Трупот го пронајде Среќник, кучето на Назим копајќи позади куќата. Потоа дознаа сите, а Назим го наместија за неговото убиство. Одлежа 5 години од 25, сега е на слобода и крои планови за одмазда.
Нема шанси да не отвора.Отвори го линкот, потоа епизодата избери, почекај неколку секунди и ќе отвори
Хакан е психопат, но Нехир сама е виновна. Кога виде дека човекот ја следи, требаше да се дистанцира од него, но не, таа и Зерин трчаат по пари. Ете им пари сега. Убаво и кажа Назим, него го затворија, а таа се омажи со неговиот пријател и сега доаѓаа да се правда, го наместиле. Него се му е јасно, и затоа сега сака да ги израмни сметките со сите.
Сега само глупавите епизоди ќе доаѓаат на ред. На крај не се знае кој што правел. Оваа само арно направи, на Тарик клоца што му даде .
Ем шуто, ем боде оваа Нехир. Со сите непријатели на Назим се омажи. Уште Ибрахим е на ред хахах Добро што Фулија се спаси од Тарик. Она имаше некое господско држење, не ја личи во опкружување на овие.
Нехир е манипулаторка. Не заслужува љубов и внимание. Негативен лик. Уште и вели на Тулај дека Мерт и е внук, а тоа не е вистина. Ќе се одмазувала. Тарик е ист како неа. Мајка ми па вели Тарик ја сакал сакал Нехир и со пари и без пари. Како да не, затоа на погреб прво што ја праша што ќе прави со фирмата. Нехир не го заслужува Назим, колку и да се однесува тој сурово. Добро, тој ја сака Бахар или сака да си игра со неа? И да ја мами, и таа си го заслужи, дозволи невин човек да оди во затвор, затоа што не се спротивстваи на брат и.
И мене ми стана одвратна. Класична, проста, курва без осет за другите. А Назим зошто е љубоморен? Тој претходно имал жена која го изневерува и е од интерес, така што и тој не знае кај тера. И многу се провидни сериите, мислиш дебили водат фирми и прават пари, без грам школо. Во сите серии, се нешто акции, хуманитарни здруженија, жени кои во фирмите одат облечени како проститутки. Друго, кога гледаш вака си велиш „добро бе имаат ли правен систем, оти едни невини завршуваат во затвор, а други се спасуваат нон стоп“. Смешки. Хакан го погребуваат, и таа за неколку часа го наследува човекот. Како да не.