1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лоши навики кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од dushe555, 13 октомври 2010.

  1. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    А не ,какво условување?
    Се знае кој е главен
    Го седнувам на фотеља и не смее да стане,цртани и играчки нема,ќе седи пола саат и кога ќе се смири се договараме...ќе станеш ако ветиш дека нема да...дрн дрн...и ќе вети, после ме слуша цел ден
     
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Браво, си му го нашла лекот. :clap: Мило ми е кога ќе слушнам дека некој родител навистина има контрола над децата. :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  3. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Пробувам и така, и ке ја оставам под казна без цртани еве сега не и е дозволено да игра на комп, и ке вети дека ке слуша дека пр. ке си ги собере играчките по играњето, НО таа почнува да собира и псле 5 мин иде налутена и ми вика дека таа е слугинка дома, зошто сум била јас мајка ако е сум собирала и додека не збеснам таа упорно мене ми соли памет. :@

    До пред извесно време беше толку мирна и послушна си играа со малото заедно и не се знаеше дека деца има во куќата, сега неможам на раат едно кафе во двор да испијам од срам дека комшиите ме слушаат како ечам на цел глас.

    Едит: Можеби проблемот е во тоа што кога јас и викам, татко и постојано ја брани (кога е дома). И тој ми е проблем, неможе да поќути како јас што молчам кога тој ја кара за нешто.
     
  4. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Eпа тоа е тоа!
    Ти мораш со маж ти да разговараш на таа тема и тоа сериозно
    Мене детето ми беше распрдено пред една година
    Ми се роди бебе ,бев со царски па компликација и морав еден месец да лежам
    НЕ НАМЕРНО за да не се осеќа големиот отфрлен го размазија да не ме рецка и да не се слуша мојот збор
    Ај Тино нека одмараат мама и бебето ќе правиме ова- она...и детево одеше..кога беше љубоморен ,сите го тешеа а мама беше лоша вештерка која го кара и се оддалечи од мене
    Пукнав од мака и плачев цел месец ,кога сватив дека со тоа ништо нема да постигнам,ги собрав сите дома на ручек(татко,баба и дедо) им кажав што мислам и ако сакаат правилно да се воспита детето мора да му се знае ред!
    Ако може сладолед може ако не може НЕ МОЖЕ а не баба дава тато не,тоа не е правилно
    За да се реши проблемот треба време,во мојот случај 8 месеци
    Дури не сватија дека сум во право им увидов на грешките без да се расправам со било кој кога и понатаму грешеа
    Пример: бабе не може да се бањаш во базенот аха...мама го заспа бебето ај да се бањаш во базен...баба утре не ја рецка мама дава се...луѓето сами се повлекоа еден по еден...
    Па после мене ме седнаа на ручек :) зошто мама така прави?
    Им кажав фино лепо ,го правев свесно истото што вие не свесно за да ви кажам каде грешиме...штама...
    И така срц ,договор куќа гради
    Чувај си го мирот и спокојството
    Ти имаш проблем со маж ти и ти е полесно со еден човек да се справиш
    НИКОГАШ кавга пред деца ниту навреди
    Мали се ама користат
    Простете на дооолгиов пост
     
    На mal.ecka, Mama25, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски


    Не можеби туку вистина. Таа чувствува сила од таткото (по цел ден ги нема, а после кога ќе дојдат ги лигават). Најлоша вријанта на воспитување е кога едниот родител се обидува да постигне нешто, а другиот за 1- на минута го руши тоа.Поразговарај со мажот ти и убеди го дека на детето му прави само лоша услуга.
     
    На crazylady, Daydream и SimonaTino им се допаѓа ова.
  6. Bon-bon

    Bon-bon Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Ех колку ве сваќам, и јас имав проблем дома со моено мајмунче. Порано и јас имав проблем со неслушање бунтување и систем паднат од марс. Кај нас беше проблем мајка ми.Она го чува цел ден и за да не се нервира женската си идела на линија на помал отпор, Бабо вака - така сине,Бабо дади - нати сине... :@ :@ :@
    Додека да сватам што се случува збеснав. Не тепање, не урлање,не казнување, ништо. На крај случајно се сретнавме во зоолошка со една пријателка која разговарала со детски психијатар за оваа работа и ме посоветува да разговарам со сим ми ко со голем човек. (откако и го кажав филмот на мајками нели и ја средив во тој поглед).
    За сите работи кои ги правеше или не ги правеше разговарав со него. на пример, ќе му речев да не ги фрла украсните перничиња по дома и нормално не ме слушаше. Тогаш за раче ќе го седнев на тросед и му велев. Зошто ги фрлаш? Никој дома не ги фрла, тие се за украс и да лежиме на нив. Досадно ли ти е? Сакаш ли нешто да правиме...
    И цело време додека трпки не ми излегувва на устата и додека пена не ми фати. За се што правеше го прашував му кажував го охрабрував да ми покаже што му треба. Да свати дека тоа што сака да го доби е ќе го добие само ако е умен и каже. И види чудо, детево за многу кусо време многу се промени и сега сме ок. Ова го правев од година и 8 месеци т.е. од кога почна да разбира и да склопува по некој збор колку да можеме ја Тарзан ти Џејн да се разбереме. Сега детето ми ги искажува сите емоции, секогаш се договараме и ми е ептен другар. Фала богу си има свои немирни периоди ама еј,сепак е дете...
     
    На Saraa и SimonaTino им се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Имаме пет годишно девојченце во фамилија која има многу лоша навика. Плука, ако нешто не и е по ќејф, или ако ја изнервираш или и кажеш нешто ко ќе те исплука. ама плука многу, она баш да те направи лом. Многу е непријатно, за ништо може да те исплука, и кога не очекуваш. Како човек да реагира тогаш, да се правиш дека ништо не е. не ја бива. Да ја караш, неможе, туѓо дете е.
    Инаку е многу размазена, сака да биде центар на случувањата, се случи седиме збориме, и таа тука си игра. И од никаде зема сите чаши со кафе една по една смирено да ги превртува на чаршафот. И и викаат зошто? епа затоа што мене никој не ми збори. Паметна е многу и се што ќе направи е со план. Исто така и лаже. После кафето дојде мајка и. И бабата кажува што се случило и она со најнежно и невино гласче вика неееее, не сум јас или знае да каже не сакајќи беше мила мамо.
    Мое мислење и недостасува внимание и време поминато со родителите (оди во градинка, а после на некој курс, па навечер ја чуваат бабите).
     
  8. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    А што прават родителите во текот на денот? Е тоа никогаш нема да го сфатам, како може толку да си гии запоставуваат децата и да им наоѓаат занимации, само за да не треба родителите да се позанимаваат со детето! Нема да го види цел ден, и после, ама моето дете не е такво, неее мирно е моето дете, не прави бељи!
    Многу се нервирам од такви, според мене, неодговорни родители.
    И да, Ирена, мислам дека си во право дека од таму излегува и проблемот со детето.
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Абе тоа таквите родители да земеш да ги врзеш за дрво една недела ни вода да не им дадеш да се напијат, па може и ќе им дојде памет.
    Има мал милион случаеви на „ЗАПОСТАВЕНИ“ деца. Не им посветуваат доволно време и кога се со нив им дозволуваат да прават што сакаат. Таквото дете утре ќе ги тепа малтретира, ќе мисли дека и тоа му е дозволено.Јас би им препорачала на родителите со детето за рака и на психолог, не за детето туку за големите неодговорни деца кои мислат дека со пари и лигавење нивото дете ќе биде принц/принцеза , а не едно големо и неодговорно дериште на кое се му е дозволено.
     
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Родителите и се луѓе кои бркаат кариере и освен на работа работат после и дома, а одат и на смени и дежурства, па детево е најчесто кај бабите или посетува онакви групи за анимација. Не осудувам, работва е рипни, па речи оп. Утре јас кога ќе имам дете незнам што ме чека. Но девојченцево си сака внимание многу, значи по зборлеста и попаментна е од многу деца што ги знам, можеш да седиш со неа и долго време да си муабетите како било што било, за одморот, за во градинка нешто, за некоја случка. Како да разговараш со возрасен. И во еден момент ако не и збориш нешто што сака или збориш за нешто лошо она што направила е ќе си го добиеш во секунда. Без разлика кој си. Во еден ден имаавме превртени столици во двор, превртени чаши, исклоцани цвеќиња, исплукани ние, чевли од пред врата фрлени кај комшиите.
    По мене она има научено дека се што ќе посака може да оствари ако е доволно гласна. Имам искуство со многу деца, ама ова незнам дали е прифатлива детска каратеристика. Она плаче и се дере ама кажува добро смислени работи. Пример дојде татко и да ја земе, и она нешто се налути и се се дере на цел глас ко да ја колат, ништо не ми дадовте цел ден, лоши сте, мене никој не ми дава да јадам, бреее бабава во земја пропадна пред зетот и вика е како бе па нели јадевме, башка и сладоледи два изеде.И сега сите знаат дека лаже, и татко и. Ама ситуацијата за баба и не беше баш пријатна.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Доколку не ти е оставена на чување, и не ти е во домот туку повремено ја гледаш, тогаш да. Туѓ проблем е, друг треба да најде начин како да ја воспита. Но доколку и ти имаш удел во чувањето тогаш имаш право да ја искараш. Доколку на родителите тоа им смета, нека си ја чуваат тие и нека ги плука нив цел ден. Тебе ти се качува на глава, имаш право да реагираш како сакаш (не да претеруваш) но ако мислиш дека со малку построги мерки ќе послуша, мој совет е да ги примениш.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Нееее Bridget имавме еден неуспешен обид на чување. И никад више. Еве мал дел. Ја земавме со нас на шетање. Се беше во ред до некаде. Имаше уште едно детенце со нас, она љубоморна, ајде полека со муабет и заигрување. Тргна добро работава. На лизгалките се кошкаа добро и тоа пројде. И се расипа времето, почна да дува и да приврнува, и викам ајде да си одиме, не уште малку, добро, ај пак ај пак, е веќе почна многу да врне. Ајде, неее несакам. Абе со добро, со строго никако. Па и пазам што зборам, ќе ме прекаже после. И ајде тргна, оди застани, оди клекни, неможам да одам, сакаш во раце, не сум бебе ма ми вика. Пак два метри, седна доле, ајде стани (веќе строго) почна на коленици да оди, леле, врне. И и викаме ќе те оставиме, и се вртиме и као си одиме и ја игнорираме. И во еден момент од крајно лошо и инаетливо детиште, имаш дете кое почна да плаче на цел глас и вика, зошто мене никој не ме сака?ко да се скрши некој одпор во неа. И викам како не те сакаме, зошто би се шетале заедно цел ден, зошто би си играле со тебе, ако не те сакаме. Остатокот од патот беше носена во раце и повеќе ќутеше, одговараше само на прашања, како посрамена.
    Мајка и вика ја знам каква е што ми кажувате, кажете ако знаете што да и правам :^)
    Како и да е ваква друга епизода, нека не ми треба. Кога сме сите, си има кој е одговорен за неа, јас не. Јас само реагирам на глупостите ако ги прави на мене, ама ко што викаш ти без да претерувам.
     
  13. Lepor.Lepos

    Lepor.Lepos Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Имам малку повеќе знаење на оваа тема па ајде да напишам мое мисење за проблемот со малото девојче.

    Нејзе и треба дисцплина. Точка.

    Тоа девојче сигурно не е толку за жалење како што она претставува. Сигурна сум дека цела фамилија ја сака само што не воспоставиле соодветна дисциплина на време.

    Фината е она е во контола, си манипулира и си прави како што сака. За да се смени тоа контролата треба да ја превземат нејзините родители, бабите, да се зборува со градинката за како правилно да се постапи за да се воведе девојчето на прав пат. Вака ќе порасне во размазено, себично, агресивно девојче.... а тоа нема многу добри работи да ти донесе во животот.

    Се решава и ова, само е потреба упорност и работа за да и се покажае дека она не ги контролира сите, туку контролата е кај родителите и дека за секое такво однесување има последици.
     
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Братучед ми ко помал имаше лоши навики како и повеќето разгалени деца. Не слушаше, се тепаше со неговите, вреѓаше, плукаше дури еден период ама тоа брзо помина, тврдоглав беше, нешто кога ќе запне ќе направи се` да го добие и уште куп други глупости. Тетка ми со него неможеше да се справи, (а тетин ми повеќето време отсутен) ќе почне да му се дере и да го тепа по газот место убаво да му објасни и детево изгуби почит спрема неа.
    Незнам колку пати и` имам објаснувано дека така не чини, дека со убаво треба, ама ништо.
    Јас почнав со неговото воспитување да се занимавам, прво време пакости секакви правеше, зашто јас не паѓав на плачењето негово за се` и сешто, па со убаво, со разговори како и он да е возрасен, а имаше некои 3 години тогаш и малку по малку се промени. Златно дете е сега, паметно, одличен во школо, има 10 години веќе, ама основата на карактерот се гради додека е мало.
    Затоа сметам дека со децата треба убаво, додека устата не почне да боли од зборење, зашто тие се олицетворение на луѓето кои ги воспитуваат.
     
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Убава тема добро е да ја размрдаме малку. Дали вашите деца имаат лоши навики? Јас конкретно сакам да посочам за моето дете, има 8 години ама мене ептен ме иритира што само зборува. Стварно. Зборува кога игра на компјутер зборува кога е на час едвај ретко да ќути посебно сега со онлајн настава.... Дури зборува и во сон. Едноставно зборува без потреба. Не знам како ќе ме сфатите моето дете едноставно не може да ќути. Проблем ли е навика ли е.....
     
  16. Ninamina2021

    Ninamina2021 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Може ме имате читано по другите теми. Живеам со свекор свекрва, имам две деца од кои едно бебе, а над нас се девер ми жена му и децата.
    Е сега имам проблем со поголемото дете и тоа пткако се породив и си дојдов од болница. Детето тие денови ми беше оставено на милост и не милост. Татко му многу не се замара со деца гледање, тука е баба му да го гледа.
    Стани детево на сабајле таа пушти го да оди горе кај децава од јатрва ми и таму цел ден. Ни јадено ни пиено ни спиено. И од тогаш му е останата навика штом стане бара да го носам таму и писка вреска ако не го однесам. Лошото е што и да го однесам не можам после да го земам, никако не доаѓа. Или се кај нас или се кај нив или надвор цел божји ден. и му се пореметува цел ред за јадење, за спиење. Нркогаш дури ни вода нема да се напие цел ден од што е зафатен со шетање горе доле, се заборава да моча...
    Значи мислам дека изгубив секаква контрола над детево. А не можам постојано да трчам да го бркам по скаливе, со бебево сум сама цел ден.
    Едвај го заспивам со пискање, со врескање со плачење готово веќе немам живци.
    Плус, му пуштаат турски серии и вика Господ да те казни, губи се од мојата куќа, манијак и такви слични изрази кпи ги слуша од турскиве серии.
    Му зборувам устава пена ми фаќа од зборување ама колку поврќе збкрувам или му викам тој за инат уште повеќе контра ми оди и си се смее воопшто рецка нр ми мава а тоа ме лути многу.
    Сево ова му е помешано од свекрва, свекор, јатрва и 100000 души во една куќа. Нр можам детево да си го воспитам како што треба од други. Страв ми е да не погрешив нешто во воспитувањето ама поврќе му делуваат другиве отколку јас.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  17. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    3.615
    Пол:
    Женски
    Ти немаш проблем со детето колку шо имаш со домашните, посебно маж ти, како бе не се замара??
    Ке покажеш заби кон сите и нема да пушташ дете не да плаче шо сака нека прави ден два и ке се помири.
    Ке кажеш јасно на сите време е за ручек или дремка и ке си стоеш на збор.
     
    На Ninamina2021, cresa-jagoda и Autumn_ им се допаѓа ова.
  18. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Па сте и рекле ќе ја оставите, децата се буквалисти, како да помисли дека ја сакате ако и се заканите дека ќе ја оставите сама на дожд.
    Знам дека е фраза и не сте мислеле сериозно, ама децата тоа не го сфаќаат.
    Во таква ситуација за мене е подобро да ја земеш во раце отколку да ја заплашуваш
     
  19. Ninamina2021

    Ninamina2021 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Да да со другиве си имам јас проблем свесна сум за тоа. Еве денеа ддтево цел ден е со мене си играме, бевме во двор и кпга дојде време да спие дојде јатрва ми со детето во двор и за чудо моево не сакаше да остане мадвор туку си влезе дома со мене. И сега вечерва беше со свекрва ми надвор и му рекла зошто денес ич не играше со братучед ти. Замисли ејј на дете го прашува, демек мајка ти да не те пушта и за да го подбуцнува виде дека е умно и за да се нервирам јас.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.