дека има лоши таксисти има не велам не,но секогаш не се тие виновни.Ќе ви кажам за еден случај,мој другар таксист,иначе од охрид,му се качила у такси некоја фуфа и му рекла дечко до струга.Кога стигнале до струга другаров и рекол дека треба да плати 300 ден а таа му одговорила може ли да ти го исп*шам еднаш и да не платам? Другар ми зачудено одговорил а после да идам јас да им го исп*шам на оние од макпетрол??? Ја избркал од кола и си заминал може е офф ама морав да ја споделам случкава
Леле ова може е малку оф топик, ама в4ера баш се возев во такси и сега да излеваме и гледам ра4ката скршена, не може да се излезе, и ја боцкам другарка ми да излеземе од другата страна, а и таа ра4ка скршена, малку се исплашив, и тој воза4от вика а, а сега јас ќе ви отворам, си викам фала Богу не е некој манијак, што е тоа такво да не можиш сам да излезиш, двете ра4ки скршени, стварно глупава работа мислам....
Јас секогаш пред да се качам во такси, ќе видам кој е таксистот Инаку, ретко одам со такси, најчесто татко ми ме одвезува, или пак одам пеш.
-Ме нервира кога таксист ми зборува за теми кои не ми се интересни, како на пример рибните ресторани во Скопје. WTF?! -Кога ќе речам до Зегин на Партизанска мислам на Зегин, а не спроти Зегин. Да сакав таму ќе кажев спроти, фала. -Ме иритираат разговори на телефон, и му имам спукано на еден. -Издеравање од типот: кај да ти ја раситнам јас пестоткава? Хмм, не знам. Тоа не е моја работа! Решение на таквиот проблем е искачање од кола, ти си дал пари, тој не ги прифатил, чао пријатно сега. Имав случка кога еден ми зборуваше како претходната вечер легнал некоја на моја возраст а потоа ми понуди бесплатна масажа. На најдобра другарка на сестра ми која е од Црна гора и студира тука заедно со брат и, ве молам таксист и рекол да плати 700 и нешто денари од Железничка до Кисела вода. Чул сиротиот дека зборуваат црногорски таа и брат и, па си рекол ќе ги ошури и ги вртел низ Скопје. На крај му дала 50 денари и му рекла јас студирам тука, знам колкави се цените и си излегла. И во купот на лоши дешавки со таксисти морам да издвојам само еден добар чичко кој ми прими евра затоа што немав денари во себе. И не ме украде ни денар.
Сефора ме потсети на една случка . Бев во државна на забар и дека лето беше си реков ај до рекорд со такси ќе одам . И ми остана уште 500 и се качувам во такси , стигам на Рекорд и ми вика и што да правам сега јас ? Му викам , земете колку ми фатило и вратете ми кусур - што друго ? И ми вика па немам ситно и му реков не е мој проблем и искочи да раситнува .
Многу се нервирам кога ќе фатат муабет да ми прават. Влагам да ме возиш, да си земеш пари и двајцата среќни и задоволни!
А бе има некои што се ок кога прават муабет , па уште кога ќе ми ја погодат темата Со еден земавме да ја пцуеме државава Ама таков ми беше денот
Еднаш во Битола не фати еден дожд со 2 другарки и братучедка ми, влегуваме во такси и братучедка ми кажа нешто на битолски и ние цело време се смеевме во колата, а таксистот цело време и викаше на другарка ми "Девојче што ми се смешкаш" и кога излеговмеод таксито и даде ливче а на ливчето неговиот телефонски број и пишуваше "Јас многу сакам да играм, ако сакаш да играме јави ми се на овој број" Спојлер психопат
Како што поскапеа таксиве, да ти е страв да се качиш, возат некој бавно, те вртат, абе...и плус таксиметарот како штоперица е.Јас во Скопје сум 5 години, студирав и сега работам и веќе го запознав Ск на некој начин.И влегувам во такси од факултет до дома да одам и му викам на таа и таа адреса, и тој вози и замина затера на друга улица и му викам вака сега да ти кажам нешто ако сум со друг град и мислиш дека можеш да ме излажеш ти сам си се излагал, носи ми е кај што ти реков, и ме донесе и ми вика 300 денари викам мене картата од Прилеп повратна ми е 300 денари еве ти 50 денари и тие пари ти се многу за толку вртење вика дај ми број или еве ти мој кога ќе имаш да ми додадеш пари инаку вика не те пуштам од такси ми ги затворти вратите ( а млад таксистот беше некој манијак ) викам слушај ваму, да не ја вадам значкава од ташна и легитимацијата од МВР да ти ја земат колата, да те отпуштат од работа и да се тужиме и да си дадеш тогаш ти 3000 денари за на суд.Вика а добро извинете Ох реков Божееее мој, што нема и ми отвори и си излегов и му викам пред да излезам, за ова на газдата ќе бидеш кажан на таксиот што е, живеам со него многу и вика неее те молам не гратис ќе те возам кога сакаш, викам не фала нема потреба...ах што нема значи !!!
Ова донекаде е точно можеби зашто јас гледам да зборувам кога морам да останам будна (на пример преку ден учам во себе а коа морам по цела ноќ да учам учам на глас за да не заспијам над книга) има логика и во ова, но за жал повеќето ја користат оваа тактика за да то го оттргнат вниманието од таксиметарот и да те занесат со муабет па после да се чудиш од кај излегло толку, да не приметиш низ кои сокаци те врти и кружи и тн. Не сум непријатен патник доколку таксистот е пристоен зашто да не му направиш муабет и тој е човек и нему му е преку глава од гужви и чуда, но се разбира да се постави дистанца. Како и да е, поголемиот дел од мојата концентрација е на патот каде што ме води и ... се разбира на таксиметарот
Ги има секакви. И некои `полуди` и некои кои нормално си работаат, ги вадат парите за леб. Мене она што ми пречи најчесто е нехигиената во такси возилата. Честопати откако ќе слезам од такси се чувствувам гнасна, ми доаѓа цела да се фрлам на капење и перење! Што им е толку тешко малку да ги подзачистуваат возилата?
Ми се случило да се најдам во таква ситуација.Си влегувам јас во такси а ми се брзаа многу.Му викам до каде и да вози побрзо,а тој...Ме вози бавно бавно ко да сум странски турист па го разгледувам скопје.(а она што мери колку пари да се плати (е баш му го забораив името) си брои ли си брои).На крај се изнервирав,му платив и си искочив да чекам друго такси.
Кај нас таксистите или се некои стари чичиња или ергени - трето нема Многу случки ми се имат случувано кога се возам со такси ама имам еден омилен таксист абе незнам во која состојба се наоѓам додека да ме однеси дома.Најчесто има вакво нешто: Вози , вози и наеднаш -Иииии каде возиш бре у пм , знаеш ли ти да возиш бре , бог да чува што му на овие возачите?!?! И после одма следи - Девојче јас се извинувам, ама изнервиран сум од вакви луѓе цел ден натаму - наваму..Па што е ова заслужувам и јас одмор не знаат да возат , а каде требаше на коа улица ? случај 2. Прекапана од штиклите цела вечер влеваш во првото такси што стои и го чекаш 5 мин таксистот додека си изнапрај муабет со другите таксисти и кога влева ти вели: Девојче , ти смета цигарата во кола? - ДА (идиоту) ! И по пат понекогаш се дешава да слушаш прашања од типот Ее во тоа маало имам еден другар со него на времето........ или пак еднаш ми се има случено вози тој и изгледа беше изнервиран,кога почна преку тоа што го знам што чудо преку кое комуницират со другите таксисти кога почна да се кара па на крајот ми објаснуваше зошто се карал леле ... случај 3. Обично кога се возам во такси нема шанси да знаат која точно куќа е тој број ( а во некои случаи се замислуваат и каде уствари беше тоа маало ОМГ , и не само во мојот случај) И , а стигнеме на улица вози пополека и чека да му кажам која куќа е и нив секогаш на крајот му текнува демек кое каде е ама ајде... Се возиме баш преѓе со другарками- таа и таа адреса , значи цел пат зборуваше каде е тоа ? - аа да да знам , знам. На крајот фана да вози сосем на друг крај па ајде врти сучи не исправи некако... Во врска со парите , немам поплаки барем за во мојот град така да не прават проблем. Сакам да кажам дека многу се не одговорни не знам дали само тука кај нас е така .. пропаст
Секој викенд кога си идиме накај дома со другарките ни се погодува татко му на еден мој бивш и секогаш тема на муабет ни е дали ги познаваме неговите синови.. Ај да прашаше еднаш,ама секоја сабота? Некогаш ми е смешно,ама некогаш ..
Јас нема проблем со таксисти што прават муабет. Ги разбирам. Се досадуваат по цели денови и едвај чекаат некој да се качи во кола, поготово со новиве тарифи. Имам проблем со нервозни типци, смрдливи чичковци и лажговци. Првиве, дремат на мобилка додека возат со 200 на саат. Се плашам за животот кога фаќаат кривини. Згора на се и се дерат на диспечерката, урлаат и пцујат, а не дај боже да кажам да сврти лево или десно, мислам бокс дека ќе ми мавне. Исфрустрирани идиоти, како јас да сум крива што му раскинала женската или што нема пари за плазма телевизор. Се појавуваат и во варијатни на фалбаџии, што не престануваат да дрдорат за новата куќа, новите бандаши на мерцедесот и бла бла бла.... Вторите, заборавиле дека работат јавна услуга што вклучува луѓе што влагаат и излагаат од неговата кола. Лична хигиена под сите нивоа, колата корне на пот и чорапи и некој ефтин распрскувач со кој сакал да го замаскира мирисот. Е со вакви чичковци не ни сакам да правам мубает и до коска се иритирам кога за викенд навечер ќе ме прашаат како не ми студи, или како сум била слабо облечена, ќе сум настинела. Мрш, бе мањо еден! А лажговците се најлоши. Гледам дека до дома е пр. 92 денари, а тој уште уво не го боли, 100 ми вика. Е за инат не ги давам тие 10 денари. Му викам да вози од едната страна зошто е поблиску, за инат оди од другата и на сред вожња ми вика дека заборавил. Абе ајде?! Порано имав живци и си ќутев. На два-три пати ме направија будала. Чашата ми ја прелија Сити-такси, кога после излегување си го оставив на задно седиште новото сако, ама мокро, истурено со вино. Веднаш се јавив, ме убедуваа дека нема. НЕМА? Епа шипки пак ќе ви се качам. Сега се возам со Делукс. Тешко се наоѓа кола, ама за редовни муштерии одма има, плус 40% попуст.
Не дека се возам често со такси, но сум немала некои кој зна колку непријатни случки. Не живеам во голем град и каде и да тргнам за 15 мин сум на саканата дестинација. Најчесто со такси се враќам од излегување , кога се враќам покасно. Инаку се возам со Супер и Екстра Такси ( струмичанките ги знаат). Едино што ме нервира е што некогаш немат ситни.. па ти си таксист, ти треба да водиш сметка за тоа, не јас. И тоа најчесто ми се случува кога порачувам нешто за јадење и кога го праќат по такси ,а не кога се возам, па ќе го чекам да ситни и ќе ми се олади јадњето.
Јас да ви кажам ич си немам проблеми со таксисти, зошто татко ми е таксист. Вози во Наше Такси. Тие се и најбезбедната такси компанија, според мене. Секогаш се возам со нив. И сега си извадив и од онаа картичката Километар +, па поефтино наплаќаат за 20 ден. Во другите такси компании немам многу поверење. А многу ме нервира кога сабајле се брзам за на школо и на повикот сум рекла "СПРОТИ Скопјанка.", а они ми праќаат пред Скопјанка. Па додека да заврти, додека да дојде, ехеее.. И каснам! Е само тоа ме нервираат таксистите, т.е. повише тие што праќаат позиви таму. Иначе немам некоја посебна случка за раскажување.