1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лоши таксисти

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pennyroyal, 30 декември 2009.

  1. Moretti

    Moretti Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.051
    Еднаш се качив во такси и седнав позади седиштето на таксистот и кога седна тој целото седиште врз мене..незнам како издржав толкава тежина
     
  2. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Ауу со секакви се имам возено !
    Вчера со мајка ми се враќавме од роденденот на братучетка ми и видивме едно такси тука во близина и влеговме и мајка ми му ја кажа улицата и тој си вози полека полека и имаше едно шишенце со мирис а еден мирис гаден ауу и човеков ги замивува рацеве подзастанува си става на врат а тоа миризот да повратиш :puke: го полева воланот леле абе се раскашлав и човеков продолжува да се мачка со миризов ау едвај дочекав да излезам надвор а прозориве заглавени нешто незнам што ми рече абе ќе се угушев внатре уште еднаш во такво таски не влагам знам дека имаше виолетова боја ау помислив умирам!
    Што се нема |(
     
  3. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    прееска една будала не возеше ко компири бетер од јсп
     
  4. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски
    Во принцип избегавам да муабетам таксисти, а ко за беља сите они се најзборлести на цел свет |( и уште да ми се погоди некој сељак неизбањат, пушач што таксито му мириса на пепељара, па и уште ми прави непристоен муабет, па ќе се мрднам дури стигнам кај што сум тргнала...
    Во последно време се возам само со Наше Такси, си земав картичка за попуст, а и станица имаат блиску до мојата зграда, одма наоќам такси кога ми треба. И таман ми е :)
     
  5. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Со Глобал веќе не се возам, па мајка Јана!

    Не знам што е работава, абе сите можни таксисти ги имам поминато од компанијава, сите се кој од кој понеарен :^)

    Еден низок, одвратен, ме изнаврте, на колата сто пати отклучи заклучи и направи, страв ме фати искрено, а ниедно време не можеш пешки да тргнеш зошто големи се шансите да не стасаш па ич дома :D и замижав и отварам очи гледам на таксиметарот 150 денари. Му викам одма да си ме симнал тука, а по регуларен пат ми зимаат максимум 100ка. Сељаков коа почна да праи фаци у стилу сум му рекла до таму па сеа сум го заебала, ми е гајле си искочив и толку силно врата у живот неам треснато. Намерно.

    Друга дешавка, ме собира од пред Тутунски еден, толку тенок глас имаше што само што не се помочав позади од смеење, сто пати се закашлав, а ко за инат па уста не затвори. И на крај ми објаснуваше ќе идел на састанак вечерта, што ќе облечел, што да и зборел да не сум знаела да му кажам. Ужас.
    А ја у себе си викам подобро ќе ти биде да не отвориш уста и не испуштиш глас, ќе избега таа одма. Ме удави.

    И пресудната за да не ми текне више никад да свртам нивен број:
    Влагаме со дечко ми во една кола, а пред нас имаше едни девојчиња што излегоа и само едното од нив ме тапша по рамо и ми вика - со среќа :^) Се насмеав, мада не сфатив зашто и влагаме со дечко ми, овој не прашува до каде и ете, почиња вожњата..
    Внатре музика ко у Троја кога Хектор се бореше со Ахил, сите дупки ги осетив, од еден крај на друг крај на задно седиште се испотркалав и врв беше коа се удривме у контејнер. Мислам браво дечко ју :rock:
    Се молев на Господ да стасаме живи и здрави, нозе ми се испотресоа и во главава слика од гробишта ми се појавуваше со расплаканите лица на моите :D

    Сега се возам со ДеЛукс или Парк.
    Јез да колите им се 90% испокршени, ама пре ми е фината услуга и сигурноста, него убава кола а дебилно језив шофер.
     
    На lobenickaa97 и Valentina.Vaki им се допаѓа ова.
  6. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    во денешно време ретко е да најдеш добар таксист :x
     
  7. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Ауу сум имала едно такво искуство еднаш кога си одев од излегување сама се качив во едно такси и човекот беше така малд,му кажав каде да ме носи и тој почна да се движи по друг пат кој излегуваше на рид и јас веднаш почнав да паничам и му кажав да споре за да слезам но тој ми објасни дека тој пат е пократок и навистина излезе така ..
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.749
    Допаѓања:
    32.116
    Пол:
    Женски
    Не сум имала искуство со лоши таксисти. Заради такви таксисти избегнувам да се возам со такси. Иа некои што кога ќе почнат да ти прават мубает, те спобудалуваат.
     
  9. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Не сум имала многу непријатни случки со таксисти, но пред три дена околу 12 саат вечерта се враќав од кај другарка и онака облечена во кратко фустанче како за излегување(да не речам поприлично кратко) видов такси на 3-4 метри а таксистот си стои до таксито.
    Се приближувам јас до таксито а овој се загледал во мојте нозе ко девојка во кратко фустанче да не видел |(
    прашувам слободно ли е таксито, се качувам му кажувам улица овој ме носи до дома и прашувам колку треба и ми вели ништо не треба за тебе гратис имаш секси нозе :tmi: се збунив не ми се има случено вакво нешто до сега, незнаев дали да се смеам или да го пратам у пм, на крај сепак се насмеав и си слегов од таксито :D
     
  10. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Беше лето.Јас на одмор во Охрид со другарките.
    И се спремаме да одиме на плажа,и нормално бараме такси.Се качуваме и додека се возевме,јас(дека седев позади)се наведнав напред кон таксиметарот за да видам колку пари има до сега искуцано.И само одеднаш типов се врти и ми вика:
    -добро мор,што се пулиш,колку е толку е!!(со повишен тон,да не речам ми викна :!:)
    И јас умрев од страв,т.е не само јас,туку и другаркиве пребледеа.Ни се свртеа милион филмови во глава.Али добро поминавме,освен тој испат немаше ништо друго додека да се симнеме. :lol:

    Незнам што му беше,исфрустрирана будала,ненормален :fubar:.Од тогаш се поретко се возам во такси 8)
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Со такси сум се возела само кога се имам враќано порано од кај дечко ми и од искачања со другарки.

    Од кај дечко ми си ги викав редовно една компанија и веќе ме знаеја и како редовен муштерија, никогаш не се случило да ме остават на цедило да нема кола или па да ми наплатат којзнае колку или па некоја непријатна случка. Таксистите премногу културни ама баш сите, внатре чисто, не те замараат дури и те персираат. Стварно професионални во својата работа ама затоа и јас каде и да ми требало такси за било каде секогаш нив ги викав. Ама тоа беше порано кога дечко ми несмееше да вози после 11 часот, сега веќе се немам качено во такси зашто секогаш дечко ми ме враќа дома.

    Е тоа беше добрата страна, имам една случка од порано што морам да ја напишам, тогаш штом не изгинав по патиштава мислам дека до 100 години ќе живеам. :tmi: И ни тогаш, а богами ни сега не ми е смешно.

    Ова негде пред 2, 3 години беше. Излезени со другаркиве малце се поднапивме во еден кафич и ајде сега да одиме во дискотека. Ама дека лето и нели дискотекиве во Скопје во парк па мораш такси да фатиш. И се качивме кај еден. Мерцедес беше колава ама од оние ептен старите, целиот тропа од сите страни, па и возачов еден небричен, внатре една арома се шири, блузата цела маслосана му беше со нешто абе катастрофа. И работава беше што бевме 5 другарки и мене ми беше редот за напред. И седнувам јас ја удирам вратава да се затвори, нејќе. Ми вика посилно мавни ја. И ајде јас ја лупам силно пак нејќе, и на крај он стана кога ја тресна мислам ќе се распаднеше колава. И нема врска си вози, се тоа пропратено со манијачко ѕиркање и коментирање на непотребни теми и прашања. Леле кога се забрза, кога рече вози брзо, јас напред мислам дека бледа крпа бев. Ајде тоа некако ок, ама луѓе врвот беше кога ми се отвори вратата на сред возење. :x Буквално цела врата широко се отвори и јас ваква :o незнаете кој страв ме фати. И ми вика затвори ја, затвори ја побрзо. Другаркиве позади ќутат и очекуваат или јас да излетам од кола или некоја друга кола да ја собере вратава од позади. И ајде шта чеш некако се наведнав одвај и ја затворив.
    И што е најтрагично си се прави како демек ништо не е. Чудо големо. А јас и другаркиве внатре за секунда се отрезнивме и без зборови останавме, па затоа и од што бевме запрепастени и исплашени ништо не му ни рековме. Отпосле ми текна дека требаше лом да го направам ама касно беше. И џабе ти е се, и да си се нервираш не вреди, немаш ни кај да го пријавиш, тој не беше од некоја компанија, туку така си ставил таблата и вози.

    И од тогаш реков веќе во такви таксиња не влегувам, ако треба и 15 минути ќе почекам. Ќе си викнам од компанија и барем знам дека безбедно ќе стигнам, а не буквално да загинам некаде. Страшно. :tmi:
     
  12. shushu

    shushu Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Ау секакви ги има
    Од по одамна си викам тaxi и доаѓа некој млад,ja си седувам позади него.Он вози и се доближува до елката (миризлива) пак се трга и пак ја мириса и така 2,3пати и ми вика: не бе не е елаката, девојче ај кажи ми шо парфем имас прекрасно мирисаш?А јас бев матурантка па знам пробував дома некој од вујна,стрина... и сл изнам парфемот освен нешто како парфем фор ју друго ништо непишуваше(нешто кинеско, нешто јапоско сигурно месопотамиско производство).и му викам е незнам.
    Овој со кој акл ми вика: ај после коа ке си одеш дома викни ме, игор сум јас ке возам до сабајле, ке те однесам дома и ке го видеш и парфемот.....не за друго бил на роденден кај другарка (он е слободен и тоа ми го кажа) па да и го купи. Јас му вика ок немаш гајле позз, и никоаш поеќе ке го сретнав.
    Друга случка е иде пак еден чуден дечко,јас и другарка ми се качуваме у нешто како аероплан бога да чува на ништо неличеше а најмалку на такси,и тој одма почнува со прашањата која кај живее како се вика он ги знаел сите у моето место и мене одма ми скисна и јас одговарам :
    Јас се викам Светлана а другарка ми Благица,и еден куп измислици (да ми текнеше ке му кажев дека сум од марс може ќе ми веруваше) и ајде се синавме ние и толку тоа.После недела време сретнувам пријател, шо живее кај нас у маало и работел со тој глупавио и ми вика, абе шушу некои девојчиња убаво се зафракавале со еден мој колега,му дале се погрешни информации.Тој од тука ги качил и ме пукна од прашања за некои Светлана и Благица. Коа глупавиот се освестил дека го зафркавале, мн се изнервирал.Ама ако така и му треба коа е таков.
    И најмногу ме нервира коа таксистот е бивш шофер на автобус,дека сеа од коњ на магаре и мн понижено се осеќа и тоа го трпат патниците.
    Пред факс гледам нареднено такси колку сакаш и си викам ај со овој чиче стар е нема да ме тормозе.ГРЕШКА голема...
    Пуштил вести а ја идам од факултет умрена за спиење и за јадење и му викам, ке може ли радиото да се намали?
    Овој го појачува до крај и почнува:
    ова не е дражава, треба де се убијат сите треба и младите,м л а д и т е бе, |( пошто заради нив шо ги мрзело да работат у нива, сеа има еден куп таксисти и укината е таа линија (негова бивша линија кај шо е бил крал или се осекал како крал)тој е избракан од работа.
    Заклучок=бесилка. :fubar:
    До дома ме уби со радиото до ''даска'' и нездрав муабет.
    Браво за исклучоците :clap:
     
  13. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Во Охрид минатото лето викнавме такси преку телефон, ни рекоа за 5 минути .Беше забутано уличе и не ни помисливме дека не е нашето ,дојде таксито си се качивме и на пола пат сфативме дека не е тоа што сме го викнале. Нема врска си викаме ај тие што го викнале ова се качиле во другото.. Арно ама му ѕвони телефонот на дечко ми ( од кај него го викнавме таксито ) и му вика кај сте и му кажува вака и вака сме згрешиле.Таксистот почна да му се дере како така нели видовте не е тоа бројче блабла. Му ѕвонеше цели 3 дена по 5 пати на ден, не кревавме. Што ќе ни рече бог да чува , биднало сме згрешиле голема работа. На крај се откажа и престана да ѕвони ама сепак не сфатив што ќе напраиме ако ни се јави по 3 дена :fubar:
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Минатата година одевме на една забава во Дихово бее ( без врска дестинација, ама популарна дека многу луѓе ќе присуствуваат), а тоа Дихови чиниш село ли е или нешто напуштено од војната.... и ние 4 женски си фаќаме такси.
    Таксистот не прашува каде вие вака, дотерани по фармерки, што ќе си правите, ова она..
    Се наближуваме до дестинацијата и не знае човекот каде точно и вика ќе ве однесам до таму па што сака нека биди... и ние добро ајде...
    Гледа на сред село се собрале таму женски машки и на цел глас вика од прозорецот АЉООООО, АЉЉЉЉЉОООООО ЧИЧЕ КАЈ Е ЗАБАВАТА? Ние да се мочаме од смеа, тој не добива одговор и пак АЉООО ЧУПЕЕЕ ГЛУВО ДА НЕ ТЕ РОДИЈА, ЧИЧЕЕЕЕ КАЈ Е ЗАБАВАТА. И тука почнува одма младината не чини, пушат сите трева итн. Тоа девојчето се исплашило за тоа време почна да бега, да трча колку што ја држат нозете.... Ние си се изгазивме од смеа пак.
    На крајот не остави во близина ни посака се најдобро и си замина чичето. Не беше лош ама морав оваа случка да ја споделам со вас. :D :D :D
     
  15. loveisshit

    loveisshit Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    26
    Има таксисти со страшно грозно однесување, но има и мн пријатни особено тие помладите :$
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Мене ми е во ред некогаш да почнат и некој бош муабет додека се возиш, ама се додека муабетите им се во граница на нормалата и не се навлегува премногу во некои работи - тогаш е во ред, ама кога ќе почнат длабински да распрашуваат или да кажуваат непотребни работи, што ниту мене ме интересираат ниту него некои мои ствари - е тогаш повлекувам линија јас прва.

    Имав неколку чудни и непријатни искуства со неколку таксисти, не ми ни текнува од која фирма беа, ама беа крајно безобразни и дрски и бев приморана да излезам на пола пат, а веќе каснев.

    Едниот беше средовечен маж, и почна да ми прави сосем нормален муабет на почетокот од возењето, од типот какво е времето, гужви у сообраќај и слични работи, се додека во еден момент не ме праша лигаво: ,,А тебе девојко, ти се допаѓаат ли постари како мене или повеќе си за помладите, ајде ако си да те носам на кафенце''. Ме гледа на ретровизорот и ми намигнува шмеќерски. :( И мене тука сите внатрешни црева и други органи ми се превртеа, и само му реков да застане да се симнам или ќе го пријавам.

    Имав и една траги-комична случка со еден таксист, прилично стар, некаде 50 и нешто години, ама со овој имав за возење од еден до друг крај на градот. И човеков почна да збори за цркви, религии, верници, неверници... И јас го прашав зошто е толку исфрустриран од религиите, и почна да се кара со мене. :| И мене толку ми фалеше, почнав и јас, ренде се направивме, на крај не ми ја зема целосната сума што требаше да му ја дадам, него ми рече само: ,,Ајде излези побргу жити се''. :rofl:

    А претежно наиувам на изморени луѓе што уста не им се отвора и едвај чекаат да завршат, и се поминува во најдобар ред. :D
     
    На Lella, sweet-star и Valentina.Vaki им се допаѓа ова.
  17. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Јас постојано се возам со такси. Не се возам со кое било такси туку само со една компанја во мојот мал град, побезбедно ми е така а и плус моите родители се пријатели со газдите на такси компанијата така да безбедно патувам. Но сепак во последно време оти летен период и еден ќе отиде на одмор друг и има неколку нови шофери кои не знаат дека сум редовна и дека цело време се возам само со нив :!: еве неколку невообичаени случки

    Си викам такси да одам до една другарка денски оти мн жешко беше и викам колку треба ме испули така и вика а мори колку ти зимат до тука ма зарем е културно така да се понаша со некој патник јас му ги фрлив 50 ден и си испаднав со саламно трескање на вратата и само слушам ццццц ми се идеше да се вратам и што ќе ми падне на памет тоа да кажам ама ајде јас да останам култура

    Друга случка, си викам такси за да си одам дома оти ме заврна на сред град и истиов шофер ми се идеше да не се качам ама ајде морав истураше дожд и човеков ме изврте по 2 тесни улици наместо по главната и му викам аа зошто не одиш директо по главната улица него ме вртеш и овој вика па оти многу врне гужва да не има затоа, и јас со цел памет продолжувам викам не се возам прв пат со вашата компанија и секогаш одиме по главната улица а не вака :devil: и само си заќути и си испаднав на сред пат се исплашив оти никој не ме возе по тие тесни уличи а беше 12h дента нема гужва и плус никогаш и нема некоја огромна гужва во мојот град

    Ова пред некоја ден сега со друга компанија такси оти ми беше хитно и морав кое ќе наиде тоа и се качувам оти бев повредена ногата ми крвареше и човеков застана а одпозади имаше жена и викам до ориднацијата ****** ве молам хитно ми е и човеков ме пуле ме гледа у фаца а јас напред седнав и ме гледа му повторувам до ординацијата ќе побрзате ли ногата ми крваре нагазив нешто преку патика ме пресече и жената одпозади ајде оди бе шо зјапаш и тргна вој несаламниот и не сакаше да ми земе пари а јас му оставив 30 ден, и да ме нема

    И последнава најстрашна случка со таксист во Струмица земав такси за до автобуска а сама во него и еден забеган шофер шо ништо не го разбирав носев мајча во V форма ама не многу одгрлена нормано беше и овој го намести ретовизорот и ме гледаше цело време во вратот јас непознат град да се слегнам да го викнам братучедот ама му зазвони телефонот и збореше таму нешто и ми вика зборев на телефон почна да си расправа што како јас само :) аха :) аха :) и зјапајќи у мојот врад па после го намести у очита да ми гледа ќе се судреше со една кола и опцу до таму некаде и на крајта стасавме и ми вика а од каде си еве визит карта моја ако сакаш, јас само :^) и му платив и да ме нема. моја вина требаше братучедот да ме носе ама јас не такси има не се мачи :envy:
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Уште една случка ќе ви раскажам пред неколку дена што се случи.
    Јас и другарка ми влегуваме во такси. Другарка ми плачеше, беше нешто вознемирена и таксистот запримети дека не е нешто во ред. Дедо некој беше со бело косиче, ги имаше зеленото и црвеното помешано зошто на секое црвено си поминуваше, а на зелено си кочеше... Ја гледа дека плачи другарка ми , а на радио имаше некоја тажна песна. Мислам дека беше чија си или каде песно моја.
    Се сожали дедото и оди на наредната станица на радиото, пушта на цел глас и слушаш ДОЈДИ ПИЛЕ, ДОЈДИ МОЕ ПИЛЕ, ДОЈДИ МОЕ ПИЛЕ и почнува да си пее... ние се погледнуваме и ајде и ние колку што знаевме придружни вокали. Мислам дека во моја чест и во ечст на таксистите треба тема Добри таксисти. Хахах :D
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Досега не сум имала лоши искуства со таксисти.Се возам најчесто со Ројал такси и супер се,на ниво е све. :)
     
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Мене ми се случи еден таксист да ми вели дека не може да го најде бројот, ми вели: ти нема да викаш такси на број, ќе кажеш таму и таму, јас не можам да го најдам бројот, се мачам 10 минути... Ептен се брзав на роденден инаку ќе си излезев, ќе го пријавев и ќе барав нова кола, а секогаш се возам со таа компанија и знам како стојат работите бидејќи татко ми работеше некое време таму...

    И смешен ми е муабетот за времето: денеска е многу жешко, залади времето, цел ден не преврна...

    А ако некој е некултурен и ме распрашува јас веднаш реагирам, или пак ако имал лош ден- па тој е таксист, треба да ме земе од некоја адреса и да ме остави на некоја адреса- толку, што го интересира него кај одам, зошто одам, па јас го прашувам ли него лични прашања... Значи мноооогу мразам непрофесионалност во било која работа...