Од понеделник до петок во 23:55, една од најхумористичните серии во последните години што слатко ќе ве изнасмее, на Канал 5. Семејството Асланови брои седум членови. Баба Хајрије, Ведат и Хатиџе и нивните четворица синови, веќе триесет години живееат на една фарма. Сите, освен најмалиот од браќата Мутлу, си го заработуваат лебот. Горди на своите синови, Ведат и Хатиџе водат мирен и спокоен живот. Гајрет e најстариот син, работи во болница, опседнат e со чистота, симетрија и бактерии. Мурат e началник на полиција, совесен, чесен, секогаш на страната на законот. Умут е новинар-репортер, постојано е во потрага по свежа и бомбастична вест а поради тоа и често се надмудрува со својата шефица Пелин. Мутлу е најмладиот син, без желба за работа, а омилен спорт му е лежењето. Од друга страна е семејството Олгун. Бурџу е разгалена ќерка единица на моќниот бизнисменот Тајфун. Taa не може да си го замисли животот без нејзината кредитна картичка. Живее луксузен живот како од бајките. Но, откако нејзиот татко ќе биде обвинет за проневера животот ќе и се претвори во кошмар. Единствено што татко и ќе и остави е едно писмо. Што ќе се случи кога Тајфун ќе избега, а Бурџу ќе остане без ништо преку ноќ? Ќе успеат ли Асланови да ја задржат куќата во која го вложиле целиот свој живот? Кој е вистинскиот сопственик?? https://fb.watch/dRs547po_4/