1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лош однос помеѓу татко и син

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од besafetested, 29 декември 2015.

  1. Bonus-Kombinator

    Bonus-Kombinator Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам за советот, се надевам дека ќе се среди се. :angel:
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    И требa дa те бoли. Акo не те бoли душaтa тoa знaчи декa веќе си гo прежaлилa и си гo зaбoрaвилa. :)
     
    На Dust, Crna Dama и Bonus-Kombinator им се допаѓа ова.
  3. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Никогаш за родителот нема да се случи такво нешто. Се надевам и вие не ме свативте погрешно со моето мислење. Имајте убава вечер
     
    На Bonus-Kombinator му/ѝ се допаѓа ова.
  4. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.370
    Пол:
    Женски
    И јас имам 17, и можам да сфатам какви бубачки имаме овој период и колку знајме да сме гневни понекогаш со причина или без.
    Види вака, нема идеални и совршени луѓе, сите си имат маани.Не ги одбираме ние родителите ете.И мене многу, многу работи ми сметаат кај мојте, многу пати сум легнувала со плачење и сум станувала потечена во очите, сум била гневна, во тие моменти сум се осеќала дека од толку гнев собран во мене и кола да ме удри таа ќе се скрши на крај.Али пробав да се навикнам дека тие се луѓето, тој е карактерот кој не може да се смени и треба да ги прифатиме. И јас не сум нај идеална, кога си го враќам филмот наназад и почнувам да ги преиспитувам моите постапки кон нив сфаќам дека и јас многу пати сум била лоша и неблагодарна.Сепак, родители ми се и ги сакам.Се навикнав да се понашам во смисла од едно влези од друго излези, и кавгите и препукувањата станаа поретки.
    Друго, рече немаш другари.Пак ќе кажам сите сме различни, али не постои човек кој не може да најде некого сличен на себе со кого ќе се дружи.За секое тенџерче си има капаче.Немој да паѓаш во депресии дека никој не те сака бидејки не е така, едноставно не е и не може да е така.На почеток на средно имав во клас премногу повлечени деца и си велев во себе како ли ќе најдат друштво уста не отвараат.Али ете сега, вклопени си се, полека полека се опуштија и си прават нормално муабет.
    А за сиромаштија не зборувај, премногу ги има(не има).Таква ни е состојбата да живееме скромен живот или во полош случај да преживуваме.Тоа нека ти биде поттик да се трудиш да постигниш повеќе во животот, за еден ден ти и твоето семејство да не се најдете во такка ситуација.
    Биди позитивен и насмеан дури и кога мислиш дека е крај на светот, верувај многу ќе се каеш кога ќе се сетиш дека дел од животот си поминал во нервози.Знам од искуство. :)
     
    На Bonus-Kombinator и Crna Dama им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.759
    Пол:
    Женски
    ќе те погледнат кога најмалку очекуваш..

    .. а тогаш, немој да ги дочекаш со одбивање :)

    Џебот не треба да го гледате на 16-17 год.. кога и сами не заработувате :)
    Гледајте ја чистотата на љубовта..
    Низ призмата на парите ќе гледате целиот остаток од животот..немојте и додека сте деца..
     
    На Mr. Right и Bonus-Kombinator им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Не, не. Тaмaн рaбoтa. Дoвoлнo те следaм низ темиве и знaм декa немaш лoшa нaмерa зa нештo. :)
     
    На Dust и Crna Dama им се допаѓа ова.
  7. Ѕид на плачот

    Ѕид на плачот Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Женски
    Во ранливи години си, не тагувај, се што било -поминало, се што доаѓа- ќе помине... Годините немој во очај и агонија да си ги поминеш, пошто еднаш си само 17 годишен, и секоја наредна година ќе бидеш само за уше една година постар, али помлад никогаш. Затоа само ведро дете и успеси!

    Помогни си на себеси за почеток, дружи се, излегувај, не мисли, спортувај, не се жали, не кукај врз сопствениот живот секогаш... :) Зошто верувај нема да ти помогне тоа многу.
     
    На elimkd и Bonus-Kombinator им се допаѓа ова.
  8. Bonus-Kombinator

    Bonus-Kombinator Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Знам. Те разбирам што ми кажуваш. Ни јас не сакам вака да биде но тоа е, сакал несакал морам сам да си обезбедувам се уште одсега наместо да водам живот како моите врсници. Ајде тоа мора така да биде нека биде, но немам никој покрај себе, ниту другар, ниту роднина ама баш никој, сите ме забораваат а кога им требало нешто никого не сум одбил...Не велам дека сум безгрешен но никому не сум згрешил толку многу за до волку да бидам казнет... :(
     
  9. Ѕид на плачот

    Ѕид на плачот Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Женски
    Не треба да грешиш понекад во животот за да тоа нели, као бумеранг да ти се врати- КАО КАЗНА. Едноставно е, ти не си згрешил, ама ете одбран си да искусиш од животот нешто што многумина и не го имаат искусено. Така што, верувај, баш поради тоа, ти понатака ќе чекориш со крената глава и гордо ќе кажуваш како си се издигнал... За другари и немај гајле, ти само треба да посакаш да ги имаш и толку е, ќе си најдеш некое, ние луѓето навидум сме злоби невероватни, но имаме добри срца и уши. :) Само треба да покушаш. Продолжи да бидеш таков каков што си карактерно, само смени си ги мислењата кон светот.
    Светот и не е толку лош, соочи се со тој факт дека се ова само лоши времиња-периоди, кои ќе поминат. :) И чекори смело. Не паѓај!
     
    На Bonus-Kombinator му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Јас сум во лош однос и со двајцата, и двајцата се ментално болни, секој на свој начин. Ми го посраа детството и адолесцентскиот период но во одреден период од својот живот, некаде после пубертетот сфатив дека мое е да учам, да се трудам и самата да се изборам за своето место. Сега имам 23, имам работа и не зависам од никого. Многу им е полесно на оние со поддршка од дома но животот е борба, ако не сме жилави ќе не докрајчат.
    Учи, надградувај се, биди си потпора самиот на себе. At the end of the day, you're everything you need.
     
    На WildMk, Tanjamm, Mr. Right и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    12.591
    Момче додека ти пишувам се скарав со нашето ментално говедо дома. Ист случај. До сега го понижуваше брат ми пред луѓе. Совет до тебе, грабај од животот. Учи, надоградувај се, спортувај, учи си јазик на пример, сега има многу програми на интернет, не мораш курс да плаќаш. Жал ми е за себе, тебе и сите нас кои не јадат вакви проблеми. Колку уништени животи се тоа. Не се давај. Работи, штеди, тргни на страна. Избегнувај контакти со луѓе кои ти шират негативна енергија. Кај нас такви насилници треба во затвор да одат. Ние сме мизерна држава, со мизерни луѓе, со многу лоши навики. Целото наше општество е труло, а семејствата распаднати и баш од тие причини сакам да ја напуштам Македонија.
     
    На WildMk и Bonus-Kombinator им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    12.591
    Игнорирај го татко ти, гледај што помалку да си со него. Јас за вакви ситуации ја обвинувам државата што не ги штити жените жртви. Кај нас во семејство само еден брачен пар има добар брак, а другите се трпат од зор.
     
    На Bonus-Kombinator и I I им се допаѓа ова.