Бидејќи не сум од Скопје, се чудев кога братучетка ми ми рече - па мене посигурно ми е пешки да си одам, неголи со такси... кога ќе ми се опули некој од напред, ќе не знам на кај да бегам Често користам такси, посебно кога се враќам од излегување. Не ми се погодил некој ептен манијак или што ти знам каков, пу пу да не се подречам. Гледам да влегувам во фирма, ама некогаш кога се враќам касно, а пред очи не ми се гледа, имам влезено во било кое такси - моја огромна грешка. Еднаш, викнав такси за до кај баба ми оти врнеше. И типов, наместо да си оди по нормалниот пат, зеде ме вртеше од некаде, и ме спушти по едно долниште по кое не треба да минат возила. Другпат па, се враќав дома, и дотичниов зима ме вози накај излез од градот, јас пребледев. Му реков, мислам дека сте на погрешен пат... Зема после од некои пусти сокаци ме изврте назад и буквално истрчав од колата. :geek:
Таксистиве се бог да чува со нивните барања - претеруваат. Јест да на запад по евра идат за 200метри во Италија ми зема 5евра ама пак бе треба да идат според стандардов тука а не занесување. Може не е соодветно на темава али морам да кажам. Од пред Бариста на плоштад до колосеум пред некој викенд се качувам многу видов дека е од новиве таксисти што таксиметрите им се штоперици, што да видиме тарифира шо се вика од 40 па нагоре и тоа сакаше да врти од кај МекДоналдс а не дај боже да иде од кај градска болница а коа се качивме баш натака беше свртен со колата! Многу се напнав ме вовлече во гужвата и од нервоза во цела гужва он стои тоа откуцува стигна до 50 искочивме му даовме 50денари и продолжив пешки од што се напнав иначе секоаш се качувам кога возат постари некако се осеќам посигрно така, сеа коа се брзам на што налетам-налетам ама обично секоаш гледам со постари луѓе не секогаш ама делуваат поприбрано и најчесто ми муабетат за периодов на транзиција...боље тоа него случајот што беше со таа пред некое време Топанско ли Чаир не знам кај беше што и викал глупости безобразни ствари ја терал и слегла и бегала со трчање и на вести имаше ако ви текнува
Не се нормални со новиве тарифи. Пред некој ден се качувам во такси и таква уште не сум се наместила тоа таксиметарот почна да куца,па амааан веќе ова не е Њујорк
Да да и мене тоа ми е муабетот, вака почнав да ги препознавам тие што имаат од оние белине коли како поголеми што се нови такви тие сигурно имаат таков злобен таксиметар овие шо имаат постари модели на коли се од 50 нагоре така препознавам веќе јас и досеа не сум згрешила!
Абе ајде?? :О Божееее! Да се изнавозам дотогаш значи и после во автобусиве не не дефинитивно таксистите постепено ќе ги изгубат своите патници.И онака сеа и нови автобуси има особено тие на 2спрата не сум се возела,ама ќе се возам, што има врска.Сеа ептен ако ми треба такси кај што не вози автобус или ако автобуската е далеку од местото кај шо ќе идам, иначе парите по таксисти да ги фрлам не мислам :/ Ауууу што им е на луѓево бе уште во ЕУ не сме влегле баш сме далеку од тоа,тие реформи такви воведуваат..
стварно бе шо е со цените од бисер до општина аеродром ми зема 109 денари па и фискална ми дава божееее, сега ова да не е реклама ама Спојлер пулс комерц не возеа по новата тарифа и затоа што бев редовна ми даваа секогаш попуст. е сега од утре и тие ќе почнувале по нова тарифа така ми кажаа сега во таксито! аман не се возам со такси!
Особено ако одиш на некое подалечно место а знаеш дека има бус дотаму пр. од Железничка има автобуси до кај сакаш по најпознативе булевари да речам се возиш колку сакаш и до кај сакаш со автобусиве а замисли со такси да идеш пр. како што иде 22ка, од Железничка до Геге ххахахаха без 20евра од дома не излагај
Последен пат кога се возев ми зема 70 ден а немаше ни една уличка,од местото кај што се качив пешки до дома ми е 7 мин ама ептен истураше па ај со такси.Можам само да кажам дека се ненормални
Сличен случај како мојот што го пишав погоре..а инаку дека не се, не се гледаат што повеќе да те извртат, да кружат ако идеш по некој булевар да не ги фатат сите семафори а најсмрт за патници во такси мислам дека се семафориве на одбројување леле а ја кој баксуз сум среќа не беше од ``новиве`` таксисти, зема значи вози брзо релативно, и глеаш семафорот завршува зелено и он успорува НАМЕРНО и оп црвено и уште си пуштил музиче и кулира. Аххх ми идеше да се убијам.
секаде е покачена тарифата кај нас во ср е 50 ден од вчера добро е што се нема таксиметар инаку ке возат бавно намерно за повеке да платиш а пак од друга страна лошо е тоа што како компири те возат не како луѓе пребледнувам на секој што вози брзо на неколкупати им спомнав да намалат брзина и велат девојко ние имаме многу работа и немаме време за трошење не чекат други порачки а безбедноста на граѓаните каде е тоа го нема никаде
Ајдее никако не си.Јас еднаш се брзав и кажав да вози побрзо и он дека постар изглеа пак си возеше исто му е гајле него,да те извози само и да му платиш.. цц.. неуслужни :/
Се плаќа од километар. Таксиметарот не врти исто при секоја брзина, коа вози бавно врти побавно, ако вози побрзо исто врти побргу. Така да не се плаши ако има таксиметар На нив им одговара да возат побргу, да направат повеќе кругови
Наше такси, Лотус и од пред извесно време почав да го користам и новото такси на Авто Куќа Шевролет.Само пофални зборови за сите нив. Точни се, чисти се, а и возачите им се пристојни (барем јас на такви имам налетано само) иако по некогаш знаат по малце да замараат со муабет, ама за 10 мин до дома можам да издржам и да ги слушам, и тие се луѓе и сакаат да си направат муабет со некој . Во сите три се чувствувам безбедна, ама сеа од коа го поскапеа ќе мора да му ја земам колата на татко ми сакала нејќела (иначе неам ич мерак за возење, поубаво ми е коа ме возат ) До сега ви ги читав предходните постови и се изначудев какви се луѓе возат такси . Испаѓа да ти е страв викнеш такси , а камо ли па да влезеш да се возиш.
И јас да ви кажам за лудиве наши таксисти случка. Фаќаме такси со другарка од парк (од оние што стојат кај фонтана, многу се брзавме) и уште пред да влеземе чичково не прашува до каде? До центар за странски јазици му викаме и ни вика, лелеееее до таму имате 7-8 минути одење, вие такси фаќате и се потсмева... Јас и другарка ми се гледаме Што му е на овој??? И му викаме, па се брзаме многу и не гледа 10 секунди аааа епа ако се брзате ајде тогаш качувајте се, и ни вика да возам најбрзо што можам??? и се смее ко ненормален... Јас и другарка ми пак Стварно не ни беше јасно дали беше пијан или природно не беше со сите
Ретко се возам во такси ама кога би имала потреба би порачала од приватните компании....оти овие другите можат се и сешто да напрат па недај боже да се возам уште и сама..........
Досега не сум имала некој проблем со таксисти инаку најмногу ме нервираат оние кои зборуваат со патниците ццц.... Не ги сфаќам тоа,но сепак би сакала да си направам некогаш некое добро муабетче ама како што кажавте вие да ми кажува за кучето колку му било добро?! Претеризам... И бај да веј ако може некој да ми каже од која компанија е тој што правел натални карти? Можеби кога ќе појдам Скопје ќе го побарам тоа такси.
На мајка ми вчера од Педагошки факултет до гимназијата Никола Карев 70 денари и земале, а и самиот таксист и кажал дека откако поскапеле им опаднала работата и дека многу малку работа имаат. А јас се немам возено во такси откако поскапеа, последен пат се возев претходниот викенд кога не беа се уште сите поскапени. А инаку во основно имавме еден наставник по физичко кој исто така возеше и такси (ама од оние дивите, сега е во Глобал колку што знам) и беше многу нападен, мене ми се залепи и пола година не ме остави на мира, секогаш нешто ме прашуваше дали сум јадела, да не ми треба за нешто помош, не знам што и од тогаш страв си имам од него, кога и да го сретнев на улица бегав, а не ни помислувам да се возам со Глобал такси од страв него случајно да не ми го испратат.
http://www.lajkuvaj.com/43126/ => ...ne si fraerr ako imas kolaa fraer si ako imas pari za taxii. МОРАВ!
До сега, за среќа, не сум имала некоја лоша случка со таксистиве. Секогаш ми се погодуваат некои добри батки, никогаш не ми се погодил некој стар вампир по хоби манијак, а и коректни биле што се однесува до возењето. Единствено пред недела дена, можам да кажам една случка која што ме извади од такт, значи си седам јас во кола, чекаме семафор и типов ми вика: „Музиче некое да пуштам, сакате?“ И јас го гледам и му викам: „Како сакате вие, мене сеедно ми е“. И типов не дочека ни да се доискажам, ја рока „ИХ ЛЕЛЕ ШТО СЕ НЕ УБИХ, ЛЕЛЕ ШТО СЕ НЕ УБИХ ИСПОД ОНЕ КРУШКЕ„ и јас тука фаца , :geek: , а овој без осет, си пее ли си пее. Мислев дека ќе умрам, не знаев дали да се смеам или да почнам да рикам, зошто звучникот беше веднаш позади мене, па беше нешто слично како некој на увце да ми ја пее. Прекрасно. Друг пат кога ќе ме праша некој вакво нешто, дефинитивно ќе добие едно НЕ, посебно ако планирам да се возам малку подолго.