Со која компанија и да се качам на крај од вожња иам уште еден пријател за на пиво Еднаш со еден пеевме у кола навивачки песни. Исто еднашка еден пијан ме возеше у 2 ноќе со изгасени светла и не му работеше брзинометарот, ама душа човек многу фин беше ако пијан
Мислам беше Водно, не сум сигурен. Ама таксистот не беше на смена, изгледа си одеше накај дома ама ние го стопиравме онака на улица, и не возеше на црно фактички...
A ne e isto za masko ako si ti pa da pies so nego, za zensko i za nekoj sto doaga od drug grad pa da se smeeme situacijata e stvarno losa so taksistite poveke mi se isplati peski da odam 50 minuti nego upla da imam za cel zivot
Ми пречи кога таксистот започнува муабет иако мене не ми е до муабет, особено кога некои прашувале „а кај работите? Чекајте сеа малцем таму работите а ваму се возите... Зошто така?„ - „Па на одмор сум...„ - „А каде ќе одите за одмор?„ или „Што сте се натовариле така од пазар?„. Најмногу почитувам таксисти кои откако ќе им се каже дестинација воглавно си молчат, ќе потпрашаат можеби дали да возат од ваму или таму или коректно ќе информираат дека на некоја локација има гужва поарно да се оди од околу но 10-20 денари може да фати повеќе. Тоа е во ред. Нема што да отвора муабет за приватни работи.
Баш еден таков ме возеше од меѓуградска автобуска до дома и ми постави еден куп лични прашања, на кои почнав и погрешно да одговарам од што ми беше незгодно, за на крај да ми наплати поголема цена од вообичаената за таа релација. Од тогаш не се возам со таксистите што се на автобуска, си нарачувам такси од компанија со попуст уште додека сум во автобус, за секој случај. Не дека и тие не знаат да потпрашаат нешто, но барем цената си е регуларна.
Никако со тие што стојат на автобуска. Мене еден ми наплати 200 денари и од тогаш ми дојде умот. А обично ми земаат од автобуска до мојата локација 120 најмногу ако има гужва. Си има добри такси компании што си наплаќаат регуларно. Си нарачваш си стига бројчето што ти го кажуваат и досега сум немала никаков проблем. Се возам со глобал, а ако немаат кола тогаш барам друга компанија
Истово ми се има десено. Последнава дешавка. Само сред бел ден. Човекот кој беше доста постар од компанија Elite возеше по Партизанска сто на саат, башка дека слава беше бајаги начукан. Живо чудо е што не нѐ стопира полиција. Ако требаше за 15 минути да се чекаме за другарите, јас стасав за 5. Иначе не пријавувам таксисти за лошо возење или наплаќање повеќе од потребното. Луѓе се и они, живеат од основна плата и тешко им е. Не замерувам и цепидлачам додека стигнувам на локацијата.
Мене еден од Класик така распит ми прави, два пати се имам возено и два пати истиот муабет, ,,а таму што има?таму е шемата''? ,,а ти таму живееш?" ,,каде искачаш" Оккк и ја мрзам да ме распрашуваат такви работи, пре би да зборам за политика или времето него да ме прашува кај искачам, од кај да знам зашо прашува
Два пати само ми се случило млад таксист да ме вози и да не зборува по пат и да не распрашува. Другово отоци. Која си, што си, кај работиш, па се живо ќе испрашаат. Еден во Охрид ни зборуваше имал два факултети, англиски знаел подобро од професори, ама ете работел како таксист.
не најдов поссодветна тема ама дали некој може да ми каже некој број од океј и поефтино такси, ми треба за денес кога се затворени автобусиве..
Охохо... Прво, да споделам лошо искуство со Камео. Не ги викајте никогаш Камео ако ви се брза. Точно е дека даваат попуст 20%, но неколку пати ми имаат направено финта, куцаат фул цена и се прават луди, и ми викаат “оо дечко па ти требаше да кажеш дека си преку апликација“. Совет: секогаш пред куцање кажете дека сте преку апликација и дека треба да ви дадат попуст. Второ, иако внесуваш точна локација преку апликација, ти се јавуваат да те прашаат: “а каде е тоа поточно?“. Трето, ти пишува дека ќе дојде за “10 минути“, а реално за 10 минути ЌЕ ТРГНЕ, и во зависност од сообраќај, сум чекал и по 25 минути. Затоа велам, не ги викајте ако ви се брза. Четврто и најтазе, пробав да платам преку картица еден единствен пат, и не ми ги повлече парите, ги немаше ниту во резервирани средства, па му платив на таксистот и во кеш. Е па, погодувате - банката ги повлече парите 2 саати подоцна. Им се јавив, ми рекоа дека е дупло наплатено, и ако може да ми ги вратат... еве уште ги чекам. Пишав и меил со потсетување, џабе. Си го почастив таксистот. Со други такси компании воглавно сум имал Ок искуство, зависи каков таксист ќе ти се падне. Еднаш, до аеродром, ми се погоди еден премногу нападен и досаден таксист, цел пат збореше како државава не чини, политичарите не знам какви, немало живот тука, он возел по цел ден за мали пари... Не е дека не се согласувам со него ама толку не ми беше до (таков) муабет во 4 сабајле, и на крај му викам: па добро секој различно, мене на пример ми е добро, имам добра работа и плата, така да не се жалам. И ПОЌУТЕ.
Мене вака од East Gate, до Палма Аеродром. Обично тоа е исто околу 120-130 ден. отприлика. Многу брзав, немав време да барам со повик, влагам во првото паркирано и ми вика: “ама да знаете до таму ќе ви наплатиме 200“. Си ги дадов ко попче, и памет за друг пат.