здр...пред некој ден се исончав многу и изгорев на сонцето и сега се ми помина но кожата почна да ми се лупи и на тие места сум побела да не знае некој, некаков лек?
пробав со Контатубекс да се мачкам за да избледеат лузните кои ги имам(фармацефтка ми препорача) ама гледам дека не помага, а користам и Еуцерин анти-еиџ спф 30 плус УВА за заштита на козата, ама гледам дека фајде нема, па да ми се потроси кремата и тестерите од Еуцеринпланирам да си отидам на еден преглед кај дерматолог
Имам белези на ногата и една лузна веке две години после сообракајка,имав огреботини и некои белези од падот но изчезнаа некои а тие на ногата си стојат не дека ми сметаат не се којзнае колку големи но сепак би било поубаво да ги немам,дали знае некоја како да ги отстранам зосто сепак поминаа две години и веке се зараснати има или нема санси? благодарам
да контатубексот треба да се користи 2 до 3 месеци за да има резултати мора да се потрошат 2 до 3 креми па од едно никогаш ништо не бидва така?
Женски, ми треба некој '' домашен ''лек за изгореници од сонце. образите ми се вжарени како лути пиперчиња што знаете кажувајте, неможам да испаднам до надвор од срам
Изгореници од сонце Стави јогурт или кисело млеко, тоа ја апсорбира топлината знам. Пробај, мене со тоа порано како дете кога ќе изгорев мајка ми ме мачкаше
Знам дека побара домашен лек,но јас би ти препорачала крема Јекодерм,одлична е за изгореници од сонце.поззз
само што гадно мириса на некое си расипано масло од риба ама не си свесна колку гадно е сеа домашен лек знам дека збореа помагало да се намачкаш кисело млеко или јогурт ( не сум пробала ) додека пак во убавина и здравје го прочитав следново 1. иситнете овесни снегулки, исушена камилица и зелен чај ( антиоксидантно дејство) најверојатно можеш да истуриш филтер кесичка 2. иситнетата смеса ставете ја во чинија прелијте ја со малку топла вода и направете погуста паста 3. Со оваа паста намачкајте памучна газа 4. газата врзете ја во вреќичка 5. вреќичката нежно притиснете ја на загрозеното место или спуштете ја во купка со млака вода ( немам до сега вакво искуство и не можам да ти кажам што помага највеќе но сепак се надевам дека помогнав )
Па размислував и на таа варијанта но незнам како се цените изгледа само на тој начин ке ги отстранам во странство се многу скапи ваквите третмани да не знае некоја колку се кај нас во мк цените?
Имам поприлично голема лузна од исеченица од пред еден месец, дали е касно да почнам да се мачкам со контратубекс? Колку пари е кремата и дали се купува со рецепт или може онака?
Мене ми ја даде сестра ми, може и без рецепт са се купи, знам само дека била така малце поскапичка, не ја знам цената. Ама не ми помогна, може мојава лузна е поголема од твојата , плус и шиена сум, имав три конца, џабе мачкање, пак се познава.
Јас имам на раката и над веѓата пробај со пудра ама лузна тешко дека се покрива. Рекламираат на топ шоп една пудра што покрива се и флеки и пеги и бенки но дали тоа помага не знам немам користено
Контратубекс кога ја купував беше околу 550 ден.И јас ја користев околу 3 ипол месеци, но немаше сеуште видливи резултати,па престанав да ја користам.Мене ми беше и раширена операцијата, а и на незгодно место е.А за со ласерско отстранување ако знае некој нека напише.
Вака во 24 часа здравје она списанието што следува со Вест во понеделник има скоро секогаш една страна со производи од Зегин што се со попуст.Во минатиот број баш сега видов има медицинска крема за отстранување на секаков вид лузни стари десет дена или 1о години( вака пишува а колку е точно нз). Кремата се вика Scar Zone и има 10 % попуст и кошта 865 ден. со попустот. Колку што можам да видам пишува дека ги омекнувa, измазнува и минимизира лузните било да се од операција, повреда, изгореница, акни и стрии и исто пишува загарантирани резултати Видете на гугл reviews или па консултирајте се со некој дерматолог..
Да и јас ја забележав оваа крема Scar Zone и се мислам помеѓу неа и Контратубекс? Пред 3 недели се изгорев од восок на раката и доста длабока ми беше изгореницата, еве дури сега почнува да се затвора, и сигурно ќе ми остане белег.
Девојки денес почнав да ја користам ЛАЛА кремата и дневна и ноќна и сакам да ми кажете колку пати на ден се користи дневната крема? И за колку време има видливи резултати? Ви благодарам однапред