И јас си имав изгореница од врело кафе ми падна на нога, па ја мачкав со мелем, имав и флека ми стоеше одреден период и исчезна.
Јас имам на очниот капак и на челото веднач под косата лузни Спојлер не од друго од што сум била многу мирна но мене не ми смета ги покривам така со пудра и не се познааваат толку
Слушнал некој за смрдливата маст од невен? Мене ми ја препорачаа, поточно веќе и ја имам дома, па некое искуство?
Се цитирам за да кажам дека гледам некои резултати од маста. Не ја користам често, до сега дали имам ставено 5/6 пати, но гледам дека почнала операцијата да ми избледува. Сега ми донесоа и лосион и маст за мачкање, па и од тоа и од тоа ќе се мачкам и се надевам дека за брзо време ќе ја снема.
Probaj so Melascreen krem od Avene... toj go koristev za temni damki od mozolcinja i pigmentacija medju gradite... go ima vo aptekite i e okolu 1500 do 2000 denari, ama dosta pomaga... go koristev mesec dena i mi pomogna.... a za aknite moze da ti pomogne i Pnteksol vo sprej [mod-kirilica:3c0hkyvw][/mod-kirilica:3c0hkyvw]
Знаете ли колку чини хемиски пилинг за флеки од акни? Би ви го препорачала ова, за цената не сум многу информирана ама една пријателка на мајка ми имаше лузни и флеки на лицето како кратери и беа и со два третмана лицето и е одлично.
SlatkichKa123 во која ординација ги правела третманите пријателката на твојата мајка , си патам и јас од иста мака , те молам на брз одговор , и поконкретно за каков хемиски пилинг станува збор , некои мислат дека хемискиот е ист што и пилинг со овошни киселини , што благе везе нема .. ако сакаш пиши тука или во приватна порака , и за цената не е лошо да не информираш , Поздрав
Јас имав изгореница на раката,и ми помина со мачкање на Кантарионово Масло Сега воопшто не ми се познава.
Луѓе давајте совети за изгореници. Какви облози да ставам? Вчера бев на базент и изгорев и покрај тоа што ставав млеко за сончање. Имам многу чувствителна кожа и бела сум ептен!
Облога со кисело млеко, или обично млеко со коцки мраз. Јас на изгореница од пегла имам ставано мед и ми помогнало. Јаболковиот оцет исто така помага. Еве тука повеќе информации: http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 1%86%D0%B5
Јас пак имам некакви си дамки околу устата, некогаш ми се поизразени некогаш не. Со пудра се прикриваат но би сакала да знам како може да исчезнат. Бојата им е кафеавкаста некои се поголеми некои помали. Инаку сум со потемен тен. Се си мислам дека ми е од акни, но не знам точно. Да ми препорачате нешто за флекиве/дамкиве, природно?
Девојки на депилација ми падна восок на ногава, малце, ама ме изгоре малце, ме печеше и сега ми се направи како плик и внатре има водичка (или шо и да е) и така ми е подуенко малце. Шо да го мачкам, оти сум на одмор, а не сакам да го стистам да истече да не ми остане лузна, ама па незнам вака до кога ке ми стои. Го мачкам тука со здраве и кантарион, ако знаете нешто кажете да се намачкам да ми помине побрзо. Фала
Денеска си купив еден шампон-Реконазол...тој е за првут-медицински е. Како и да е на упатството пишуваше дека се користи и за дамки односно од сонцето и нели кај некого по телото остануваат дамки и се мачка изглеа со овоа и така... Така да прашајте си во аптека бидејќи таму се купува.. А искрено...многу е добар...бидејќи уствари лек е
за изгореници од сонце еве ви еден лек мене ми помогна пробајте и вие во едно тенгере ставете поладна вода и истурете сода бикербона во него една кесичка и мачкај те се со смесата нон стоп на изгорените места околу пола саат или саат време после тоа изтуширајте се со млака накај ладна вода и ке ви помине жестината
Jас имам 2 лузни на фацата и тоа Hикогаш и не сум им се замарала. Eдната ми е под брадата, голема и бела, никогаш ја немам допрено брадата, зашто многу се осеќа, и ме ежи. Hе се гледа, затоа што кажав дека е под брадата, имав паднато врз камен од височина како мала и цела брада ми се отвори другата ми е до окото, големка е, не е бела туку како дупка, исто од кога бев мала, многу скокав, и паднав на ивицата на масата, и ми се отвори кожата таму, среќа без око што не сум останала. HE сум размислувала нит за лек, нит како да ги снема, не ми се комплекс, и не им се замарам ни најмалку, така да тоа е што е жени, некој има стрии, некој лузни, ама како и да е, не гледам причина зашто да им се замарате
Цела се исфлекав на рацете од сончањето, ама сеа ми се средува. Иначе лузни имам 100 од моето куче кое веќе не е мое, партал ме напраи Спојлер Не сум здрава, денес се наопаку читам, прочитав луксузни флеки, изгореници и си викам, како бе луксузни