1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лоши таксисти

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pennyroyal, 30 декември 2009.

  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    3.091
    Пол:
    Женски
    ^Ahahah sledniot pat reci mu deka si od DUI ke ti naplati 500 :D
     
  2. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    20.942
    Пол:
    Женски
    Немам налетано на некој апла лош таксист можда дека не се возам често со такси па ете.
    Но многу пати сум налетувала на досадни таксисти,во смисла цел пат да ме давеле за времето, за актуелните настани и да рскат селска музика в такси.Ми доаѓало да рипнам од такси.:doh::rofl:
     
  3. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.713
    Допаѓања:
    5.035
    Пол:
    Женски
    Не сум имала интересни случувања со таксисти, можеби затоа што веќе подолго време се возам само со 3 компании каде секогаш биле пристојни.
    Од другите најјмногу ме изнервирале таксисти кои ако не им напоменеш по која улица можат да те искружат и од 3km да изодиш 6km. Не знам како немаат осет.
    Имав еден настан кога таксистот заглави во едни улички од каде немаше како да се вратиш бидејќи беа еднонасочни и ме остави на 15 мин мин од дома, по штикли, а надвор живи темници после излегување. Што е најтрагично не се извини, ниту попуст или нешто да ми даде туку ми вика Ејјј заглавив...ај блиску си, малце ќе попешачиш само. (facepalm)
     
  4. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Не сум налетала на лош таксист али сум видела,кога одам на тренинг и секогаш има таму паркирано такси па јас си одам и го гледам таксистов во кола отворил прозорец нога си ја ставил на прозорецот му се лади надвор, песна пуштено и спие ...
     
  5. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Еднаш сум имал среќа да се возам со лош таксист...Дали дечкото беше надуван што му беше нз јас му кажувам кај да ме остави он на мобилен си збори рецка не ми мава и после ми вика ваму сум му кажал таму сум му кажал он што не слуша јас ли сум крив? :^)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Имам налетано на таксист кој врска немаше од возење a уште помалку од познавање на улиците низ градов, значи цело Скопје го свртe a GPS за него непoзнат поим изгледа беше и на крај ми бара четроцифрена сума на пари, му реков прво научи ги улиците ова не е Њујорк, Скопје е :shake: па можда тогаш ќе ти платам и не ми рече ништо, нормално не му платив, но закаснив поола час!? :@
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    пред 4 год почнав често да одам за скопје порарди обвврски и кога слегнувам од автобус се качувам на такаси и одам кај што треба...еднаш слегнав и излегов надвор беше жешко и се качив во колата не приметив која компанија беше ама викам штом има компанија не е страшно...и влегов и почна шофеорт нешто да ми збори ама приметив дека е албанец и можеби имаше околу 30 год ниш повеќе(небитно)и почна да ми збори колку ке бидеш овде ајде после обврските да идеме на кафе јас ваква:devil: му викам не можам незнам колку ке се задржам леле колку сум се преплашила а скопје не го знам пешки за да слегнам,,и некако на мирен начин и културен му кажав незнам кога ке завршам се јавив на дечко ми да зборам со него додкеа да стигнам и ајде ме однесе на адресата и вика размисли ли дали сакаш да се прошетме викам несакам излгов ни кусур не чекав да ми врати...и сега веке кога и да се возам со такси наогам компанија од доверба,,,,
     
  8. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Живеам во мало градче. Имав навика речиси секој викенд да одам во соседниот град со такси. Но бидејќи не сакав да се возам со било кој, знаев дека мој комшија, така во средновечни години беше еден од таксистите во една добра компанија, не и паметам името. Си велев човек од доверба е, а у си имавме добар муабет а бидејќи нему жена му беше мртва секогаш го слушав како му недостигаше. Но тоа почна да му биде навика. Си реков ок постар човек како дете е. Со текот на времето кога ме водеше кај моја другарка која е мажена случајно ја запозна додека ме оставаше пред нејзината куќа а таа ме пречекуваше нормално во вечерните часови околи 20 h. И така, човекот со време се ослободи, и почна да ме прашува за нејзе, да ми кажува колку е добра и мила другарка ми се до дека една вечер не дојде човекот по мене, се осмели да и влези во дворот, да си го наполни шишето со вода БЕЗ КУЛТУРНО ДА ПРАША и да го побара бројот од мојата другарка која е мажена. Кој психопат еј... Престанав да патувам со него и во една прилика еден друг таксист ми кажа дека многумина се имаат жалено од тој човек како им нарушувал приватноста. Од тогаш ме имаше прашано дали ќе одам кај мојата другарка смислував многу изговори. И гледам да го одбегнувам што повеќе.
     
  9. kalimero1

    kalimero1 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Сношти со братучетми после искачање влегуваме во едно такси братучедми му кажа адреза ( јас и онака не знаев од прилеп сум) вози човеков си прај муабет на телефон се кара по телефон и во нервозата удри во контејнер го прашав и сега извинете гратис возењето од мене сега слегувајте пред веро не слезе а требаше аеродром ај после во друго такси вардар мислам беше асален човек возеше и само 70 денари зеде
     
  10. macedonec

    macedonec Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Секогаш се возам со алфа такси ( Битола). Еденаш истураше дожд ме мрзеше да барам такси од фирма имаше некој таксист пред школо див на колата стоеше само TAXI влегов внатре дедо 70 годишен му кажувам каде да вози тој ги знам сите луѓе од таму петко, трајко од каде ги знаеш му велам тој е јас пред да се пензионирам работев како поштар стигнавме и таткоми тогаш се враќаше со колата кога слегував таткоми го забележа таксистот (поштар) си направија убав муабет. Во скопје бевме на екскурзија малку се изгубивме со друштвото викам да земеме такси се качивме во 15 60 така нешто беше му велам вози до триумфална порта овој си вози вози 30 на саат можи побрзо му велам јас на шумахер ти личам бе требаше да се враќаме назад битола другарми и се јави на класната да почекаат малку стасавме за едно 40минути стасаме ни вели ами 450 дечки му велиме многу толку ајде уште две тури ќе извозев дур ве чекам му дадов 300 денари ни ја закллучи врата не можевме да излеземе му се дериме да отвори среќа виде наставникот по физичко и отвори врата чукнатиот
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.426
    Пол:
    Женски
    Сум имала искуство да се возам со некои ужасно досадни таксисти, не копаат по лични и интимни теми но се досадни со прашања за политика и за тоа што студирам и каде. Одвај чекам побргу да стигнеме и да излезам да не ме замара веќе. |(
     
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Многу жално се што врви низ светов..
    Те меркаат и проценуваат за да на крај се дразнат да бараат бакжиши врз основ на твојот физички лик базиран врз "дебелината на џебот" којшто го поседуваш.
    Секоја чест на исклучоци, но вечито се жални.
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.745
    Пол:
    Женски
    Јас конечно си најдов другар во такси компанија зошто и во друга тема имав пишано, премногу сум разочарана од таксистите во последно или таков беше периодот додека се возев (празничен период), па можеби имаја манато по некоја или едноставно сум малку повеќе параноична.
    Како што пишав и во друга тема, имаше еден кој на полна линија пред кружен тек кај шо некој дирек можи да сврти во него, претицваше. Патот ужасно се лизгаше и после кружниот се чувствував дека ќе се удриме во следната кола. Без осет бе. Друг - денес. Ми се чинеше се слепуваше со секоја следна кола зад која бевме. Што е вистина, за 3 денари никогаш не ми земаат зошто немаат да ми раситнат (a некогаш и намерно не земаат, зошто знам точно скоро секогаш до каде колку пари ме кошта и носам ситно), ама тоа не го оправдува возењето.
    Често ми се годат некои кои дават по пат. Сега се качувам во такси во 9 часот и почнува: „Не е касно да излезиш сега?“ - а јас ете бегам сега, пример, нема врска. „Празно е денес некако“, „Студи надвор, а?“ и тие сега климаш на се „Да, да“. Ама ајде, по цел ден само возат сами, нормално е да сакаат муабет да прават, само нека возат полека па ако треба поќе пари ќе платам само немој да ме однесиш дирек Св. Недела со возењето.
    Пак ќе речам, конечно си најдов другар таксист, кој знам како вози па кога е тој на смена го барам дирек неговото бројче. [​IMG][​IMG][​IMG]
     
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Пред некоја вечер се враќам од искачање. Викнав такси од една компанија со која стално се возам ми рекоа одма иде колата и чекав 15 мин ја нема. Бидејќи имаше наредено такси тука и си викам ај ќе одам со некој од овие. И се качувам во првата кола.
    Влегувам, таксистот тргнува и ми вика смува ли нешто (facepalm)
    и јас ќутам, одма се стресив
    и тој пак ми вика ама не кажа смува ли нешто
    викам со друштво си се журкавме само, и вика е па ај јас да те смувам, и замрзнав
    Среќа блиску живеам од таму кај што ме возеше, и едвај чекав да стигнам, и застанува јас му фрлам пари и излегувам и тој се врти и пак вика И сега нели сакаш јас да те смувам :puke::puke:
    Немам коментар, сета среќа што живеев ептен блиску и на главна улица, па така и да пробаше нешто да направи ќе викав од кола или ќе ја отворев втарата и ќе скокнев, нема друг спас.
    Ете тоа ми беше прво најодвратно искуство ама втор пат ако се случи сигуно нема со лесно да си помине кој и да е , маме ќе им се расплаче.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Само еднаш имав лошо искуство со таксист,иако во принцип сум мирен дечко кој не сака тепање и караници но овој пат беше непреќутливо и неизбежно: Се јавувам во такси компанија викам такси до ГРОБИШТА(ми почина родител немаше ни 5 дена откако почина) доаѓа таксистов ечи музика внатре,влагаме и ни вика до ГРОБИШТА така?Ние да до гробишта,и ако сакаш да ја намалиш музиката,типот не погледна како жена да му опцувме и ја намали ептен малце,еден мој роднина му вели шефе ај бе намали ја музиката те молам,типот ја намали скроз не поминаа 2 минути,таксистот го рокна до даска радиото,како што седев позади неговото столче,го фатив за врат и почнав да го давам типот застана и го пуштив,почнав да го пцујам од а до ш,почна роднината да ме смирува таксистот пребледе,почна да се вади па добро бе друже од кај да знам дека е толку трагично,па уште ме дупи.Му викам не бе дечко зашто трагично на ГРОБИШТА идеме има тука нешто трагично?Отидов во такси компанијата им ја раскажав целата случка,дојде газдата на компанијата ни се извини за случката,таксистот беше избркан од работа(незнам дали денеска работи како таксист,не сум го сретнал),послем тоа не молеше таксистот да го вратиме на работа,имал деца ке немале леб да јадат и незнам си што,со еден збор катастрофа и среќа што вака заврши све,затоа што можеш да биде трагично.
     
    На buba4e89, rose60, Ицолгудбејбе и 2 други им се допаѓа ова.
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Ми се случи пред некое време така подоцна навечер да се качам во такси за да си одам дома. Беше нешто околу 11. Не се сеќавам на компанијата. Како и да е, одам кон таксиво паркирано, и му викам на типов: - Слободно? И типов као ми кима со глава. Влегувам внатре и ми вика: -Извини колку години имаш, дека малце касно е. (Обично ми се случува често да ме прашаат дека не ми соодветствува младава фаца со годините :D) , и му викам: - 21.

    -Ааааа! Добро може да се пошалам тогаш, да, да СЛОБОДЕН СУМ.

    Му превртев очи така остро и уште немаше запалено кола, си излегов. Хумористичен. |(

    ***

    Инаку малку офтопик ама да пофалам една таксистка. Фаќав такси од кај Рамстор, а живеам на адреса што малце ги буни таксистиве (не знам зошто), значи не ме праша ни каде ни што, фино и културно, без да ме изврти ме однесе по најтејната рута. Најпријатно возење со такси евр. Нека и` е алал. Шеф. :D:bow:
     
    На buba4e89, rose60 и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.238
    Допаѓања:
    7.956
    Пол:
    Женски
    Postloi li Puls taksi vo skopje? I kade mozam da prijavam div taksist anonimno?
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Од глобал сум генерално задоволна, со исклучок на саботата.
    Одев од ресторан до дискотека во парк, во кола со мене имав уште тројца колеги и јас седев напред.

    Таксистот беше постар човек, ние малку пивнати, после свадба и цел пат му правевме муабет.
    На крај останав сама во таксито за да платам, другите се симнаа и таксистов продолжи да вози со мене, да ме оставел понапред.
    Му реков да застане за да се симнам и почна да ми збори дека сум многу убава и дури ми стави рака на нога, над коленото (носев кратко фустанче). Му ја бутнав раката и се симнав и овој упорно ми збореше дека сум убава.

    Во животот не сум се возела со понепрофесионален таксист, среќа имаше луѓе околу колата па не ми беше страв. И плус поради тоа што ме возеше подолго, ги изгубив сите што беа со мене и после потрошив 15 минути да ги најдам во гужвата пред дискотеките.

    Одвратно.
     
    На buba4e89 и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Ќути кај не те силувал. Требало да го пријавиш во централа.
     
    На crimson, joy1 и blueberry93 им се допаѓа ова.
  20. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Мене не ми се случило некој да ме допре, ама имало непристојни. Еден во смисла зошто не сум му дала поситно, намерно било тоа, па драми правеше. Откако го пријавив го суспендираа на три дена. Исто потпивната кога сум била, див таксист од железничка до кај мене потпродолжил по патот, иако сум му кажала да застане. Ама кога виде дека сум терс'не, ко попче си застана. :D
    Еден од реномирана демек такси компанија со која често се возам, ме симна спроти Холидеј ин и ме прашува дали ми се свиѓаат постари (татко можеше да ми биде дебилот). Викам не, ми одговара и јас можам да ти платам за во Холидеј ин, не е проблем. (facepalm)
    Пријавете вакви психопати, млада тинејџерка да налета ќе се извади од памет. И обавезно спреј за заштита си носам кога се возам сама.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.