остај само тоа да беше??? а што дофрлаат?? поминувам и 6476594 девојко такси, такси!! добро бе, му кажав на еден не, не сте глуви е*ате! а сега случкава! тоа беше пред добри 6 години...лето беше и јас и другарка во парк, и 00 дома и фативме еден див таксист! а другарка м имаше 17 години, беше да се види со дечкото и јас и праев друштво! ама луѓе ви се верува ли дека типкава 110ка прслук, значи груда до небо, прекрасна груда држо ама малце си беше глупичка и си седна она напред, оп оп ... и се симна, а јас имав уште 5 минути подоле...леле кога ми се залепи таксистов лел мачиња, прекрасни сте, и ти и другарка ти, прави мачки! јас ќе умрев! мму викам тука тука остави ме....од пусти страв A еднаш исто од пред 5-6 години, бев на кафе во автокоманда со другарка....ама она остана таму, а ја со такси треба да се враќам....и само еден див таксист, и тоа Aлбанец! мене искрено ми беше многу страв, ама дечкото срцка испадна! нити се понашаше непристојно, нити ништо, навистина културен беше! општо сум се возела повеќе пати со таксисти албанци, и за среќа до сега сите биле супер, на место луѓе! најлошо искуство дефинитивно имам со охридски таксист, што многу сакаше да се прави паметен, аксиметарот кога се качив на 200 му беше ставен! и јас со 3 другарки му викам----- ќе може да го исклучите таксиметарот, он ладно HE!!! молам?? нее??? ај да не симнете!и овој ни вика вие скопјани сакате 4 да се качите во такси и да платите само по таксиметар?? Jас а вие охриѓани едвај чекате скопјани да дојдат, па да ги крадете срамота,еден па друг, не собра од автобуска, значи ние не знаевме кај е куќата... и не качи во такси, куќава релација од собрание до холидеј ин да ти била! и 200 денари ни зема ејјјјјјјјј!!!!! највеќе ги мрзам охридските таксисти, имаше едно чиче цело време по таксиметар не возеше! и само него го баравме! на поштени ич не ми е жал да им дадам пара, ама на тие што крадат! е не им се качувам во такси А од нашиве се возам со пролет, некако најбрзи ми се! А имало и случаеви со таксисти муабети хахахаха, тоа поготово со другарка ми, зашто уште поодлепена е од мене! биле на искачање со друга другарка, и оваа му рекла, е дечко сега ајде попуст 20 денари, за водка ќе немам и и дал попуст хахахаха А еден па, чичко, ни вика леле денес какви машки, никакви каваљери, па каде јас сум оставал девојка за џеб да се фати, едно кафе да не знаат да платат! абе лом ги направи овие мушкиве хаххаах!!! Секакви муабети вртат, ама сакам да го начекам тој што се заминавал со натални карти ли, понапред читав, па ако знаете во која такси компанија е кажете, само таа такси комп, ќе ја барам
Вистинското прашање тука е колку ментално треба да си заостаната и непокретна па да не си во состојба да кажеш не.Ситуацијава ми изгледа во ред.Таксистот не би требало да биде казнет, болни тука се само двете ор*спии кои сигурно имале само садо мазо фетиши ете тоа се се.Доволно се зрели за да останат на журка до 2 по полноќ но не и рационално да размислуваат нели ?! Чичкото си искористи прилика, му се пружа младо мевце и ја да сум ко него ќе ќарам, зашто да не.
богами и таксистот и девојките!Не ми е јасно зашто таксистот да не биде казнет па тој е тој што ги силувал бре! и ги петепал! А девојките на 16-17 се во најлудите години, и не размислуваат, може мислеле поштено чиче е! зашто човекот бил од такси компанија, а ние во тоа гледаме ко поштени таксисти, што никогаш ништо не би ти направиле! не дека девојкиве не се криви што биле наивни, ама таксистот богами и си го заслужува затворчето
Тебе за машките... мене во саботава ми зборуваше како женските биле покварени... (дали разведен беше кој знае) и кажуваше демек срам да ви е,вие само гледате да ви е убо а на нас машките ни е лошо. Дали знаете колку ни треба за да ве фатиме? И јас само се смешкав, и само ми викаше што се смееш АМ АЈДЕ НА КОЈ ДРУГ НАЧИН ДА ТЕ ЗАМОЛЧАМ ГЛУП! п.с. да знам колку им е тешко на машки да фатат женски
Да ве прашам нешто, пред неколку ден слушнав дека некоја такси компанија вози за 350-380 денари до аеродромот Александар Велики да не знае некој која е таа компанија.... Ви благодарам многу мој феминки
Јас најлошо искуство имам со таксисти од Лотус. Убави коли, чисти, тоа да, ама ептен смотани таксисти. Разбирам јас дека не се тоа професионалци, дека голем дел првпат возат такси, ама искрено, од кога тоа треба да биде моја грижа? Па да чекам по 10 мин да дојде оти отишол по грешка на погрешна адреса? Или не знаел каде е па талка наоколу... Мал милион пати така ме заеб... Еднаш ми избега меѓуградски автобус, затоа што го чекав типот 10 мин пред зграда. И се јавувам кај диспечерката и таа уште ми вика „Па не може да излегувате 20 мин. пред да трга авотбусот. Еве касни човекот и што сега? И тој е човек“. Прво, ако дојдеше на време, јас ќе стигнев 10 мин пред да тргне автобусот (си имав карта), второ, ако сакав да губам пола саат ќе одев со автобус, ич не викав такси... Дефинитивно раскрстив со нив кога ме оставија 15 мин товарена, со децата да чекам такси на -10 зимава, се јавив еднаш „Леле, сега ќе видам кај е“. После 5 мин се јавувам пак, веќе сите смрзнати „Уште не е дојден? Леле! Еве иде, го гледам“ (нели ги следат на ГПС), после 2 мин се јавувам, ми исклучува. Викам друго такси, доаѓа за 2 мин кога кажав дека сум со деца на студот, вртам од тоа такси да кажам ич да не иде (глупача и јас) и пак ми исклучуваа! Таксистот (Од Старо Водно беше) не можеше да се доначуди. Поголемото дете смрзнато, малото се изнаплака... Ма без пари да возат веќе во такси не им се качувам. Само со такси се возам повеќе од 15 години (немам возачка ) и добро знам што се некои стандарди... Сега само со Бел Мерцедес и Старо Водно, немаат толку нови коли, ама ќе стигнеш кај си тргнал и тоа на време. Плус и не примаат секого да вози за нив, имаат некој ред и некако најбезбедно со нив се чувствувам.
Лелее колку неќам таксисти, ама ете потреба се и мора со нив. Ама тие што стојат пред автобуска и железничка многу ги мразам. Не сум од Скопје и кога си идам тука влечам торбици од железничка и идам таму пред автобуска и чекам да дојде некое од Наше такси , Пролет (тие ги викам најчесто). А овие што се дивите стојат и нонстоп дофрлуваат бе. Зар очекуваат со такво понашање некој ќе им се качи. Баш пример вчера, доаѓам и си чекам такси и нонстоп збореа: ајде качи се јас ќе те однесам за поефтино итн. и ги игнорирав. Кога ми стигна такстито еден па дури почна да ми вика еј цуци со него ќе идеш а неќеш со мене. Не се ни свртев,се качив и си заминав. Ама стварно како не им е срам бе?
Не сум слушнала за таква компанија. Во неделата бев на аеродром и пишува на табла од каде до каде колку пари е, од центар до аеродром 1220 денари, така да незнам кај си слушнала дека возат за толку ефтино. Мислам дека нема шанси. И дивите таксисти не ми се верува дека возат за толку. Најмалку што може да ти земат е 1000 ден од центар.
Jас најмногу ги сакам скопските таксисти,одевме со мажот ми еднаш,знаете колку не изнавози и само 150 ни зеде,а и фино човече,само незнам како се викаше компанијата,старо количе беше јас нашиве охридски воопшто не ги сакам,многу земаат бре,претерано само некогаш земав такси,до кај баба,во средно кога ме мрзеше да пешачам угоре и беше 30-50 денари
Јас во Охрид,секој дневно плаќам по 70/80 во еден правец. А во Скопје кога ќе одам,плаќам по 100 секаде кај и да одам... иронија
Четири години во средно одев со такси. Прво се возевме со Екстра, ама ни се паѓаше еден вулгарен возач кој не внимаваше на својот речник, па баравме да не ни го праќаат. За среќа беа љубезни и не ни го праќаа, по некое време му дале отказ. Потоа се возевме со Панорама и со нив завршивме, секогаш ми се пријатни нивните возачи. Од двете компании кога и да повикам кола има, ама еднаш ме изнервираа од Екстра и од тогаш не сум ги викнала. Паѓаа огромни дождови и на улица имаше многу вода, побарав да влезат во улицата и не влегоа жал им било за колата а јас со мајка ми баба ми ги чекав 30 мин, атие да биде на крајот на улицата која е многу долга. Сега нови ми се Авто куќа и морам да кажам дека сум презадоволна од нив. Преубави коли, културни возачи. Лоша ситуација- си доаѓаме со мајка ми и сестра ми од К. и на меѓугратска се качуваме во такси. Стигнуваме до кај нас и ни вели 300 денари. До меѓугратска е од кај мене е 100, 120 денари преку сила. Почнавме да се расправаме со него и уште тој вели- па вие скопјани сте биле, ама сепак стоеше на 300 денари. Извадив 150 денари и му ги понудив ако не му реков во полиција ќе го пријавам. Си замина бесен.
^ Исто и мене пред малку. За три километри ми вели 80 денари, а обично ми земаат 60-70 максимум. Ама од сите кои ќе се качат по десет денари да земаш ехе плус плата ти е тоа.. Му кажувам колку ми земаат, и му давам 70 и тоа е многу му велам, па не се качувам јас од вчера у такси. ИИи
Јас пред неколку часа го имав последното лошо искуство со таксист. Ми касни таксито (ми кажаа за 2-3 мин, а тоа доаѓа по 10 мин), ај бидна што бидна, му велам на таксистот вози побрзо, итен случај е, и кажи му на оној во централата да не лаже, ми рече за 2-3 мин, а ти ми доаѓаш по 10 мин. Овој само климна со главата. И ко за инает бре возеше 40-50 на саат. Дали се плашеше од мене (дека ме познава која сум), навистина не знам. Само се крстев да стигнам на време таму каде што брзав. И за среќа на време бев. А да задоцнев уште некоја минутка, ќе му се вратев на истиот таксист и ќе го терав да ме вози низ цел град и на крај немаше да му платам. И да, ќе му упатев добра трудничка пцовка!
најлоши таксисти се овие 15-60...абе едно смрдат овие колите и шоферите друго едни некултурни трето оговарат ко свекрви...абе катастрофа
Eх си има и такви, ама има и културни дечки. А пред некој ден еден кога ми развра муабет на мене и мажулето. Како тој знаел кои сме ние, знаел што работиме, па почна да не распрашува за детали од нашата работа... Глупости живи, мислиш јас го прашувам него на колку проценти е, колку порачки дневно има... А дека оговараат- да оговараат. Но сите таксисти се такви, од младо до старо-сите оговараат. И бетер од жените се
Па досадно им е, по цел ден во кола се, само со патниците можат муабет да си поправат, јас за тоа ги разбирам. Јас се возев со наше и лотус, ама откако поскапеа со вардар. Не сум налетала на некој ептен неарен во последно време фала богу
abe moj komsija vozi tamune samo on tuku i zena mu e informirana za se...so niv se vozam koga edino moram posle 1č ako nemam kako da si odam inaku non stop koga mi treba taksi tuka e exstra taksi najzadovolna sum od niv... [mod-kirilica:19o54vyz][/mod-kirilica:19o54vyz]
пред некој ден кога ужасно дуваше и врнеше повикав такси. после добар пола саат конечно дојде таксито и го замолив возачот да побрза затоа што немав многу време.. ама изглеа требаше на кинески да му кажам за да ме разбере.. возеше 40 на саат -.- ми беше глупаво пак да му кажам да побрза ама кога видов дека веќе каснам уште еднаш фино го замолив да побрза.. тој само ми се сврте и ме погледна со остар поглед и потоа ја чукна колата пред нас и уште на крај ми вика 'губи се од овде! да те нема!' и уште милиони зборови. ја изнервирана излегов и почнав да трчам зашто немав чадор!! после на следниот семафор слушам некој свири ли свири..се вртам и го глеам таксистот доаѓа накај мене и ми вика 'девојче ти не плати ' =.=' толку се изнервирав шо си се свртев и си заминав а таксистот продолжи да вика по мене и најкриво ми е шо не ја запамтив регистрацијата иначе ке се жалев!
Се возам многу често со Рива и сум задоволна освен возач број 19, навистина не знам што е со човекот има проблем со самиот себе изгледа. Сакав да им се јавам и да се жалам ама си викам нема фајде кутриот и тој вади леб, мада сметам дека треба да си го смени однесувањето и да престане да пцуе и да вика. Сепак сметам дека не е културно спрема патникот, ама како и да е.
Фала Богу до сега сум немала лошо искуство со такси... претежно се возам со наше такси, лотус кога како и водно..гледам да се од фирми, никако тие на црно што се..ем крадат ем не е сигурно со нив.. од наше такси сум презадоволна до сега, супер коли, возачите до сега ми се погодиле во ред..и што е најважно не крадат!