Дечки абе не е сѐ во убавината, битна е душата Мене ми е шармантен, срамежлив, искрен и тоа е многу по битно(во филмот зборам). За разлика од него, плавион е по убав ама карактерот Нехир повеќе ја цени книгата од Назим отколку накитот(што мислеше плавион дека трча по пари, била иста како сите девојки) и баш ми е мило што е така. Тоа многу кажува. Едвај чекам утре нова епизода
И јас велам не е се во физичкиот изглед и не е најважен... Ама со Нехир ич не си одговараат и премногу млада е за него... На пример во Тажна жена беа совршен пар со Бахар без лузната ама исто ќе беа и со лузната си одговораат ептен и по години и по изглед се..
Ај да речеме 10 год се разлика во љубовта нема години Малку забегале дека он е толку постар, ама ај биднало
15 год се разлика актерите. Не е којзнае колку, не оти е врсник со татко и. Дека проседен, изгледа постар. A тука во серијата не знам колкава разлика глумат, не гледам.
Овој плавион всушност се вика Тарик а тој постариот Назим така? Девојкава Нехир како ќе ги измами? Ја има гледано некој серијава?
Втората епизода беше многу подобра од првата. Непланирано ја изгледав после полноќ, чекајќи ги Браќата.
Да, ич нема хемија меѓу глумците и ич не си одговараат,. Некако резервирано глумат, се гледа дека не им е баш пријатно како пар. А и Тарик некако млитаво ми глуми. И малку ликови има, се околу нив се дешава. Ми се допадна тоа што се запознаа преку интернет, прва турска серија со таква тематика, но мислам дека изборот на глумци е утнат...
Овој глумец игра во друга серија но од истата продукциска куќа како и оваа Лузни. Таа серија моментално е многу популарна во Турција, нејзината тематика е невообичаена за турска серија и е многу поинакна од оваа. Мене ми се допадна новава серија , само некако актерскиот тим по мене не е соодветно биран.