Да ви споделам и јас нешто од моето искуство Случка 1 - Си влагам сабајле во 7 саат во такси, типот нормално пуштил радио си слуша Черешна се од корен корнеше, му кажувам дестинација и пошто вожњава долга се осети должен да ми праи муабет цел пат, па почна да збори за владава колку се прекрасни, како било супер што ни крателе струја секоја вечер поради енергетскава криза и колку ни е убав градот сега со споменици, ја превртувам очи , мислев нема крај муабетов а ми се спие ми се плаче, ме заболе глава од него, кога ете ти го моментот- наеднаш почнува да се шири реа во колава, се вртам лево - десно, гледам сите прозори затворени и сфаќам дека доаѓа од внатре Типот си го пуштил голубот да му лета слободно пошто си се осеќа ко дома па мисли дека треба и ја да знам што јадел синоќа за вечера, лелеееее ми се слоши , и си викам ваљда не е до толку да не сум грешка? но сомнежот ми го снема кога фино лепо го отвори прозорчето да се излуфтира една минутка и пак го затвори, ќутеше едно километар -два колку што му траеше незгодното, па после пак продолжи да ми збори за снегот..сакав на сред пат да излетам од такси али бевме на пола пат во злокуќани, си викам кај сеа у сред пустелија ќе најдам друго такси па фино си се замотав со шалчето и си дишев на шкрги додека не се симнав. Случка 2 - го чекам таксиво 15 минути, наместо да дојде за 5 минути како што ми кажа диспечерката овој касни. Му викам господине зашто толку касните а тој - Ако ти се влага влагај и јас си влегувам нели кратка дестинацијава, место 50 денари ми куца дупло на таксиметарот, ја нормално нејќам да ме прави глупа му викам секој ден се возам со вас никогаш толку не ми откуцало, а Тој- Искачај од кола не ми требаат твоите пари ! Без разлика вадам пари му ги оставам во кола, искачам а тој отвара прозор и ми ги фрла на земја е тука ми пукна филмот и директно јавување во такси компанијата да го пријавам. Имало еден куп случки ехееее, сум налетала и на еден куп машки алапачи шофери што ќе те рспрашуваат кај идеш, кај кого, зошто, кај работиш само гледам да ги игнорирам, имаше еден ми го даде бројот на мобилен да сум го побарала пошто имал универзален лек нешто како Сара Вита, па после ми праќаше пораки за Среќна нова година еххх што све нема
а јас мислев дека сум единдтвена со вакви проблеми баш пред пола саат ме изнервира 1 таксист, за релација од 100 денари ми бара 125, му давам 130 ај сто не врака кусур тујку и лом ме направи како тој немал никаква заработкас во штета бил што ме возел и уште што не.... и прв пат во животот тужам некого ама се јавив во компанијата, има секакви и мислам дека пред некој да се прими на работно место каде е во постојан контакт со луге мора да помине ригорозни психолошки тестови!!!!!
имам милион примери за ужасни таксисти....баш пред некој ден се возев со едно такси нек0оја бедна фирма ама ептеееееен ми се брзаше а немаше друго,и морав.внатре,на цигари,алхохол,манџи и што уште не мирисаше.И,овој сеа пополека си вози,ко ја некој странски турист да сум па ме води на прошетка низ Скопје.Таксиметарот си врти ли си врти,му викам да побрза пошо и мене ми се брзаше,ама ЈОК.Нема гајле овој,побавно од старине автобуси на ЈСП вози .Не само шо вози бавноооо,него и муабет ми праи за тоа како било убаво што валадата ги исклуцува светилките за да штеди струја...како редно било да ни се подобри здравството... конечно,му платив,се симнав,го запамтив името на таксито(за никогаш повеќе да не ми текне да влезам во тоа) едно 100 пати се испопрскав со парфем (за да не мирисам на ракија и луѓето да не помислат ја пијана им доаѓам )
Абе секакви ги има...Јас одамна се немам возено со такси ,ама кога се возев НАШЕ ТАКСИмислам дека се најдобри..па ниеден до сега не се погодил таков....
Во последно време почесто се возам со такси и наидов на неколку ненормални таксисти. Пред неколку месеци, влегувам и му ја кажувам саканава локација. И има еден пат по кој најбрзо се стигнува до таму и секогаш таксистиве преку тој пат ме носеле. А сега овој сврте цел еден огормен круг.. не знам зошто. Ама ај си викам, може од тука му е подобро. И по некое време ми вика: Ти Мери си? И јас: Не, не, во грешка сте. И овој ниша со главата, ко да го лажам нешто. И после ми вика: А кај докторка (Пр: Стојна) ќе одиш? И јас пак: Не, не одам таму! И он: Ај ај, добро. И пак ниша со главата. А човеков прв пат во животов го гледам. И веднаш му се јавив на дечко ми да дојде до таму. Со однесувањето негово, мислев дека ќе ме однесе во некоја шума и никој повеќе нема да ме види. Страшно. Нивна работа е да ме однесат кај што сакам, а не да се распрашуваат што сум, кој сум, од кај сум. И да ме познава од некаде, подобро му е да молчи. Еднаш се возев со таа такси компанија и никогаш повеќе. Уплави ми даде човекот. Среќа безбедно стигнав.
НАШЕ ТАКСИ се според мене најдобри.ЛУѓево во кошули фино блечени,внатре клима све тоа шо убаво,а не ко овие мизерниве на ракија цели мирисаат,на цигари си прткаат у кола ни прозор отваратат ни ништо.Само што ќе ми текне на тие таквите ми се лоши.Да не должам: СЛУЧКА 1-Со брат ми се враќавме од град заедно со такси и немаше ниту едно такси освен едно онака мизерно со некоја крш кола.Прво овој си спиеше кога го најдовме таксито.Ај тоа,него не да мирисаше на цигари,се ОТРУВ.Па уште пуштил некое ЦД со турбо фолк и уште си пее он "Глабовоња од вина,а нигде аспирина..." ја добив глабовоња коа го слушнав И уште ни праи муабет за тоа колку талентирана била Гулабица Згора на се,имаше на колата залепено нешто као 30 денари попуст,а овој ни вика абе ајде давај парите,каков попуст.Шутрак еден Имало уште многу такви,ама ме мрзи да пишувам
Си одам јас една вечер договорена со детето да излезиме. Каснев и си реков ајде со такси. До фонтана ми зема 50. Се качувам јас и тој почнува... а чупче каде вака дотерана до фонтана му викам и ме вози и ми вика а зошто таму се чекаш, сите кај Епинал се чекат. Леле си викам ќути си вози си... и продолжува... Многу ми си мистериозна, кузнај со кој ќе се најдиш сега. Со Курле на Мадлевци си викам... и демек тука смеење хехе. И конечно стигнавме и ми вика ајде сега пази да не те излажи некој оти не е убо на вакви места да се чекаш ти ќе ми кажеш мене кај да се чекам ... мрш А сношти таксистот што ме возеше, душа хахааха немаше да ми врати ситно и ми вика е тоа е 50 ќе ти наплатам. Требаше 80. Секој таксист треба да си знае до каде е границата. До сега немам никој пријавено ама ако си заслужи ќе се жалам хаха
Еднаш требаше да одам кај другарка и викам такси иде таксито му кажувам релација и вози, стигнуваме таму отварам ташна гледам не сум го земала паричникот му викам почекај ме да земам од другарка ми и ќе ти дадам леле ко да го фатив за очи ко зема да е дере: - ја не сум платен тебе да те чекам, платен сум да те донесам кај што треба и да си бркам работа му викам: ок ако не сакаш да ме чекаш кажи му на газдата(другар ми) дека ќе му дадам пари покасно и пак зема да се дере овој нездравот: Како да му го кажам ја ова на газдата, ќе ме избрка од работа луѓе 15 мин. ме гњавеше, на крајот му ја лупнав вратат и си заминав, му реков на другар ми веќе да не го праќа тој никаквец Моја братучедка со уште две другарки оделе некаде со такси и две седеле назад а она седнала напред и по пат го прашала шоверот дали се пуши во таксито, овој нездравиов и рекол па ако не ти смета воланов повели одма го пријавиле овие и го избркале од работа
Значи таксистиве се бог да чува..кој како му текне си наплаќа кој ти дава попуст, кој те убедува дека немаат попуст или дека е толку е де.. Случки до 100 и една и назад „Најсвежа“-викам ја такси и диспечерката ми вика за 3 мин..Слегувам ја можда за 4 Прво ме чека 2 згради подоле, после влагам и почнува да ми се дере КАЈ СИ ТИ ДО СЕА 6 мин ме чекал станицата им била тука ја сум требала да слезам за минута одма биле они (ко ја да гатам дали е он кај станицата или на другата страна на градот)...И ја таква кај 6 мин одма слегов а и ми рекоа за 3 мин а не веднаш! и ми вика епа диспечерката ти др. пат да не ја слушаш мене слушај ме што ти кажувам за минута др пат да слегуваш! .. И викам а кога ние чекаме нема врска , колку пати сум се изначекала а ми рекле веднаш, и таков како не не лажи мене никогаш не ме чекале! И веќе јасно ми стана со што си имам работа и само се молев да не ме упука до крајот на вожњата А и многу се нервирам коа идам на испит таква целата зачитана (демек да фатам до последен момент некое утнато делче ) и упорно таксистот ми збори , дури еднаш еден ме убедуваше дека ќе сум положела демек он бил среќата па не Милки што све не си нарача
Јас не знам дали сум единствена, ама многу ретко имам проблеми со таксисти. Имам разбирање за нив, ако сум расположена дури може и муабет да им направам, ако не си седам и ќутам. Ми се има случувано да ми земат 100ка ако било 91 денар, и слично, и стопати не знаеле кај ми е точно зградата, па наместо 3 минути сум чекала 10. Затоа ги избегнувам тие такси компании и готово. Е единствено еднаш ми се случи такстстот трипати да сврти круг околу кале, да ме праша која точно беше Партизанска, кај е Симпо, и на крај да ме викне да излеземе.
Не паметам лошо искуство со таксисти, единствено еднаш направив гласно балонче со мастиката, ама по грешка беше бре, а младичот ми рече остро - Можеш да прекинеш да го правиш тоа, МЕ НЕРВИРА!!! Ама мислам ќе ме затепаше, добро бе дечко, грешка. Повеќе имам чукнати случки, отколку лоши. Еднаш еден чичко ми рече (седев позади него инаку) - девојче, толку ли ти е лошо на работа? Викам - зошто? Ме шиба негативна енергија во грб од тебе. (мртов сериозен. му поверував, шта ќеш?) А еден фин ми се понуди да ми направи натална карта без пари и ми предвиде светла иднина и љубов со тазе сегашниов дечко. Риби и скорпија - то је сада ин!
Јас мислам дека имам посебна конекција со мрднати таксисти. Баш вчера се погоди да ме соберат другарките и јас да седнам напред. Секогаш така местат некој што касни И бидејќи не е доволно да замара со глупави прашања цел пат, типов ми тутна во скут, еден куп згужвани фискални сметки. За заебанција демек, ама мртов ладен беше, да сум го фрлела ѓубрето затоа што ме чекале. И што да правам јас.... си ги собрав сметките со кисел осмех и ја треснав вратата. А памтам како вчера да беше и еден ментален и многу напнат чичко, што очигледно доживуваше стрес кога некој со прст шара на замаглено стакло. А многу луѓе го прават тоа, не од желба да наштетат, туку махинално доаѓа, барем на мене, кога ќе видам замаглено стакло, а се возам или чекам семафор пола саат. Човекот се сврте ладнокрвно, со некоја писхо фацка накај мене, подавајќи ми жолта, гнасна крпа и остро ми кажа да си го исчистам прозорецот. Се каам што не го пријавив во централа, барем ќе спиев мирно знаејќи дека никој друг нема да ја пипне гнасната крпа.
Сум имала ситуации но сега не ми текнува, не биле од брзо време. Сега си се возам со Ројал, убави коли, убаво средени, пристојни таксисти и плус 40% попуст
обично се возам со Ин Такси.... има еден згоден млад дечко што работи таму...а и добри се...за 3 минути таксито е веќе на локацијата така да...Ин Такси ми е најдобро такси
Многу лоши таксисти постијат значи.Секојдневно се возам ама овој како се погоди баш нервозен.Се возев од еден крај на друг и му давам 1000 денари и овој кога почна сите пари тие купчиња што си ги прават таксистите да ги фрла по автомобилот, да се дере:Од каде сега да ти најдам ситно што сум јас? леле леле си викам готова сум нека ми прости господ се. Добро се најде во дворот таткото на другарка ми го виде дека не е нешто добар му даде ситно и ми го спаси животот.
Хахахха се изначитав и се изнасмеав Кога сум во Скопје секогаш се возам со Ројал. Супер се. Само еднаш со другарка шетаме низ центар и и врти тетка и да одиме кај неа на гости во Пржино. И ние фино лепо од рекорд земаме Наше такси. Типот беше супер. Ем ни даде попуст за Прилепчанки, ем ни даде картичка за да го бараме пак кога ќе се враќаме . (Ќе го барам кога ќе дојдам на факс хахахаххахха) И тука во Прилеп сум задоволна од таксистите. Секогаш се возам со едно такси и веќе ме знаат хахаххаха. Само во петокот се накурчив со еден изгледа нов е. Се качувам јас до другарки и му кажувам локација. Вози типов и и вика на еднава другарка затвори врата да не паднеш, и оваа мрднатава му вика ехх па ти за едно паѓање. ќе трчнам и ќе ве стигнам. И овој ама јас брз сум и јас епа вози побавно а во меѓувреме ми звони мобилниот и јас еии каснам малку и овој ми дофрла и како сега да не возам брзо. И му викам па кога веќе каснам 5 мин уште за минута нема везе и заќуте. Потоа ни вика а што вака денес сите по миничи (А ТИ ТОА ГЛЕДАШ А? МАЈМУН!!) И јас па дека петок а другарка ми не сме во миничи, шорцеви се и овој аааааа не не глеј ја другарка ти минич носи ВОЛ БЕ!!! ТОЈ ЌЕ МИ КАЖЕ ШТО СУМ НОСЕЛА!!!!