1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лоши таксисти

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pennyroyal, 30 декември 2009.

  1. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Охридските таксисти (чест на малкуте исклучоци) се убедливо најлоши и најбезобразни!
    Во тој контекст е и следнава група на фб: "ЛЕТО-кога таксиметрите на охридските таксисти стануваат штоперици!"
    ...Се' е кажано...
     
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    И понатаму тврдоглаво си стојам зад ставот.
    Секогаш доцнат, мора да се јавам барем 2 пати и да им објаснам дека е итно.Да чекам цели дваесет минути на студот , пак да се качам до шести да се јавам и да слезам назад.Решив да си седам на прозорец додека не стигне колата и потоа да се симнам.А тоа не трае долго , минутка речиси.И се симнав така и дебел чичко со пивски стомак , патријахално воспитан, со стомак до воланот, ме гледа намуртено како кога татко ми со поглед ме опоменува кога мењам канал од парламент на турска серија.Ми вика - Те чекам ПЕЕЕТ МИНУТИ ! Кај си до сега ? Мислиш , имам време за трошење на луксузи :o :!: Молам ?! И незнам со која храброст се качив.Ме слезе на пола пат , неможел да се качи на угорница,немој ти се молам |( А ја знаев само адресата,не точното место.Лутав некое време.Инаку по пат пцуеше, нормално и радиото пред распаѓање го имаше пуштено Тома Здравкович до даске.Конзерва со отпарани седишта и ареа што потсетува на миризбата на центарот за дијализа :tmi:Лиценцирана компанија на која влакно ми фали да ја именувам , добро ќе им дојде антиреклама за и онака лошиот бизнис .
     
  3. stewart

    stewart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    30
    Такси користам редовно и тоа ислучиво компании како Наше такси, Ројал и понекогаш Лотус. Имаат средени коли во кои мириса пријатно, возат сигурно и секогаш даваат фискална сметка.
    Искрено долго време се немам качено во некое друго такси, бидејќи до некаде ми е страв. Незнам зошто но не се чувствувам сигурно :?:
    Сум немала некое многу лошо искуство, но од тоа што памтам, останатите компании имаат постари автомобили (не дека јас барам луксуз, немој да ме сватите погрешно) но често во нив има непријатен мирис и возачот се труди на секој можен начин да земе повеќе пари. Се разбира секаде има исклучоци...
     
  4. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Ауу колку безобразни таксисти има.. Има секакви.

    Велите млади таксисти. Баш пред неколку дена ме возеше млад, згоден таксист.
    Цел пат зборуваше на телефон настрана тоа што е забрането, викаше, пцуеше и маваше по воланот. И така занесен вози и не сврте на кривината, туку продолжи право. И јас најкултурно му реков "се извинувам, ја поминавте кривината" и господинот нагло застана, се сврте кон мене и така дрско ми рече "добро ај па и ти па, симињај се тука".

    Па која дрскост беше таа така да ми се обрати. Јас му плаќам на него за да ме вози до саканото место, не ми дава тој мене пари за да се возам на задното седиште. Да не се навреди што го прекинав во телефонскиот разговор...
     
  5. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Наше такси дефинитивно.Супер се! И еден дечко млад што вози во 94 не знам која компанија се многууу е симпатичен.После концерт го сопрев на улица,веќе последна надеж ми беше зошто целата гужва се пикаше по таксиња и си добив совет за такви ситуации треба да си имам другар или ДЕЧКО таксист ;) :rofl: А за неартикулисани возачи од други компании,ми се погодиле ехеееее..Од дедовци што колана им се распаѓа и смрди боли глава,арогантни и изнервирани дегени,сељачишта што рокаат Оф Оф Емина у сред Центар,па се до очајни обиди да ми направи обиколка на Скопје,ти му викаш лево,тој од десно било поблиску.Па чекај не си идам дома прв пат :^) ..
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Их, паш пред некој ден ме возеше еден дечко од супер компанијата со која секогаш се возам, али овој не ми се погодил до сега. И се качувам јас у кола издотерана за излегување и дечково прво ми се сврте да ме изглеа па ме прашува до каде. Му кажувам и си вози типчево.. а вади нешо телефон на тач, ко демек еј види шо телефон имам, значи неможев да не погледнам, а самиот си се имаше на позадина :rofl:
    После тоа почна да се соблака, го соблече дуксот да се покаже де! И на крај ми вика, ние се знаеме, ти не ме познаваш? Па дури и името ми го кажа, а мене ни на крај памет не ми текна на дечково! Иедвај успеав да се симнам од кола ме напна со тоа дека се знаеме а несакаше да ми каже од каде, ах леле!
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Преферирам да се возам со Наше такси, Ројал, Лотус.. имаат стварно убави коли, и убаво мирисаат и некако во нив се чуствувам најбезбедно, ама се случува да идам и со Вардар, гледам сега и они имаат убви и нови коли, Теникс, Класик, сепак се попознати компании и единствено со тие се чуствувам безбедно.. Никако не се качувам во приватно такси или некои од х компанија.. :D
     
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Лотус,Наше Такси,Панорама... :)
    Еднаш се брзав за накај школо,начекав еден дедо |( И морав да се качам,али имаше и еден колега негов.
    И дедово цел пат ми се заблагодаруваше што сум го спасила од досадниот колега :D Свашта :)
     
  9. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Се возам само во Наше такси, со другите ми е страв...Мајка ми се возела еднаш во некое чкарт такси со колега (тоа негде на полноќ) и едно време застанал шоферот и дошол некој човек па почнал да се дере: врати ми ги парите....сакаш сеа да го убијам овој овдека?!?!??!!? Нормално, одма се симнале...
    А еден па наместо 60 денари сакаше да ни земе 150!!! Од тогаш се возам исклучиво со Наше такси, а поретко и со Ројал или Лотус...
     
  10. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Какви се ненормални таксисти постојат и какви се не случки имам преживеано.Пред неколку години доживеав шок и страв ми беше месец дена сама во такси да се качам :x
    Еве неколку случки во брзо време што ми се случија

    Минатиот викенд бев договорена со другарки да се шетаме низ парк и убаво му напоменав на таксистот уште кога се качив,да вози до фонтаната во парк.Цел пат ми раскажуваше колку било паметно неговото куче...И стигнавме пред парк и он уште збори ли збори,му спомнав дека треба да застане он гајле нема си вози право само.И кога му текна зема ја сврте колата и назад во парк ама не пред фонтана туку позади кај стадион ме симна...Цел круг ме сврте будалата :doh:

    Еднаш се качив во такси за буквално една уличка (заради безбедност) и ми вика девојко 100 ден :o Ајдее и кога искочив што да видам побезбедно би ми било пешки да идам,прв пат видов таква компанијата

    Еве и една добра случка...
    Пред некој месец се враќав од град и беше негде 2/3 по полноќ.Тој период немаше светло кај мене во влез и таксистов седеше и чекаше едно 10 мин дур се симне татко ми. :)
     
  11. majatrpkovska

    majatrpkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    хаха....за нашиве тахисти има мн што да се казе ...за зал,нема мн пофални зборови нели...но да казам дека после толку време користење на такси услугите мислам дека секој ке си ја најде својата такси компанија...имено ,голем поздрав до радио такси ПУЛСАР ....секогаш чисти,намирисани возила...фискална сметка...ок возачи...
    поздрав
     
  12. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    И јас се возам најчесто со Наше такси, мислам дека се најбезбедни и најтоп таксиња :)
    Лотус ми е на второ место, и Водно на 3то..
    Се имам возено и со шкљ таксиња и тоа навечер кога се вракам касно и неможам баш да пребирам, но секогаш гледам да сум со некој во колата, со другарка..и сл..

    Претпоставувам веке сите ова го знаете, но јас пак ке кажам, никогаш ама НИКОГАШ не се возете во коли кои имаат ставено знакче горе ТАXI...поцрно од тоа здравје..ни телефонски број,ни име ништо...тоа ти е апла црно...и тие се најопасни..дури и кога немате избор, врткајте се, почекајте, одете пешки до некаде, ама во такво такси јок! :!: :)
     
  13. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    На екскурзија во Прилеп не однесоа пред 2 години,и ние деца,залутавме.И за да се вратиме,си викаме ај со таски,ем побрзо,ем нема шанси да се изгубиме,на местото дирекно ќе не однесе. Другарка ми седнува напред а ние другите позади.Му кажавме каде да не однесе,и си викаме ние некој добар тип,онака средновековен човек,покрупен.Кога ракава почнува да му забегува накај другарка ми.Типов на ногата и ја става,и ја прашува од каде е,колку години има,што бара во градот и слично.Нас паника не фати, и отвараме вратите и да не нема :tmi: .Од тој ден внимавам со кого се возам.Ако сте од Велес,и сакате брзо и безбедно да стасате на посакуваното место,јас би ви го препорачала ДЕНС. :lol: :hai:
     
  14. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Прочитајте го ова навистина е грозно но реално!!
    Ова сакам да го споделам со сите феминки, за повеќе да внимаваат со која такси компанија се возат!

    Пред еден месец, дете кое полнело 18 години, си го славело роденденот дома со друштво. Две девојчиња кои имале по 16-17 години -негови другарки, му биле на роденден. Завршил роденденот вечерта околу 2 саат и девојчињата да си одат дома, се качиле во такси РОЈАЛ (го нашле таксито на такси станица). Ама немале доволно пари за да платат и почнале да вртат по другарки да им позајмат пари. Таксистот го слушал муабетот, ги видел дека се млади, наивни и го искористил моментот. Им понудил да одат до кај него на пијачка, па ќе ги врати дома и ќе им ја скине фискалната сметка, да не мора ништо да платат. Девојчињата се согласиле и воопшто не помислиле дека човек од 45-50 години ќе може да им направи нешто лошо. Отишле кај таксистот дома и типот ни две ни три ја силувал едната, а другата ја претепал.
    Во 7-8 саат сабајле, девојчињата отишле во полиција да пријават. Цели биле испокинати, таа што ја силувал крварела од каде не, страшна слика!!! Полицајциве покварени почнале да ги напаѓаат девојчињата, они биле криви, зошто немале доволно да платат за таксито, а тоа што едната е силувана а другата претепана, што едвај се довлечкале до полиција, не го ни спомнувале!!!
    Го викнале таксистот, родителите на децата и пред сите собрани, таксистот рекол: " Не, јас не сум ја силувал она сама сакаше, она мене прва ме нападна и ме молеше да имаме секс. Ако она остане трудна од мене, јас за жена ке ја земам!!! "
    Полицајциве им рекле на родителите, ете гледате човекот колку е добар, за жена сака да ја земе, какво силување вие луди да не сте?!?!
    Девојчето крварело, ја однеле и во болница после тоа и утврдиле лекарите дека се работи за силување и дека типот и нанел сериозни повреди !
    Незнам понатака што се случило, само знам дека девојката навистина била силувана, а другата тепана со каиш.
    За полицајците немам зборови, само се прашувам каков гад треба да бидеш за да оставиш едно 16 год дете да има трауми цел живот, а да му помогнеш на психички болен човек кој има 50 години, да помине без казна ??????? Таксистот да знам кој е точно би го убила!
    Пазете со кого се возите, јас можам да ви ги препорачам DE LUXE. Со нив се возам откако прв пат се имам качено во такси, тоа се 6 години како се возам со нив. Не разговараат со патници, многу се културни, секогаш им се средени и чисти колите, ги интересира само до каде треба да те однесат и ништо друго.
    Инаку мајка ми ми ја кажа случкава (детето што славело роденден е син на нејзина пријателка) така да не е лага во никој случај!! Само нека биде предупредување за сите кои што се возат со такси!
     
  15. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Па со кој памет се согласиле да идат дома кај таксистот??? Според мене сами си се криви,сами си ја барале бељата. :^)
     
  16. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    И јас тоа се чудам со кој памет тоа да го направат???? Ама ете дете што не е социјализирано, што не излегува често, од каде да знае. Децата биле сиромаштија невидена, можеби прв пат се возеле со такси???? Како и да е мн жалосно, кога ке помислам што е сега со девојчето, низ што поминува, ми се превртува желудников...
     
  17. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Зарем можно е девојче од 16-17 години да е ТОЛКУ неразумно и да се согласи на пијачка? Па тоа и будала човек би го знаел..каква корист од пијачка бе? не ми е јасно...се знае каде води тоа..башка 2-3 другарки биле, па будали ли се па да не знаат, требале своето да си го дотераат и да побараат пари и готово...а и кај се идело со такси ако немаш пари? ајде една да немала, ама сите??
    знам и друга јас као приказна незнам дали е вистинита или не, другарка ми ја кажуваше, а тоа е дека навечер со такси се возеле 4 девојчиња, сигурно било некое црно такси од оние без компанија и сл. и наеднаш се заклучиле вратите (овој ги заклучил нели..) и се јавил на телефон некаде и рекол као еј, фатив златна четворка! и после почнал да ги вози негде далеку и им ги земал телефоните на сите четири, али тоа едното девојче имало као 2 телефони па за срека еден и останал, и брзо им пишала порака на мајка и или татко и незнам, и овие полиција и ги фатиле и се добро завршило...
    страшна работа е, мора да се биде многу многу внимателен бидејки после нема назад...тоа се страшни трауми.. не само физички туку и психички, кое од кое поопасно..
    така да само со утврдени таксиња, ко што пишав погоре, наше такси е бр.1, лотус исто и водно.. бар ја тие ги користам..водно и така и така, обично за преку ден, а наше такси единствено за вечер.
     
  18. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Биле 2 девојчиња, едната 16, другата 17 години. Имале пари ама не доволно, за да ја платат целата сума, ваљда мислеле дека помалку треба да им земе, па толку имале.
    Исто пред некое време имаше на тв, девојче се качило во такси од топанско до хром. Типов ја возел во непознат правец и она му рекла носи ме дома, ме чека татко ми морам да си одам. И он и рекол ок ок само малку ке закасниш. Ке се подружиме малку и ке те вратам. Поминувале покрај бензинска и девојчето среќа што и текнало му рекла застани само цигари да земам. Типот не размислил, застанал и девојката избегала за среќа.
    Незнам што да кажам, страшни работи се случуваат, да ти е страв да излезеш!
     
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Еднаш со дечко ми требаше од автобуска да одиме во Автокоманда и зедовме такси ( бевме натоварени со торбици зашто идевме од дома и затоа, инаку одиме пешки). Стигнавме во Автокоманда и таксистот ( беше од оние пред автобуска што се нудат) ни вели 146 ден. Кога го чув не знаев дали чув точно или не и навистина ни наплати толку. Во таа колата ни такси метар имаше ни ништо, една гнасна, нечиста, стара кола што беше :x Ние сели отепани од по пат не ни текна дали има такси метар или не и се качивме . Оттогаш ако се возиме со такси, земаме од Вардар или од Пролет ( најчесто од овие две) и некогаш од Рива и секогаш гледаме да е од компанија. Јас еднаш сама тебаше да одам со такси (и ми беше така страв, а кога сум со дечко ми немам гајле) и го прашав шоферот дали има такси метар и колку пари е истата релација. Може срамота беше ама зошто да му платам повеќе?
     
  20. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Кога се вракате од автобуска најдобро е да си викнете такси на повик. Тие што се пред железничка се многу безобразни и бараат дупло, затоа што нели доаѓаат често луѓе од други градови и незнаат колку всушнот чини до саканата релација. Бидејки често поминувам од таму неколку пати сум била сведок на жестоки расправии. Се симнуваат патниците и таксистот им бара ненормално висока цена за кратка релација. Еден дури ги пцуеше едни две тетки кои не му даваа повеке отколку што вообичаено би чинело. катастрофа