Сметам дека мојот најголем проблем е што немам позитивно мислење за себеси. Секогаш сметам дека не сум доволно добра, доволно талентирана, доволно убава, доволно храбра, доволно забавна, доволно паметна. За секоја личност можам да најдам нешто убаво еве пример физички да имаат убави очи, убава насмевка, убави усни, убаво тело, убава коса,но за себе не можам да издвојам ниту едно убаво нешто секоја карактеристика што ја имам сметам дека е просечна или многу подпросечна. Кај мене прво ги гледам негативните работи всушност само нив и ги гледам. Или пример за моите способности,за мојот живот сметам дека сум просечна или солидна во доста работи, но во ништо без разлика колку време да му посветам или да се трудам не успевам да бидам доволно добра да бидам горда на себеси да можам да кажам „Јас сум одлична во ова“ било дали е за спорт, за музика, за уметност, за учење... Не сфаќам зошто ова е така кај мене ниту сум била критикувана од моето семејство или пријатели ниту ништо не сфаќам од каде ми доаѓа овој став за мене. Кога некој што го познавам има вакво мислење за себеси или се сомнева во себеси секогаш го советувам да се сака себеси да се почитува му кажувам дека има прекрасни карактеристики,но сето тоа е многу лицемерно кога не можам ни самата јас да го послушам овој совет. Си велам треба да бидам благодарна на тоа што го имам пример дека сум здрава, дека имам добро семејство, и најосновното нешто што би требало да ме израдува и возбуди самиот факт дека сум жива. Но не, секогаш кога си помислувам можело да биде и полошо си викам зошто да бидам задоволна со тоа кога може да биде и подобро? Мислам дека ваквиот став кон себеси ми има големо влијание во животов и ме исполнува со негативност, дури и кога му се допаѓам на некој си мислам дека никогаш не сум доволно добра за него. Добро доволно веќе пишував. Моето прашање е дали имате некој совет за мене? Дали некоја од вас минувала низ нешто слично? Дали сте го пребродиле тоа и ако да како?
"Си велам треба да бидам благодарна на тоа што го имам пример дека сум здрава, дека имам добро семејство, и најосновното нешто што би требало да ме израдува и возбуди самиот факт дека сум жива" Штом си свесна,зошто продолжуваш? Во животот секогаш може подобро и поуспешно,но треба да знаеш дека совршеноста не постои.Никој не е совршен,ниту една работа исто така.Секогаш нешто ќе недостасува. Како прво,треба да престанеш да се споредуваш со другите.Ти си единка,различна од секого.Ти бараш недостатоци кои не постојат.Зошто?За да се повредуваш себе? Што добиваш? Ништо. Смени го начинот на размислување,зошто се` додека мислиш негативно-ќе "стоиш" во место.Секој човек вреди,секој човек има нешто посебно.Некој знае да го покаже тоа,некој не.Ти очигледно си во таа група што незнаат. Знај дека никогаш нема да можеш да почнеш било каква работа,ако не си веруваш на себе.Самоувереноста е важна работа,која треба да ја вкорениш во тебе. Цени се,почитувај се,зошто вредиш.Прави работи кои ќе те исполнуваат.Ако не ти одговара друштвото,смени го.Поминувај време со позитивни луѓе.Смеј се. Самата треба да решиш,и верувај ќе почнеш да делуваш. Ако викаш: знам,ама неможам,нема ни да можеш
Можеби премногу си опседната со самата себе и го гледаш само тоа што ти пречи кај тебе како личност.Немој да бидеш толку самокритична.Ништо не е толку негативно,како нашите лоши мисли.Сите имаме свои маани,но треба да се прифатиме такви какви што сме.Помалку користи го огледалото за да ги пронајдеш физичките недостатоци,а повеќе размислувај како да ги откриеш твоите позитивни карактерни особини.Ако повеќе се внесеш во тоа што го правиш(спорт,музика,уметност),сигурна сум дека ќе пронајдеш дел што ќе те исполни.Секој поседува некаков талент.Но,потребно е да се трудиш да го пронајдеш и тоа да те направи среќна.Проблемот ти е од лична природа.И треба сама да си помогнеш.Поздрав
Се пронајдов во постот на Play... И јас сум премногу самокритична,немам воопшто позитивно мислење за себе,се чувствувам како личност со ниска вредност... И поради тоа сум како деградирана.Не сакам да излегувам,не сакам да се дружам,единственото нешто што сакам да го правам-е да си седам дома.
Гледајки со какви луѓе сум опкружен,и со какви работам јас се гордеам со себе си,и си се ценам и почитувам,неможе бе секој да биде како мене,уникат сум си. Im the best fuck the rest. Play мораш ти самата да се цениш повеќе,затоа што никој нема да цени,ако одиш на варијанта да те тешаат или тапшаат по рамо ништо така нема да добиеш,пак ке се чуствуваш празно во душичката,биди своја,сакај се таква каква што си и радувај му се на животот.
Мене овде нешто не ми е јасно... Па ако сам не се цениш и веруваш во себе ,кој сакаш? Самодовербата многу влијае на себе и на околината... Секој човек е единствен,незнам кој како ќе ме свати,ама не треба мозокот да си го оптоварувате со вакви работи
Се пронајдов во многу постови овде,посебно во првиот.Сето ова е резултат на понижувањето кои ни го приредуваат разни кучки и пе*ери поради изгледот.Верувам дека сите би имале самодоверба да не би имале некои траги од детството или пак немора да значи само од детството може и сега некој постојано да те понижува да ти ја намалува цената.Јас се трудам да бидам посилна и да верувам во себе,и еден ден знам дека ке успеам додека понижувачите што ме довеле во ситуација за несамодоверба ке трунат во пеколот.Знам.Само напред!
Сите донекаде сме такви.. Јас го имам истиот проблем, само што јас ја знам причината од каде тој потекнува.. Моите родители никогаш не де подржуваа во ништо, никогаш немаа доверба во мене и отсекогаш мислеа дека никогаш нема да успеам во било што и да е. Многу лошо се чувствувам поради тоа, дури имало моменти кога сум помислувала дека можеби несум нивна биолошка ќерка, моменти во кои сум го доведувала мојот живот во прашање, мојата крајна цел.. И имам слушано дека родителите неможат да си ги мразат своите деца, но јас се уверив во сспротивното.. Имаше еден период кога паднав во голема депресија и траеше цееееели 3години. Неверувам дека некој ден ќе заборавам дека сум живеела во куќа каде што се побарано ми било дадено со сила, но се надевам дека некој ден ќе им го докажам спротивното.. Многу ми е жал, и не би посакала на некој вакво нешто да му се случи..
Откако ми рекоја да бидам самокритична и почнав да си ги гледам мааните се мразам себеси. Непрефекција која неможам да ја прифатам. Ништо не чини на мене, од карактер и однесување до физички изглед. За ништо не ме бива. I'm just worthless piece of s*it and burden on society. Човек во кој најмалку верувам е себеси и често ми се лутат кога не верувам на некој друг, но како би им верувала кога тргам од себе и не си верувам себеси?
Напротив, многу се ценам и почитувам себеси затоа што ако првенствено јас не се почитувам зашто да очекувам некој друг да ме почитува и сака?? така да можеби сум малце нарциш но не сум до степен на вообразеност. Сметам дека сум интелигентна, паметна, убава, згодна, имам добар карактер, не сум манипулаторка итн... Сепак девојки, самодовербата и доброто мислење за себеси е главно денес. Верувајте во себеси и бидете самокритични и нарциси или зумбули зависи што преферирате во граница на нормала и верувајте дека многу поубаво ќе се осеќате и другите околу вас на истиот начин ќе ве осеќаат.
И јас се пронајдов во овој пост. Премногу сум самокритична, во листата на личности кои не ги сакам,не ги поднесувам се наоѓам и јас самата,бидејќи воопшто не се сакам,не сакам да сум ваква,а многу сакам да се променам,но најтешко е кога сакаш да се смениш,посебно во карактер. Но, многу се во право Фемина777 и срценце1607-ако не се почитуваме ние самите,какви-такви,никој нема да не почитува нас,како да очекуваме почит од страна на другите. Се трудам да пронајдам работи за себе кои ги сакам,така си ја подигнувам самодовербата и се трудам барем малку да имам самопочит,но искрено,не е баш лесно.
Лошо мислење за себеси? Никако... Како може да очекувате дека другите ќе мислат добро за Вас ако Вие самите немате добро мислење за себе?!! Сите Вие што спаѓате во категоријата на оние кои мислат лошо за себе потрудете се во секој момент да си помислите - колку сум храбра, колку сум културна, колку сум добра во оваа работа... И секако бидете такви - храбри, културни, добри... Само така ќе успеете самите себе повеќе да си се цените, самите себе повеќе да се сакате... И уште нешто - не очекувајте дека секој ќе Ве пофали за некое добро дело или за добро завршената работа, не очекувајте дека сите луѓе што ги познавате ќе имаат добро мислење за Вас...
Добро, тие што се сакаат себеси нека кажат некој совет за нас самокритичариве Еве, јас не знам како да се ценам и како да се сакам.
Ви благодарам на сите за тоа што одвоивте време да одговорите и да ми дадете совет. И во право сте, ако јас не се сакам самата себеси не можам да очекувам било кој да ме сака и цени. Да бидам искрена би сакала и јас како некои од вас да имам причина за оваа моја самокритичност и до некој степен и мразење на себеси,но немам, би сакала да имам некој да обвинам,но на крајот сфаќам дека за ова не е виновен никој друг освен јас. Всушност мислам и да ме навредуваат и понижуваат други не би ме повредило ничиво мислење колку што ме повредува моето. Исто и секој ден да ми кажуваат комплименти и да ме убедуваат дека сум убава или добра и интересна личност, ништо од тоа не би ми влијаело доколку самата јас не го мислам тоа за себеси. А не го мислам, и да бидам искрена не верувам дека некогаш во мојот живот ќе можам целосно да се сметам за совршена и најдобра верзија на личноста која сум. Но решив на тоа да гледам како на нешто позитивно како на позитивна особина да сакам да се подобрувам,да сакам да бидам совршената и најдобра верзија која би можела да бидам некогаш. И решив да ја искористам оваа моја самокритичност, ако имам физички неубави карактеристики на себеси ќе ги направам убави, ако имам убави физички карактеристики ќе ги направам уште поубави. Исто и за карактерот, сфаќам дека ЈАС и само ЈАС имам можност и избор како да ги сфаќам и прифаќам сите нешта во животот. Да бидам попозитивна, поотворена за онаа која сум едноставно да бидам горда на себеси на тоа што го имам постигнато, на тоа што го постигнувам и на тоа што се трудам да го постигнам. Затоа што тоа не е малку, и не треба да го занемарувам. Знам дека не е лесно и знам дека оваа самокритичност не е особина која се менува лесно и за 1 месец,но сепак самото прифаќање и самото решавање да го надминам овој проблем е доволно добар почеток. И знам дека има моменти кога едноставно се чувствуваме како да сме безвредни,но ние самите треба да создадеме моменти да се потсетуваме колку многу вредиме. Ви благодарам на сите за искрените одговори и знам дека звучи смешно,а можеби и патетично,но ете се надевам дека и јас некогаш ќе се ценам и сакам доволно да можам да кажам дека сум најдобра, прекрасна, згодна и паметна без пред тие епитети да го користам зборот просечно или пак подпросечно.
Многу често ми се случувало ова и многу голема пречка ми било во животот.Да немаш самодоверба тоа е најстрашно нешто,повеќе од тоа неможеш да си наштетиш.За жал други личности ќе обвинам за тоа кои знаеја да ја искористат мојата слабост,а јас да трпам последици сеуште.Ништо нема повредно од нас самите,секој од нас е единствен и има свои квалитети.Секоја личност приказна за себе.Кога ќе видам со какви се будали сум опружена,луѓе со плитки души..па јас сум злато.И ете може тоа не се цени доволно во денешно време ама кој знае ќе процени.И ете ти предност,јас имам нешто посебно затоа и ќе се сакам себеси.Нема да дозволам таквите луѓе лошо да влијаат на мене
Немам лошо мислење за себе си,се познавам доволно,и никој неможе да ми ја симне самодовербата,јас знам дека вредам,дека сум си најубав,најпаметен,најшармантен,просто уживаат луѓето во мое друштво.