Луди седумдесетти е американска комедија за една група тинејџери кои живеат во Поинт Плејс, Висконсин, од 17 мај 1976 до 31 декември 1979. "That '70s Show" го следи секојдневниот живот на 6 тинејџери предводени од Ерик Форман, додека живеат во измисленото предградие на Поинт Плејс, Висконсин. Шесттемина се пријатели од основно училиште, со исклучок на Фез, кој е од непозната земја. Од луксузот и удобноста на подрумот на Форман и Fatso Burger, двата најпосетувани локали за дружење на бандата со колата на Ерик Виста Круизер, бандата дели многу несреќи со своите семејства додека растат и се обидуваат да преживеат во Средна Западната населба во деценијата што ја донесе Америка на колена.Ова шоу пародираше многу од ставовите, настаните и трендовите на 70-тите, заедно со оние кои пораснале во тоа време. Дефинитивно најубавата тинејџ серија што е доста различна од сите други. Секој лик е сосема спротивен од другиот лик но заедно ја градат таа совршена банда.Секој карактер има свои убави и лоши страни, но подеднакво се забавни и ја прават серијата посебна. Ликови: Ashton Kutcher ...Michael Kelso Topher Grace ... Eric Forman Wilmer Valderrama ...Fez Danny Masterson ...Steven Hyde Kurtwood Smith ... Reginald "Red" Forman Mila Kunis ...Jackie Burkhart Laura Prepon ... Donna Pinciotti Debra Jo Rupp ...Kitty Forman
Кога бев средношколка, серијава ми беше омилена. Интересен концепт и забавни ликови. Сите луди на свој начин. Хајд и Дона се дефинитивно the coolest of them all
Одамна сакав да пишам во темава па преѓе @simonna.a ме потсети со предлогот за серија во соодветната тема. Чинам Септември беше кога прв пат ја гледав серијава, овој Септември, годинава. И ја изгледав во рекордно време од 2-3 недели, ама ни излегвав, ни мрднав од пред лаптоп, ни пак спиев. Само гнетев и гледав. Ептен лесна за гледање, па дур се сетев денот свртил. Омилен лик ми е Стивен. Прво ми привлекува физички, и криво ми е што го имаше само краток период со брада. Да би живеела во време каде што се одвива дејството во серијата, дефинитивно тој би бил човек со кој би се гледала. Најмногу се препознав во Ред. Како се снаоѓа на работа, во социјални ситуации, со пријатели. Епизодите кои ги гледав со дечко ми - се смеевме заедно колку сум слична. Особено откако му кажав дека ми се допаѓа како лик. Ми рече дека кога бираме омилени ликови или ги одбираме ако физички не привлекуваат или ако не потсеќаат на некој. Во случајов Стивен на него, Ред на мене. И изненадно многу ја сакав Џеки. Ама Мила Кунис ми значи за една од поомилените актерки така да ... Па од таму омилен пар ми беше убедливо ... : Буквално липав секој пат кога ќе раскинеа и го снимав тој дел со телефон и му го пуштав на месенџер на дечко ми и му липав како раскинале.
Ова ми е една од омилените серии. E: What if there's a fire? R: Well, then I guess you can just light your dope with it, dopehead.
Значиии како е ова возможно да сме толку слични со сето ова што го пиша... И мене ми е омилен Хајд .. значи сакам да се вратам во 70тите, да живеам како нив да има вистинска дружба и пријателства баш вакви .. Ред ми беше закон но повеќе се пронаоѓав во Кити хаха.. И дааа дефинитивно се пренервирав зошто тие двајца не завршија заедно .. најубавиот пар во цела серија
@Kohlensäure последната сезона ептен ја отупија, да беше бар малку подобра мислам дека можеби ќе завршеа заедно. Мислам логиката: Џеки сака да се венчаат, Хајд неќи. Раскинуваат. Нова сезона: Хајд се венчава со некоја шо ја знај краток период. Во најмала рака нека поминеше месец- два и можеа како возрасни да разговараат, нека имаше недоверба, нека почнеа од ново, ама нека почнеа. Имаа одлична хемија, прекрасна врска, ех колку можеше да се поработи на тоа. Уште се сеќавам тогаш кога беше Хајд со брада како се цмокнаа на кревет кога заминаа сите. Абе вриштев дома, а сезони унапред напнував на дечко ми дали случајно ќе се заедно зошто си одговараат. Спојлер: Под вриштење подразбирам:
најубавиот момент ми беше кога за прв пат се бакнаа и Хајд беше како воуууу,а Џекии само рече па добро ние сепак не би одговарале.... D
И јас сум фан на серијата! Омилен лик, Кити. Закон жена. Посветена мајка и домаќинка, нон стоп среден и дотерана со супер смисла за хумор. Вешто жонглира семејство и кариера, посебно кога работеше дупли смени и кога сама го издржуваше семејството... Сакам да бидам и јас како неа. Лик што многу најмалку ми се допадна, дефинитивно Дона. Самата нејзина појава ми беше иритирачка. Мислам дека беше до глумицата. Во 7ма сезона кога стана плавуша и кога ослабна нагло е тогаш ја поднесував но ништо повеќе. Омилен пар, Џеки и Келсо. Најсмешен лик, дефинитивно Фез иако од 5та сезона па до крај го ставив во ист кош со Дона. Ми фалеше ликот на Лори, ми беше интересна нејзината појава. И врската брат/сестра со неа и Ерик ме потсети на истата со мојот брат хахах. Многу интересна серија стварно, последната епизода Кити кога се поздравуваше со сите ме растажи ептен. Еве сум јас во моите 50ти.