Ох, по ѓаволите, повторно ги изместија термините. Којзнае ноќе со репризите како ќе биде. Убаво си гледав по 00.00 без никакви реклами Лузни, па Браќата, па си легнував.
Браќата ќе ти биде во 20 часот. Лузни во 21, Забрането јаболко во 22, Ќерката на амбасадорот во 22:40.
Дали знаете каде може да се купи комбинезон каков што носеше Нехир во вечерашната епизода, дали сте виделе некаде?
Сепак биле маичка и пантолони, вчера не се гледаше и мислев дека е споено назад. Криво ми е за Назим зашто Нехир уште е заљубена во петлето.... нели гледа колку е самобендисан и различен од тоа што го читала на интернет? Во фаца му се познава дека изводи нешто.
Утнав една епизода и не сфатив како овие од хотелот дознаа дека овие се измамници и им пуштија полиција? Нели некоја забава правеа, па ги викнаа.
Емотивци гуглај, пиши Барај и ќе ја најдеш. Не кочи, мислам поназад имаше линк прикачено од некоја членка. Едит: точно на првата страна.
Некој што гледал да каже дали стварно Назим и е татко? Многу чудна е женава се гледа дека нешто лаже.
Да, Назим е таткото. Малку подоцна во серијата ќе се изгуби и мислам дека веќе нема ни да се појави женава.