Криво ми е што не го пријавив, ама касно ми текна на таа опција и не памтев број на возилото. За силување, немаше да се случи, имаше еден куп луѓе од сите страни, и да сакаше немаше кај да оди. Ама ме изнервира.
Се возев еднаш со таксист кој може татко да ми биде. Попат правевме муабет, ми кажа дека има големи ќерки. Кога ме донесе до дома ми рече ако сакам да ми остави број за друг пат ако ми треба такси. Викам ајде и тој не може да се сети на бројот. Му го кажав мојот број да ми титне. Утре ми стига порака дека многу сака да ме види, а ако сакам и јас да му пишам.
Има секакви таксисти, паметно е да се носи спреј за заштита, за секој случај. Но, и добро е да се патува секогаш со една иста такси-компанија.
Со какви се не сум се возела.. Смрделе на небањато, на ракија, на пепељара, си јаделе дур ме возеле, збореле на телефон, ми се пуштале..Скраја да е, кога ќе го осетам таков расипан се молам да ме остави кај шо треба и фаќам џаде.
Досега не сум имала непријатно искуство. Јас пак не се возам многу со такси и кога се возам ретко да сум сама со возачот, не дека се плашам.
Еднаш се враќав од излегување дома во три часот по полноќ. Ѕвонев на неколку сигурни такси компании ама немаше слободно. Имаше едно диво такси, па ајде се качив. Обично кога се возам така сама со такси навечер си погледнувам во регистрацијата, па така и тогаш си ја запаметив. Беше прилично едноставна. Му кажав адреса на човекот, кој имаше околу 30тина години и овој тргна во спротивен правец, надвор од градот. Јас ја подотворив вратата, додека автомобилот беше во движење и му реков: "сакаш да испаднам додека е автомобилот во движење па да викнам полиција или директно да викнам полиција и му ја изрецитирав регистрацијата". Почна да се правда демек го згрешил патот и ме врати. Тоа ми било единствено лошо искуство со таксист.
Се договорив со другарка ми од друг град да отидам кај неа, таксито не беше многу скапо, некои 20 минути вожња ми беше. Звонев на такси кое ми беше сигурно и познато, се возев секогаш со тоа. Споделив збор два со таксистот, некои 32 33 години беше, го познавав одамна човекот, син на куќен пријател ама немавме секогаш толку контакт, па ајде обичен муабет, како си што си, како се твоите...кејжуал. И пред да излезам од таксито ја стави раката на моите гради, луѓе, колку гадно се почувствував, среќа бев доволно храбра да го удрам и да го пљукнам во лице. Слушнав муабети дека и со други девојки така постапил, па некоја била храбра да пријави и повеќе не работи во тоа такси.
Ко ми кажуваа баба ми и дедо ми со каков таксист се возеа.. Чекале на постојка такси, го начекале негде и влегуваат му кажуваат адреса и тој вика: За дотаму ме терате да ве носам, како не ви е срам?! Дедо ми му вика: Јас сум болен човек не можам да се движам и одам пешки и таксистот му возвраќа ДОСТА ПРЕСТАНИ, АМАН ВИЕ СТАРЦИВЕ САМО СЕ ЖАЛИТЕ НЕШТО. Ова е простотилук на некое напредно ниво.... првпат среќавам вакво нешто.
Вчера на главна стопирав едно такси, не ни видов која компанија е.Немаше ич таксиња и само чекав такси да дојде.. Му кажувам адреса, ми вика ќе идеме првин до ХХХ да зеам уште едно девојче од прееска ме чека. Добро викам ајде, ја носиме кај што треба и му викам: Сеа со ХХХ, иде типот право од Јосип Броз и мислев ќе иде во точен правец и глеам врти према Водњанска кај НЛБ. И му викам ,,ви кажав до ХХХ” и се праи на три ипол и ми вика ја утнав улицата не се секирај ќе стигнеш жива и здрава дома и се смее. Успат од коа ја остаивме типката се договори уште двајца да земе од некој си хотел.. Ги зима и им вика ај да го остаам девојчево и ќе ве остаам вас. Успат уште 10 пати требаше да му кажам до кај идеме бидејќи типот беше фокусиран да најде фиш да пуши.. Требаше коа искочив да ја сликам колата и табличките али одма си отидов.. Пазете со кој влагате у кола. Иначе од некоја пристојна компанија беше овој само не ми текнува која пу јазк да ми е
Вчера за некое чудо имав позитивно искуство. Чекав такси на главна улица бидејќи половина час не можев да најдам и излегов да стопирам. Повеќе од 20 минути во 3 и пол сабајле мрзнев бидејќи немаше такси и доаѓа група 30тна годишни и застануваат на 2 метра пред мене и ми го земаат таксито што го стопирав. И уште ми викаат Ајде дојди со нас до Чаир, па после врати си се, а јас сум на другата страна од ск. Гледаа дека сум сама во тоа време и измрзната без срам ми го земаа таксито. Среќа после застанав еден таксист и со истата фора претрчаа едни пред мене, али човекот им рече Нека се качи девојчето, гледате дека е сама (така нешто) иако од нив ќе земеше сигурно повеќе пари додека ги остави сите. Секоја чест за совесноста.
Се качувам од диско сама за дома некаде три часот и тргнуват таксистот и гледам застанвит на страна од патот и почвит да чепкат нешто на совозачко. Тогаш го зедов телефонот, почнав да се преправам дека праам муабет на телефон, кажав точно каде сум во моментот и кога слушна тој продолжи со возење. Фала му на бога, здрава, жива стигнав дома.
Luge dajte broevi od asalna taksi kompanija ne sto vozat nenormalno ne sto se derat ne sto se pustaat na cupinja i zaogaat po skopje cinis na ekskurzija te vozat sto e so taksistive po skopje posebno tie na avtobuska ne znaes u koe da vlezes a ti se brza ima li red nekoj za takvite kaj se prijavuvaat tie divite taksisti znae nekoj?
@Trnoruskaaa Delux 078228822 Royal 078409940 Riva 075215161 Elite 071210900 До сега сум немала непријатни ситуации со нив, секогаш коректни. И имаат попуст.