1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лошо друштво

Дискусија во 'Дете' започната од anina, 17 јули 2014.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Женски не најдов ваква тема ама ако нешто повторувам слободно избришете ја. Син ми има 5 годинки и досега не сме имале проблем со другарчињата. Живееме во „затворена уличка“ и има 5 дечиња со кои постојано си игра. На почетокот на улицата живее едно детенце кое досега не играло со другиве деца ама ете сега веќе два месеца секој ден се сите заедно. Не сакам да коментирам на овој начин ама детето не ми се допаѓа воопшто. Вулгарно е, применува сила, само за насилство збори... Најверојатно гледа само насилство на ТВ па и кога децата не му се во близина тоа само демек се тепа со некого. Инаку сите деца се отприлика 4-5 години. Слушав од комшиките како се жалат на детето, дека лошо влијае на децата ама јас немав приметено. Вчера влегува син ми и баш забележав дека збори како него (некако со истегнување на зборот), па денес забележувам и моето има некоја мала доза на насилство која досега ја немаше. Тоа дете си го вади ку**то сред улица без ни капка срам па се плашам и моето да не направи такво нешто. Родителите на другите деца гледам не им дозволуваат да излегуваат надвор веќе кога е тоа тука ама не е тоа решение. Си доаѓа само и си седи надвор во дворот кај мене и си ги кине цвеќињата, па божем го чека син ми. Не може сите деца да не си играат заради него. Од друга страна мајка му не ја познавам добро ама велат дека била многу дигната и не можело збор да и се рече. А и што би и рекла?
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Mислам дека и неможеш ништо да и речеш...сепак секој на свој начин си го воспитува детето и никој нема право од страна да се меша , јас те разбирам се , но ако отидеш таа нема да те разбере...
    Те сваќам и како ти е , неможеш да му забраниш на малиот да не иде надвор , да не си игра да не се дружи и сл.
    Ако има други деца во блзина пробај пушти го крај други деца , бидејки децата во тие години се како сунѓерчиња и све упиваат и учаат едни од други...
    Незнам што други би ти кажала освен што те разбирам и знам како ти е се плашиш и твоето дете да не стекне некоја лоша навика.
     
  3. Bon-bon

    Bon-bon Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Леле anina, навистина те сваќам и имам сличен проблем.Кај нас во населба син ми, инаку 2 и пол години си игра со дечиња од 4-5 години, секој ден со една иста група. И има едно дете кое се однесува исто многу невоспитано,насилно и можам да речам чудно. Мојов го гледа и дома праави немерени глупости кои јас воопшто не ги оправдувам. И јас не ни можам да дојдам до мајката зошто ова дете е со жена што го чува постојано и она јадната се жали од него.
    Незнам, пак малку си во предност штоможеш да разговараш со син ти.По голем е повеке разбира.Пробај објасни му дека тоа е недолично и дека ако повтори такво однесување ќе биде казнет, но ако послуша и биде умен ќе биде награден. Или пушти го 1 недела ако сте во можност кај баба или дедо малце да го заборави детево па види што понатака. А со мајкава искрено јас колку и да е надмена би пробала да искомуницирам па макар на крај и со лошо. Мавистина мразам занесени,недоветвени и мрзливи родители.
     
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Многу родители го игнорираат ваквото однесување на децата со изговор дека е дете или дека ќе помине ама верувајте не е така. Ако еднод ете уште од мало стекнува такви навики и вулгарности или да применува насилство како што ќе расте ако некој не му укаже колку греши истото тоа дете ќе мисли дека тоа е нормално. А своето дете да го делиш од другите неможеш. Иако е малечко седни го и објасни му дека тоа не е убаво и дека се што ќе види и слушне на улица не треба да го прави или подобро да праша дали е правилно. Уште сега треба да почнеш да комуницираш на тој начин со детето за и понатаму да има разбирање.
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    Во Мк поголемиот син се дружеше со дете на негова возраст (и со други деца). Некој ќе рече деца се тоа. Ама ова е лошо дете. Насилно, вулгарно, безобразно. Син ми еден период почна како него да се однесува. Да се тепа, да користи пцовки. Среќа што се освести навреме. Најверојатно влијаеше тоа што му го збореа сите од околина.