и јас ќе ви го препорачам Грозозо. Само бидете внимателни, ептен е грозно и само малку околу ноктињата ставете им. Кога ќе ги стават во уста рачињата ќе осетат а после вкусот на Грозозото останува некое време па би требало да се одвикнат. Само многу внимавајте колку ставате како рол он е тоа, ептен горчи и е гадно. :)
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Го пика прстот во нос и го врти, мислиш вади руда :D
    А тоа го прави кога се срами. Како да го научам дека тоа не е правилно? Пробав со постојано тргање на рачето, ама тој почнува со другото. Во моментот ќе престане кога ќе му ги фатам двете рачиња, ама потоа пак продолжува.
    Има некое чаре, или е само некоја фаза??
     
  10. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    И син ми има лоша навика за спиење не знам како да го одвикнам има 15 месеца навечер мора да легнам до него да го нишам да му пеам песни да му дадам млеко па едвај заспива а преку ден па уште полошо сака во раце да го држиш да му пуштиш цртани и да го шеташ низ соба а тој да гледа цртани и така заспива не знам како да го одвикнам веќе сакам сам да си заспива,а и друга навика има многу е лош се сака да фаќа дали сите деца се такви :( ко ќе запне нешто запнато е ке рика ќе плаче ама мора да го фати тоа што ќе науми
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Ако рика, остави го да рика, ако имаш нерви (а треба да имаш) да го слушаш. Детево не е мало, сигурно сега не му текнало да фаќа и така да заспива, туку вие тоа сте му го дозволиле.
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Се додека децата се мали и незнаат да зборуваат никако нетреба со сила да се прават работи.За секоја нивна негативна навика може да се најде решение каде би се надминала без да остави белег на нивниот развој.Не ги разбирам родителите што ги казнуваат своите деца а не им нудат решение за нивниот проблем,не разговараат за проблемот .....
    Најлесно е да се демонстрира моќ и да се пружи сила на дете,дали е тоа решение за правилен развој на тоа дете ?Сигрно дека ке има стресови и последици ако постојано му се случува тоа да го казнуваат ,караат или тепаат.
    Разбирам дека нивото на толеранција кај сите нас е на различно за мн работи ,но ако се замерува за се и сешто на детето подобри земете си робот миленик што ке прави вие што сакате ...
     
    На Moonglow, Bozica1980, francais и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Па баш напротив дека не му дозволуваме некои работи тој упорно ги прави тие,не се секогаш родителите виновни,јас не можам да му дозволам да фаќа со рацете во канта а и ниту една мајка не би го дозволила тоа само малце ќе го искарам ама не слуша упорен е нешто ко ќе науми и тоа ќе го праи се дури не најде нешто друго интересно,како може дете да не го интерсираат играчки толку играчки му купивме и само ги фрла и крши и не ги сака,сака да фаќа пепељари,канти,цигари,метли :( не знам веќе како да постапам со него ама тоа е сигурно дека нема да го тепам или да се дерам ко луда имам нерви и трпение ама ете така понекогаш се нервирам зошто е таков дали сите деца се такви,аа за спиење од мал си е таков и така си заспива многу се трудевме да го ставиме на кревет да го гушнеме и така да заспие ама едноставно не може се трудиме за него и да го воспитаме ама дете што разбира
     
  14. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    И моето синче е скоро 16 месеци и верувај слично е на твоето. За заспивање ние го научивме да го нишкаме, само така заспива, кога беше помало и полесно во раце го нишкавме, а сега во количка ја пуштам во легната положба го легнувам и лулам и така заспива, не се противи, убаво му е, нормално, за едно 10-15 мин е заспан. Како преку ден така и навечер заспива. Знам дека не е убава оваа навика, ама пробав и сам да заспие, го ставав во креветче кога е веќе ептен преморен и се прозева, си трла очиња и јок, наместо да заспие тој станува и си игра во креветчето. Пробав и со мене, му пуштам цртани или песнички, го легнувам , до него и јас, го галкам и прво е смирен, уживка и мислеш готов е, ќе заспие, ама се буди и станува пак. Така неколку пати пробав и не можам со саати да се борам со него додека да заспие, да го мачам и него и мене, кога веќе се навикнавме во количка нека си заспива така, за сега не ми е тешко.
    Инаку за тоа што сака да си игра со се освен играчките е иста приказна и кај нас. Се друго го интересира освен камиончињата, количките, моторите и што веќе немаме дома да си игра, а тој ќе се фати за тастатурата од компјутерот, глувчето, батерии, кабли некои, тенџерињата му се омилени да тропа по цел ден со нив, кутии некои празни, кремите да ги отвара, парфемите и ред други такви глупости. Мали се уште и интересно им е се што ќе видат друго, може затоа така е сега, за некое време може ќе се сменат, не му се пукај многу :)
     
    На Aneto10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Леле исти сме и ние најпрво ја обожава тастатурата од компјутерот,глувчето,цигарите,чаши абе се сака освен играчките негови очигледно дека сите деца се такви :D се надевам ќе се смени зошто е многу лошко :)
     
  16. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Јас имам проблем со мојата 6 годишна ќерка. Воопшто не ме слуша, во буквална смисла, значи јас и велам ајде земи го тоа и стави го на масата а таа стои и само ме гледа и кога ке ја прашам дали знае што побарав од неа, луѓе, таа ме гледа како од марс падната,како да не била присутна кога јас и повторував која и е задачата. Многу често е бунтовна се дере по мене и сестра и која е 2 години, сака да наредува и со сила ме тера да ја карам (страшно провоцира). Дојдов до ситуација да се плашам дека еден ден ке ме исклучи и ќе ја изнатепам, онака салам ќотек да и удрам а таа до сега ако е два пати чукната по газето, не е тепана. А и викам, страшно многу и викам, се дерам по неа, неможам да се стрпувам кога гледам дека таа не покажува никаква заинтересираност за било што. Ако нејзе и одговара и има корист од нешто ке помогне или ке ме послуша, ако нема корист треба да почнам да се дерам по нејзе па да послуша. Ве молам за помош затоа што почнувам и јас психички да се изморувам, почнав да избувнувам пред неа (а тоа не е моја особина) а потоа ми е страшно криво што сум и викала.
     
  17. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Мене ме слуша 80%,ама кога гледам тие 20% дека не ме рецка е тогаш под казна оди...а некогаш го тепам со тепало за муви во газот(од таа стр.сто се тепаат мувите,на облечено-нормално)и под казна
    Се осеќам како малоумна и како мрдната кога ќе му се изнадерам (од што несакам да го удрам)а ме провоцира
    Најмногу што го удира,го бутка-глава ќе му скрши,кичма....Бог да чува и мора да се плесне
    Не дај Боже да му се случи нешто,кога ќе порасне што ќе му кажам ?Брат ти очи ти извади,брат ти кичма и глава ти скрши?Е не!
    Мора некако да се воспиаат децава
     
  18. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеа со тепалцево за муви. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  19. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Верувај ми пробувам на секој начин да и докажам дека не е она толку голема колку што се замислува, дека не е секогаш во право ама тоа ја држи некои 30мин и после пак по старо, а да ја условувам за секоја ситница па не е убаво. Се молиме по дома да ми донесе тоалет хартија, а таа кога ќе стигне е или изгужвана или ќе донесе сосем трето нешто.
    А најмногу ми е страв дека детево ќе почне да бега од мене да се оддалечува затоа што постојано се дерам ко ненормална. Морам нешто да превземама ама незнам што повеќе да направам за да не ја тепам. Сите можни варијанти сум ги пробала и се било ѓабе.
     
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Нашите мали комшивчиња пшостојано пцујат и удараат со камења по прозорците,но и јас бев таква. :D