Хаххахахха се изнасмеав. Јас секогаш се возам со еден ист таксист. Му имам број од него и лично го викам. Човекот секогаш е во бела кошула, намирисана кола и тивка музика. Инаку и мене ме имаат возено низ тесни улички и смирдливи коли бљак...
Фино лепо си викнавме такси да одиме до друг град. Дојде еден со една никаква кола, пред распаѓање. Башка тоа што надвор времето беше толку лошо, врнеше и грмеше. Ајде се сместивме ние 4-ри члено семејство и кречемо.. Се беше океј, освен тоа што на овој прозорецот не му се затвараше убаво и цело време ме прскаше. Надвор пешки да одев мислам по сува ќе бев и на време ќе стигнев. После тоа се наоѓаме на автопат и се слуша некој звук на зуење. Колите позади нас упорно свират а овој таксистот вели „сигурно некој познати“ аха да После еден долг час вожња конечно живи здрави излеговме од такси, абе земја ќе пољубев. Искрено се запрашав за животот, а млада сум за умирање. Добро бек то тхе стори. На колата тоа од позади не знам како се вика, кај што стои регистрацијата.. Знаете сигурно.. Му се откачило луѓеее.. Цело време се влечело позади нас. Тогаш ми светна зошто луѓето позади нас ни пипкаа. Леле боже кога видов. Возење од 30 минути се претвори во возење од 60 минути. Башка тоа што мислев дека во секој момент може да умрам или да премрзнам во таа кола. А јас не можам на долги релации да патувам без прекини и ми беше страшно многу лошо кога излеговме од кола, цело време се тресев и за малку ќе изгубев свест. До таму беше. Цела вечер не можев да дојдам во нормала луѓе, на болница ќе ме носеа. После тоа следеа 101 извинување на таксистот ама џабе, the damage is done.
Не е тоа сесија на психијатар, возење е. Речиси никогаш не сум расположена да разговарам за климатските промени и мојата реакција на нив. Интимни детали од мојот живот не споделувам со рандом таксисти. Не е нивна работа кај одам и зошто. Два пати со ред ( на моја несреќа ) се возев со нервозен чичко на кој возењето такси му е хонорарна работа, а моја работа не е. Како дополнителен приход со пензијата. Ме праша со кој памет сум се мажила и од што сме живееле. Значи целиот фокус му бил насочен кон прислушкување на телефонскиот разговор со мајка ми во која го спомнав маж ми. Да се вратиме на монологот Дали сум имала свекор и свекрва и колку пензија земале. Му реков дека имам и не земаат пензија ами се прислушкувачи од времето кога ЈНА беше актуелна, и во случај да не паднат како жртви на лустрација имаат енормни месечни примања а се возам со такси затоа што сите средства се насочени кон добротворни донации за покачување на пензиите. Се откачи после муабетот. Има и такви кои ме прашале кај одам. Ладнокрвно одговорам кај швалерот. Дофрлувам и дека ќе ги побарам кога ќе завршам пак за ако се љубезни да ми помогнат да го дигнам и да го вратам дома, тешко се движи заради староста . Кој си бара муабет, си нашол. Ама посакувам да ги премолчат тие "долги" релации од 5 минути.
Ретко користам такси-превоз,па може и затоа немам лошо искуство со таксистите.Мал е бројот на тие што културно се однесуваат.Мнозинството се непристојни,дрски и љубопитни,па се впуштаат во дикусија со патниците што ми пречи.Се сеќавам на една непријатна случка кога таксистот пушеше и прозорците беа отворени.Беше пролет,сончев и топол ден,прашината и чадот од цигарите струеја околу мене, а километражата не беше мала.Главоболката и нервозата ми беа гратис.
Немам некое лошо искуство со таксисти затоа што повеќе сум навикната да си одам пеш, не ми се давало пари.Или тато ќе ме префрли до некаде ии така Иначе само на океј таксисти сум наидувала.Не ми смета ако тро отпоќе им е отворена устата Баш пред некој ден со другарки фативме едно такси ама немафме доволно пари и наместо за 70 чоеков за 50 не однесе и при тоа ни пушти кул музика па цел пат си денсавме .
Не ми текнува под кои услови завршивме со другаркиве во такво такси ама знам дека внатре беше лудница! Пуштено техно музика до даска, се довикувавме за да му кажеме кај да застане. И како бонус на тоа цела кола беше задимена, веројатно од трава или нешто слично. Мераци. А најмногу ме нервираат оние што ќе почнат муабет за лоши возачи, као цело Скопје не знае да вози и они се најдобри во се. Или кога ќе ја отворат темата политика Јас си ќутам и не сфаќаат дека буквално си прават монолог. Имам начекано еден куп лоши таксисти, кој не се избањал, кој не престанува да збори, кој вози ужасно брзо/споро. Им нема крај xD
Прва ситуација: Се качувам во такси, и уште не сум влегла со другата нога, таксистов трга, морав да ја затворам вратата дури вози. Втора ситуација: Се враќам од факултет, преморена, лошо ми беше и едвај чекам да стигнам дома и таксистов почнува: Јас имам 4 факултети, напишав книга, ги знам сите улици, јас сум најдобриот бла бла. И после некое време ми вика, ќе правел реално шоу, дали сакам да учествувам. И му реков не, и тој смисли цело сценарио за како ќе стојам пред црвено платно и ќе цртам. Трета ситуација: Идам сама накај град, влегувам во кола и како и секогаш насмеана викам Добро вечер. Тој ми се врти и ми вика: Што си толку среќна, да не те запроси некој? Во глобала пробувам да ги разберам, цел ден се во кола, секакви луѓе се качуваат. Најчето ми се паѓаат фини луѓе, дури не ми пречи ни да си направам муабет со нив.
Абе феминки не се качувајте во било кое такси...ууу скрајада било Од сите наведени ситуации со исфрустрирани таксисти, абе се сум преживеало...Само акцент ќе ставам на муабетите во лето: Вакви лета во Скопје немало..ахаха и теориите од градењето на кулите во Капиштец, до новиве згради од Скопје 2014, чунки и тоа ветерче што го имаше ни го секнаа. И секој пат викам аха, да, да, во право сте
Прво за темата помислив дека пишувате за некои манијаци Ми имаат кажувано за некој таксист што се обидел да нападне некоја жена и поради тоа никогаш не би се качила во такси сама,посебно ноќта Инаку,ми се случи еднаш да се возам во едно катастрофа такси ,колата беше стара ехе...смрдеа ехее...
Јас постојано си одам пеш досега никогаш не ми се случило да сум сама а да се качам во такви значи нема шанси од причина што имам едно лошо искуство.Кога сум со другарка може некогаш ама многу ретко значи повеќе сум си пешки. Оваа зима бев кај баба ми си се заседовме и гледам накај 7 веке оди саатот а зима беше може фебруари месец и се стемнува нели порано. И баба ми запна да ти викнам такси да не одиш пешки да ти викнам такси и јас прво несакав оти не ми е ни многу далеку дома може пола саат ама запна жената да не ме мислела. И дојде таксито еден млад таксист беше и ме прашува до каде му кажувам а во меѓувреме ми ѕвони теледонот една другарка и нешто ми зборува и ми вика Елено и јас викам немој ти на мене Елено и овој најверојатно сфатил дека се викам Елена. И гледам човекот ми фаќа по некоја си сосема друга улица и и викам на другарката ајде јави се после сега во такси сум и и затворив. И му викам на овој таксисот зашо од тука од другио пат е поблиску а неговиот одговор на тоа Елена се викаш? и јас важно е? и тој ќути и се приближуваме до таму кај што требаше да се симнам и му викам колку треба и ми вика ако ми оставеш бројче нема потреба да платеш ништо не треба и за среќа стигнавме на местото кај шо требаше да се симнам и застана јас си ја земав ташничката и му оставив 50 денара и му реков ако ги зимаш зимај ги ако не па и ич не мораш и му ја треснав вратата. Онака ми се нема случено некој немил настан но сепак си одам пешки многу често ем парите си ги заштедувам.
И јас бев со сличните ситуации кои ги прочитав тука. Се качив во такси. Значи, ако го видовте каков беше типот, ако ви речев дека имаше испиено 3 шишиња ракија, вие ќе ми кажевте 10. Само што го видов каков беше, сакав да излезам од таксито, но тој ми ја заклучи вратата. Го тепав со ташната, го плукав, го кубев за коса, не бре брате. Ништо не осеќа. И ајде ме остави на едно место, ја отклучи вратата, си заминав трчајќи накај дома. Од тогаш, се немам качено во такси, без да го видам таксистот.
Сега јас да ви кажам една смешна случка. Бев кај другарка и требаше братучетка ми од град со такси да ме собере и заедно да си одиме. Кутрата кога ѕвонела и викнала не можела ни да претпостави дека ќе и дојде крш тико. И така ме собра мене, а потоа и еден нејзин другар кој требаше да спадне неколку улици порано. Другарот се качува во тикото, напред и како ја затвори вратата така целото стакло од прозорецот стана сол. На нас едно незгодно, едно смешно. Таксистот почна да му зборе како демек што направи, што ќе правеме сега... Ма какво што беше тикото добро е што прозорот се скрши, постоеше опасност и покривот врз глава да ни падне И така продолжи, го остави детето, а после и нас и нам ни вели кој сега ова ќе ми го плати, му викам што сме ние виновни и си спаднавме. Но, после некое време како за беља пак звонев во неговата такси компанија и пак тој ми се паѓа, но овојпат со мушама на прозорот.
Со другарка ми и сестра и излегуваме од Рамстор и веднаш бараме такси да не одведе до Сити Мол. Пред Рамстор имаше само едно такси така да немавме избор, а и да имавме избор немаше многу да бираме. Не знаевме ни кој автобус оди до Сити Мол, а и како би знаеле кога не сме од Скопје. Очеш, нејќеш моравме да земеме такси. И така влегуваме во таксито, кажуваме добар ден и човекот ни возврати. Откако почна да вози не праша од каде сте вие деца, а ние секако му кажавме. Почна да ни раскажува дека бил во 2001 година во нашиот град и оденаш почна да пцуи и да свири. Кога се раздра сељачишта македонски ме фати страв. Му сметаше што има метеж во сообраќајот, па кога почна да се дере чинам ушното тапанче ми го дупна. И така по цел пат со страв конечно стигнавме до Сити Мол. Друга непријатна случна ми се нема случено.
Последниот таксист каде што се возевме со другарките беше катастрофа невидена ! Му дадовме пари колку што ни побара пред него ги пребројавме,си испаднавме од таксито и си фативме сите по својте страни,вој улавиот тргнал по двете другарки а овие страв ги фатило и викал по нив овие се завртеле и им рекол требало да ни е срам не сме му дале точно пари на чест да ни било и овие отишле му дале уште пари,арно имало тука и други машки у близина па му свикале зошто им вика на девојчињава,и на крај на другарката што му ги дала парите им рекол ја и друг пат ке ве сретнам у град не се секирајте.. Боже какви манијаци ...
Минатиот викенд еден див таксист беше, со сила ме бутна во таксито. Му реков дека не сакам да одам, дека по исплатливо ми е со автобус, рече ќе ми наплати 100 ден. и не ме ни дослуша ме фати за рака и ме однесе до колата, ми ја стави торбицата во багажник и тргнавме. Се молев побрзо да стасам, 300 филмови си направив, и на крај ми наплати 150ден. Уште еднаш со диви таксисти нема шанси.
Од прилеп секогаш патувам со1581 некни ми се случи викам такси дојде колата рска турбо фолк влегов возачот вози 90 на саат низ град удира по воланот и цел пат го велича заев на седумнаесети ова она му реков за вмро сум накачи на120 брзина цел пат ми се дереше ај стигнавне колку 200 од каде двеста ами ко си симпатизер на дпмне што сакаш му дадов и готово